Пума, слегни од црешата и не паламудај.
Да те воспитувале твоите како јас ги воспитувам моите, сега немаше да какаш наоколу. Јас во живот немам кренато рака на дете, нема ни да кренам.
Гушкај се повеќе, тебе ти треба љубов
Немој да лажеш Наташке, не лижи кај што си плукнала

Не знам како си ги воспитуваш децата, ниту па ми е гајле - јас само го кажувам тоа што ти веќе го имаш кажано
--- надополнето: 1 септември 2013 во 02:23 ---
PurplePuma, жити мене кај виде дека реков мораш да имаш деца?
Општо за мене зборовував во сите мои досегашни постови, незначи дека ти наметнувам мислење или те терам да раѓаш побогу, јас кажав како гледав пред да имам деца, а како сега кога ги имам, друг филм, колку ти и Ванлок да мрчите и да должите со постови јбга, ваш живот, ваше право, сакале се размножувале сакале не, поентата нема да ми ја сватите, и мене ми пречат деца кои урлаат фрлаат што ќе им стигне, и што можеме да смениме, верувај ништо, осем да се испокараш со нивните родители (што ми се случило мал миљон пати), ми било криво како може да седи моето мирно и да слуша, а овие да си играат таквото на сред пицерија. Секат ке се вадат на тоа дека имало хиперактивни деца и истите треба да се толерираат, а овие што си ги учел дома и што си ги ставал под режим и контрола ке си ќутат, оти они нели не се хиперактивни..
Бескрај е темава.
Не рече дека морам, ама рече ,,еден ден кога ќе ги имаш,, - од такви претпоставки едноставно нема потреба.
Хиперактивноста кај децата е индикатор на можни посериозни проблеми, и наместо некој да се ,,вади,, на тоа треба да проба да се информира што се случува со детето.
Нормално е едно дете да биде поактивно, од причина што не работи и треба да си ја потроши енергијата, но ресторанот не е место за трошење ничија енергија, а детската нормална енергија би требало да се троши на друго место
--- надополнето: 1 септември 2013 во 02:25 ---
Ќе ти кажам само дека јас моето дете не практикувам да го носам често по игротеки освен кога морам и кога немам друг избор. Колку и да изгледаат средени и чисти истите, кога подетално ги видов играчките и нивото на хигиена, верувај ми се згади....плишаните играчки не се ама баш никогаш исперени и наместо бели станале сиви, а сигурно поминале низ милион усти и рачиња, исто и со пластичните играчки, а да не зборам за подовите и прашините, така да престојот на моето дете во игротека го сведувам на минимум, од здравствени причини.
Ете , тој одговор можам да ти го дадам.
А јазикот не си го гризи, муабетчика си, ќе ти треба.
А сериозно мислиш дека подот во ресторанот е почист од играчките во игротека?
Најозбилна сум.
Хигиената е чудно да ти биде изговор за носење на дете во ресторан, освен ако детето не седи мирно на маса и се што допира се сведува на масата, чинијата и чашата.
Ако детето седи на стол, и ги допира предходно наведените, како ти се пронајде во родителите со улави деца?
Ако детето се влече по земја, било која игротека и сиви мечиња сигурно се почисти него просечен под во ресторан.
--- надополнето: 1 септември 2013 во 02:28 ---
Ало бре седнуваш у кафана,кафич,ресторант било каде џукели ти трчаат околу тебе и лаат, па се наоѓа и такви шо лингурите у рацее ги држат и ги галат за полесно да се разлетаат влакништа.
Деца им сметале
Сметаш дека е нормално џукели да трчаат во ресторан?
Јас сметам дека е одвратно, иако немам против заедно да јадам од иста вилушка со моето куче.
И за овие кои ги наведе, се согласувам и сметам дека треба да им биде покажан излезот.
Ресторан/кафиќ не е место за кучиња, биле пинчови или шарпланинци.
--- надополнето: 1 септември 2013 во 02:35 ---
ИНАКУ
Он: денешен, свеж пример за нормални н ненормални родители
Пример бр. 1: Седат на маса два пара родители со 4 деца. Возраст на децата, најмалото да имаше 3-4, најстарото не повеќе од 10. Децата се качуваат по столчиња, скокаат по сепариња, расфрлаат се на секаде, се влечат по земја, вриштат, пречат на се живо околу себе, останати гости почнаа да реагираат. Едното дете беше рашлакано од мајката. Во сред кафич.
Пример бр. 2: Родители со две деца. Едното максимум 1 година, во количка, другото не повеќе од 3. Тоа во количка заплака, мајката ОДМА го зема и го смири. Постарото девојче, проба да ги качи нозете на сепаре, родителите веднаш ја опоменаа дека така не се седи во кафиќ, и кажуваа потивко да зборува, притоа без тие да се развикаат и да ја испокараат. Со трпение ја учеа како треба да се однесува културно.
На бебето требаше да се смени пелена, мајката праша дали имаме некаде место за пресоблекување бебиња, ако немаме да оди до кола.
Затоа што се однесуваше човечки и дозволивме да влезе во внатрешниот дел од кафичот и да го пресоблече детето, немаше муштерии таму.
Пример број 3: Возрасни, ебано возрасни луѓе. Жената си ја качи ногата на маса. Онака, да си ја одмори.
Guess what?
Беше замолена што поскоро да го напушти локалот.
Не е важно дали си уморен, ти се спие, ти се плаче, ти се смее.
Однесувај се нормално и цивилизирано.