Конфликтот во Сирија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
@jamajka
Како ќе го аргументираш израелскиот воздушен напад во Латакија кој се случи во јули и кога беа уништени скоро сите(се верува дека неколку ракети се останати) противбродски ракети од типот P-800 Oniks и кои евентуално ќе беа главен адут на сириската одбрана во нападот кој претстои?Како овој напад му помогна на режимот на Башар и напредокот на САА на теренот ќе можеш ли да елаборираш?
Колку за информација која ја има во линкот што ми го прати вика вака:...While the warehouse was destroyed, American intelligence analysts have now concluded that at least some of the Yakhont missiles had been removed from their launchers and moved from the warehouse before the attack.

Не може никој да го елаборира тој напад, освен тој што го извршил. Тоа што го зборев, не е некој факт, туку мое размислување.

Тоа размислување се должи на неколку факти.
1. Еврејското население во Израел во огромно мнозинство е против паѓањето на Асад на сметка на бунтовниците.
2. Ќутењето на Сириската ПВО, за разлика од експресното соборување на Турскиот авион.
3. Вмешаноста на Хамас од страната на бунтовниците.

Интересно е дека со Исламската револуција во Иран, Се случи одалечување на Иран со Израел, кој дотогаш важел за најголем пријател на Израел во муслиманскиот свет, а таа негова улога за земала Турција. Во денешно време, после инцидентот со Турскиот брод во 2010, некои работи се изменија. Па така Курдите добија воена помош од Израел, Хезболах престана да го подржува Хамас (Турција почна да ги финансира). Хамас воено се ангажираше против Асад, додека Хезболах за Асад.

Кога на ова ќе се надодаде и приближувањето на Израел со Русија, преку разни взаемни договори за воена технологија, раздвижувањето на Израелските фондови, кои во поново време своите инвестиции се повеќе ги насочуваат кон Русија. Се добива впечаток дека е можно затоплување на односите со Иран.

Е сега вистина е и дека во Израел има политичка структура која бутка во војна (Нетањаху), но вистина е и дека Нетањаху ја губи својата поддршка не само во Израел, туку и од Евреите ширум светот, кои се генерално против оваа интервенција.

Но како и да е, колку и да сака некој да прикаже така, Евреите не го владеат светот. Криминалците и воените профитери не познаваат ниту вера ниту нација.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Ја не знам кој нормален верува уште во приказни со Ал каеда,инаку за овие белосветски нато-лешинари налетав на еден цитат кој ги опишува најдобро-"Разарање, покољ и отимачину лажно називају империјом, а где створе пустош, то зову мир."
Или на македонски... Крв,пари,гласачка машинерија...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.135
Тоа размислување се должи на неколку факти.
1. Еврејското население во Израел во огромно мнозинство е против паѓањето на Асад на сметка на бунтовниците.
2. Ќутењето на Сириската ПВО, за разлика од експресното соборување на Турскиот авион.
3. Вмешаноста на Хамас од страната на бунтовниците.

Не можеш да формираш мислење само на овие факти, бидејќи може да бидат и чисти случајности. Фантомот се приближи доволно за да светни копчето за опасност кај Сириската ПВО, па реагираше, Израелците стрелаа далеку надвор од Сириски воздушен простор, а влијанието на Хамас е скоро никакво во војната.

Инаку, е повеќе од јасно дека Израелците си го сакаат Асад како лидер на својот сосед заради тоа што е многу добар спрема нив (не мафта со сабји заканувајќи се).
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Човеков не предупредил уште пред 60 години.
Сега се случува токму тоа од што се плашел.
 

$korpion

MusicProducer
Член од
14 април 2009
Мислења
252
Поени од реакции
90
После поразот на Камерон во парламентот , Британците се откжаа од воена интервенција во Сирија.
Америка за прв пат послсе инвазијата на Панама ке треба да оди во војна без подршката на Лондон.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Колку за информација која ја има во линкот што ми го прати вика вака:...While the warehouse was destroyed, American intelligence analysts have now concluded that at least some of the Yakhont missiles had been removed from their launchers and moved from the warehouse before the attack.

Не може никој да го елаборира тој напад, освен тој што го извршил. Тоа што го зборев, не е некој факт, туку мое размислување.

Тоа размислување се должи на неколку факти.
1. Еврејското население во Израел во огромно мнозинство е против паѓањето на Асад на сметка на бунтовниците.
2. Ќутењето на Сириската ПВО, за разлика од експресното соборување на Турскиот авион.

