Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.278
Кога Херодот бил во Египет, тамошните свештеници му ги прочитале написите и записите за пирамидите:За Гиза праиме муабет ..
Кои стари Египјани ... од кој период ..
И? Велеле ли пред 2-3000г се чуделе ли ? Ако не дај записи да видиме каде се најдени шо велеле .. нивни биле затоа шо биле на нивна територија и никој не вели дека можеби нивни предци не ги граделе .. но дали во 2500г?
124. Рекоа дека до кралот Рампсинит во Египет вледеела крајна справедливост и дека Египќаните живееле во благосостојба, но по него, кога со нив завладеал Кеопс, се нашле во крајна беда. Тој откако нејпрвин ги затворил сите храмови и забранил да се принесуваат жртви, заповедал натаму сите Египќани да работат за него. Едни ваделе камења од каменоломите во арабиските брда, а оттаму ги влечеле се до Нил. Откако камењата ќе ги натовареле на бродови на реката другите морале да ги преземат и да ги превезат до гората што се вика Либиска. Во секоја смена а тие траеле по 3 месеца работеле по сто иљади луѓе. Десет години му требало на измачениот народ да го изгради патот по кој потоа ги влечеле камењата, зашто таа била работа , според мене, не многу помала од градењето на пирамидата. Во тоа поминале десете години и во градењето на платото на кој седат пирамидите и во подигањето на приземните простории, каде што, откако заповедал да се прокопа канал од Нил, на еден остров направил гробница за себа. На градбата пак на самата пирамида се потрошени дваесет години. Секоја нејзина страна е долга осум плетари, и е четриаголна со висина иста како страните. Направена е од делкани камења, меѓу себе изворедно сложени. Ниеден камен не е помал од 30 стапки.
125. Таа пирамида е направена како скали кои некои ја викаат басамци а сруги столбиште. Откако го направиле првото скалило, натаму друготе камења ги кревале со направа која се состоела од кратки дрвени греди, ги кревале од земјата дп првиот ред скалила. За да се постави каменот на него тој се ставал на друга направа, што стоела на првиот ред а оттука до второто скалило се влечел пак со друга направа.......................
Херодот Историја (книга Евтерпа) 5ти век пред нашата ера
Дури потаму е запишано колку и чинела изградбата на пирамидата.