Никој не се чуди поради тоа што е далеку поедноставно за објаснување.Ќе пробам со прости зборови да ја објаснам разликата.
Нападот на Тир траел 7 месеци.Градот се простирал на копно,остров (сега полуостров) и уште неколку мали островчиња.Нормално кога дошол Александар прво побарал да му ги отворат портите на градот.Одкако одбиле без многу проблеми го уништил градот кој бил на копно, но делот од градот во морето бил поголем залак.Островот продолжил да оддолева на нападите од бродовите.Поради геостратешката положба на градот,а и репутацијата на Македонската армија одлучил да го порази по секоја цен.Така Александар се одлучил да изгради копно до самиот остров.Островот бил оддалечен од копно 1600 метри.Така да патеката што ја изградил Александар е долга 1600 метри и широка 8 метри.Разликата со Кеопсовата пирамида е огромна.
Само плоштината на првиот ред од Кеопсовата пирамида е повеќе од дупло поголема од патеката до Тир.Поточно плоштината на Кеопс изнесува 65 025 м2 додека Тир 28 800.
Со оглед на тоа дека насекаде околу островот Тир има многу мали островчиња, длабочината на водата (на средина на патеката) не верувам дека е поголема од 40 метри.Значи волуменот на материјалот употребен за патеката не е повеќе од 1 152 000 м3 за разлика од Кеопс кој има 2 500 000 м3.
Тир на Google Earth и островите околу него.
Прегледај го приврзокот 34719
Друга разлика е што Александар имал камења во изобилство од разрушениот град на копно,кои не им требала ни обработка нели.
За разлика од Египќаните кои ги носеле од стотици километри и секој блок морале прецизно да го обработат.Прочитав негде дека Александар во еден момент (најверојатно нервозен) им наредил на Македонците да фрлаат земја и прав во водата.Значи за разлика од Кеопс со безброј чуда во неа,ова можел секој да го изгради без некое посебно градежно знаење.Ден денес има безброј камења по плажите на Тир.
Камења -Тир
Прегледај го приврзокот 34722
Прегледај го приврзокот 34723
Прегледај го приврзокот 34724
Google Earth координати - 33°16'17.93"N 35°12'8.15"E
Значи немаше никого да чуди ако Египќаните направеа планина со песок висока 150 метри од песокот во Гиза.