Не можеш да формираш мислење само на овие факти, бидејќи може да бидат и чисти случајности. Фантомот се приближи доволно за да светни копчето за опасност кај Сириската ПВО, па реагираше, Израелците стрелаа далеку надвор од Сириски воздушен простор, а влијанието на Хамас е скоро никакво во војната.

Инаку, е повеќе од јасно дека Израелците си го сакаат Асад како лидер на својот сосед заради тоа што е многу добар спрема нив (не мафта со сабји заканувајќи се).

Jamajka i Human, народот е едно, а ционизмот друго.
Ако Сириската ПВО ќутела, тогаш овие не ќутат.



Following alleged sarin attack || Defense Minister Moshe Ya'alon: Assad used chemical weapons multiple times in Syria

But Western experts are skeptical that nerve gas was used Wednesday, and describe other viable scenarios.

By Gili Cohen and Anshel Pfeffer | Aug. 21, 2013 | 10:44 PM |
8

Defense Minister Moshe Ya'alon said Wednesday that the Syrian regime has used chemical weapons multiple times in its conflict against rebel forces.
Speaking at a press briefing to military correspondents, Ya'alon responded to reports that non-conventional weapons were used in an attack on districts east of Damascus Wednesday morning. While he did not specifically relate to the morning's reports, the defense minister said, “The civil war in Syria is continuing, with one hundred thousand dead, and, not for the first time, the regime is employing chemical weapons. This is a life-and-death struggle between a regime representing the Alawite minority and a disunited opposition. The end is not yet in sight, and even the fall of [Syrian President Bashar] Assad would not end this conflict.”
Извор: Израелскиот весник Хаарец.

Јамајка, ти си можеби единствениот што упорно тврди дека уништувањето на Сириските анти-бродски ракети од страна на Израел, е од корист на Сирија.:facepalm:
Браво.(y)

И да, Асад никогаш не мафтал со сабји, но затоа Израелциве гледам се размафтале нешто...


Defense Minister Ya'alon: Whoever tests Israel will be confronted with might of IDF

Ya'alon says world understands 'axis of evil' stretching from Tehran to Damascus; IDF Chief: Army will carry out duty to defend state of Israel.
might of IDF.....

Добро... Само да не е таа "Моќ" на Израелските сили за напад што ја видовме во 2006 против Хезболах:)

И пак некои 'axis of evil' - Оски на злото спомнуваат, од машина за клонирање да не ги вадат овие фаци?

Израел сам си се пика во гомна, и после плаче пред цел свет дека има право да се бранел...
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Не можеш да формираш мислење само на овие факти, бидејќи може да бидат и чисти случајности.
Случајностите ја чинат сликата. А впечатокот што го остава таа слика е доста збунувачки, дури и за добрите познавачи на блискиот исток. Не можеме да споредиме со случувањата во Либија и Египет, зошто таму имавме чиста ситуација, која отпосле се комплицира. Во Сирија целата ситуација започна доста комплицирано, а се случија драматични пресврти, во моменти кога се мислеше дека Асад е готов. После 2 години ситуацијата на теренот е кристално чиста. Бунтовниците ја губат војната.

Евентуалните напади на НАТО, нема да им го врати моралот па дури и режимот на Асад да падне, за брадите нема плодна почва во Сирија. Евентуално представува опасност хемискиот арсенал, кој е можно да биде разграбан и употребен од познати терористички групи низ Европа.

Фантомот се приближи доволно за да светни копчето за опасност кај Сириската ПВО, па реагираше, Израелците стрелаа далеку надвор од Сириски воздушен простор, а влијанието на Хамас е скоро никакво во војната.
Хамас е само еден дел од сегментот на светата војна, која се води против неверниците. Таа света војна е насочена првенствено против, како што ги нарекуваат и доживуваат) новите крстоносци, Израел. Мислењето за Израел на оние што се борат рамо до рамо со Хамас во Сирија, воопшто не се разликува од мислењето на Хамас. Впрочем единствената причина на конфликтот помеѓу Хамас и Ал Фатах е прашањето за признавањето на Израел. Тоа ми дава за право да речам дека иако Хамас не се некој фактор во војната, нивните соборци се бајаги понегативно настроени кон Израел од, да речеме Асад.

