Еве веќе една недела сум во Дубаи, и од тоа што го видов, вака стојат работите
Во хотелот каде што работам, појадокот чини ( за оние што не се гости, т.е walk ins ) е 135 дирхми ( 1.700 ден ), пијалоците во маркетите се ефтини, соковите како пепси, фанта, кока кола, се по 1.5 дирхми ( 20ден ) * одсега цените ќе ги пишувам во денари *, пиво во паб/бар ( зборам за кригла ) е 320ден, коктелите се по 500ден. нес кафе ( ќесичките што се ) се по 20ден, стекот се продава по 500ден кг, овошјето ( банани, манго, портокали ) се по 60ден кг, цигарите почнуваат од 75ден. за нивни брендови ( како Esse Aura и сл. ) или Marlboro'то што јас го купувам е 120 ден.
Таксито е џабе, скоро ич
4 км, 150ден. Ако ве носи пат навака, ОБАВЕЗНО извадете картичка за метрото, бидејќи метрото е малку поскапо доколку вадите дневна карта .. Интересено е, дека сите се Филипинци, Индијци, Пакистанци, а многу се дружељубиви, сите те поздравуваат кога се разминувате ( зборам за на работно место ) иако не те познаваат ..а тоа дека се гадни, или било што не е точно ..баш се фини луѓето, само имаат една маана ..готват со многу зачини, па ходниците во зградата каде што сме сместени мирисаат на запршка, кари и сл.
Друга работа, е храната ..Мноооогу е зачинета, првата вечер порачав Chicken curry во хотелот, и беше толку зачинета, и лута, што неможев 3 залчиња да изедам .. Не велам дека нема незачинета храна, има, туку не е толку вкусна како другата
Нешто повеќе за климата, што можам да ја опишам со 1 збор: ПЕКОЛ !!! Значи толку многу е топло, што не се дише, ама од друга страна, се е климатизирано ( автобуси, такси, постојки, шопинг центри и сл. ) првата вечер кога стасав, кога излегов од аеродромот, фотоморгана имаше пред мене ( а беше околу 18:00 часот по македонско време ) се чекирав во хотелот, отварам weather information's, во 01:30 оно 36 степана
.. Мислам, hello во пустина сме, мора да е топло
Сместување: Доколку добиете работа, не очекувајте дека ќе живеете во градот, далеку од тоа
околу 70% од луѓето кои работат во Дубаи, се сместени во населба, наречена DIP ( или Dubai Investment Park ) развиена од страна на шеикот Мохамед Бин Рашид. Е ова е буквално во пустина, погледот кој го имам, е песок, песок, палми, and oh wait, уште песок
Не велам дека е лошо, напротив, средено е топ, единственето нешто што ни фали е базен
Друго се имаме, теретана, кафетерија, интернет кафе, перална/сушална, фудбалско игралиште, терен за кошарка и се друго
Интересно е, што и менаџерите во хотелот, живеат овде
Едино, само оние high end bo$$es живеат во згради во градот
Собите се средени 5ка, и комплетно опремени ( двосед, тросед, маса за кафе, трпезариска маса, кујна со сите елементи, па дури и приборите за јадење ни се обезбедени ) имаме посебно WC, посебна спална соба, и дневен престој со кујна. Е сега, има и огромни станови, во кои живеат по 6-8 луѓе, значи таму имаат по 3-4 спални соби, 2 WC и сл.
Знам дека ќе има коментари од типот " премногу е долго за да читам ", ама ова верувам дека ќе помогне некому
..Доколку ви излезе шанса, прифатете ја, ако не друго, барем ќе го видите Дубаи во право светло
Ако се сетам на уште нешто, ќе дополнам, доколку имате прашања, feel free to ask