Инаку, е повеќе од јасно дека Израелците си го сакаат Асад како лидер на својот сосед заради тоа што е многу добар спрема нив (не мафта со сабји заканувајќи се).
Иако воено ќе загубат (доколку не се случи напад од западот), па дури и ако дојдат на власт (која нема да успеат да ја задржат премногу), брадите сепак ќе профитираат од оваа војна.

Прво и основно може да добијат воен арсенал за терористички напади(ова е најстрашната варијанта), понатака ќе имаат доста прекалени борци. Јас други можам да кажам дека во тој контекст војната во Сирија може да се поистовети со Шпанската граѓанска војна, од која комунистите излегоа поразени, но со многу прекалени борци.
--- надополнето: 30 август 2013 во 02:35 ---
Jamajka i Human, народот е едно, а ционизмот друго.
Врати се назад по страниве и прочитај се, и изброј се колку пати спомнуваш Евреи, а колку пати Ционисти. И дали правиш разлика во контекстот.

Јамајка, ти си можеби единствениот што упорно тврди дека уништувањето на Сириските анти-бродски ракети од страна на Израел, е од корист на Сирија.:facepalm:
Браво.(y)
Како прво, јас не тврдам(за разлика од тебе), туку давам едно мислење (па макар и грешно) и давам причини зошто може така да се гледа на работите.

А како второ, според разузнавачи најверојатно не се уништени противкорабните ракети.
 

Казаки

Атаманот - Army of Christ
Член од
2 септември 2011
Мислења
1.526
Поени од реакции
1.969
А чекај што има во тоа лошо што некој ти го чува грбот ? ете земи не нас како пример,ни не сака некој ни ни чува и поарно е ? во ској момент што може да избијат немири ? друго,Турција и Пакистан се сојузници на Америка и она нема да дозволи никогаш судир меѓу нив,плус Израел јавна тајна е дека поседува нуклеарно оружје а Турција мислам дека не би се осудила на пропаст... Пакистан нема што да се тепа со Израел имаат доволно проблеми со Индија,Иран исто знае дека Израел има нуклеано оружје. Плус можеме колку сакаме да го мрзиме Израел ама тој е меѓу топ 5 светски држави со најразвини технологии а од Иран е далеку потехнолошки напреден посебно на воен план.Појди прво од себе,од својата држава,Македонија била империја на 3 континети што сме сега ? едно Косово е 1000% пати повеќе ценето од нас заради некои бизниси и геостратешки работи.Иако не е дел од темата чисто информативно Ханџар Дивизија составена исклучиво од Босанци има убино над 100.000 срби да не ги спомнувам Јасеновац,Градишка :)
ЉОЉ... колку ти е детски постот :pos:

Израел имал нуклеарно оружје и затоа сите трепереле од него! А тоа што ја потценуваш технологијата на Иран, ќе ти препорачам еден текст кој деновиве се врти низ социјалните мрежи, па да прочиташ што доживеа израелската технологија од Иранската!


Прикриена сила на армијата на Хезболах

Запрепастувачки залихи на Хезболах од сириски и ирански проектили, околу 3.000 од нив веќе се истрелани кон израелските градови

ЕРУСАЛИМ - На 26 декември 2003 година силен земјотрес урна поголем дел од Бам, во југоисточниот дел на Иран, при што загинаа 35.000 лица. Од секаде почнаа да пристигнуваат транспортни авиони кои превезуваа хуманитарна помош, вклучувајќи ја и Сирија. Според израелското воено разузнавање, авионите се враќале во Сирија превезувајќи софистицирано оружје, вклучувајќи ги и проектилите „зелзал" со долг дострел, кои Сирија потоа ги доставуваше до Хезболах, шиитска група во јужен Либан формирана и спонзорирана од страна на Иран.

Додека израелската армија се бори да го порази Хезболах пред постигнување на договорот за прекин на огнот, испораките се само една индикација за тоа како, со помош од своите спонзори Иран и Сирија, групата во голема мера ги подобри својот арсенал и стратегија и тоа за само шест години откако Израел ненадејно ја оконча окупацијата на јужниот дел на Либан. Хезболах е милиција обучена како армија и опремена како држава, а нејзините борци „воопшто не личат на оние од Хамас или Палестинците", вели еден војник кој само што се има вратено од Либан. „Тие се обучени и високо квалификувани", вели тој. „Сите бевме малку изненадени од тоа".

Големо внимание е посветено на запрепастувачките залихи на Хезболах од сириски и ирански проектили, а околу 3.000 од нив веќе се истрелани кон израелските градови. Повеќе од 45 Израелци загинале од нив, вклучувајќи ги 12-те војници кои беа стационирани во кибуцот во Кфар Гилади, во северниот дел на Израел кога ракети кои во себе носеа противпешадиска боева муниција експлодираа меѓу нив. Меѓутоа, Иран и Сирија, главните спонзори на Хезболах, исто така, ги искористија тие шест години за да обезбедат сателитска комуникација и дел од најдобрите пешадиски оружја во светот, вклучувајќи ги и модерните руски противтенковски оружја и експлозивот „семтекс", како и обука потребна за нивна ефикасна употреба против израелските оклопни единици.

Вештата употреба на овие оружја од страна на Хезболах, особено на ласерски и со електроди наведуваните противтенковски проектили, со двофазни експлозивни боеви глави и радиус до три километри, е таа која предизвикува најголем број жртви меѓу израелските сили. Противтенковските проектили на Хезболах од руско производство дизајнирани да го пробијат оклопот на тенковите, оштетуваа или уништуваа израелски возила, вклучувајќи го и најмодерниот тенк „Меркава" во речиси 20 отсто од нивните истрелувања, вели еден израелски командант на тенковска единица од фронтот. Хезболах, исто така, користеше и противтенковски проектили, вклучувајќи ги и не толку модерните од типот „сагер" за стрелби од далечина кон објекти што се користат како засолништа од страна на израелската армија, и првата експлозија ги разбива бетонските ѕидови, додека втората ја уништува внатрешноста. „Тие ги користат како артилерија за стрелба кон објекти", вели бригадниот генерал Јоши Купервашер, до неодамна директор на одделот за анализа на разузнавачки информации во израелската армија. „Тие можат да ги користат со точност до три километри, и тие го пробиваат ѕидот исто како и оклопот на тенкот".

Борците на Хезболах ги користат предходно ископаните тунели за брзо појавување од под земја, истрелуваат рачни противтенковски проектили и потоа повторно исчезнуваат, многу слично на начинот на кој чеченските бунотвници го користеа одводниот систем на Грозни за напад врз руските оклопни единици. „Ние знаеме што тие имаат и на кој начин дејствуваат", вели Купервашер. „Меѓутоа, не знаеме каде се наоѓаат сите тунели. Затоа тие може да имаат тактичка предност".

Противтенковските проектили се „главен страв" за израелските сили, вели Давид Бен-Нун (24), регрут во бригадата Нахал кој само што се врати по еднонеделен престој во Либан. Војниците не се задржуваат подолго во една куќа поради скриените групи кои напаѓаат со проектили. „Дури и не можете да ги видите", вели тој.

Модерната опрема за комуникација и мрежата од тунели, простории за складирање, бараки и мини поставени низ бродвитите територии, обуката, тактиката и модерното оружје на Хезболах објаснуваат, како што наведуваат Израелците, зошто тие се движат со голема внимателност. Бројот на борците на Хезболах, според зборовите на Израелците, изнесува меѓу 2.000 и 4.000, мала армија која е потпомогната од поголем круг платеници кои обезбедуваат логистика, чување на оружјето во домовите и цивилните објекти. Хезболах оперира како револуционерна сила меѓу цивили, отежнувајќи ја борбата против него без да се окупираат или бомбардираат цивилни области. По наредба, некои борци се појавуваат за да одземат лансирни рампи, истрелуваат проектили и потоа повторно исчезнуваат. Сепак, нивната бројка е мала во споредба со онаа на израелската армија и претставува колку една сириска дивизија.

Припадници на Иранската револуционерна гарда им помагаа на борците на Хезболах тие да се организираат како армија, со формирање на специјални единици за разузнавање, противтенковско водење на војна, експлозиви, инженерија, комуникации и лансирање на ракети. Офицери од иранските воздухопловни сили во неколку наврати беа во Либан за да ги обучат борците на Хезболах да ги користат проектилите од среден дострел од иранско производство, како „фаџр-3" и „фаџр-5", според разузнавачките информации од Вашингтон. Американците веруваат дека мал број ирански оперативци останале во Бејрут, но додаваат дека нема докази за тоа оти тие раководат со нападите на Хезболах.

Меѓутоа, до сега Иран му нема дозволено на Хезболах да истрела ниту еден од проектилите „зелзал", додаваат Израелците, иако не ја исклучуваат можноста за такво нешто пред постигнувањето на договор за прекин на огнот. Покојниот сириски претседател Хафез ал-Асад беше внимателен и го ограничи снабдувањето на Хезболах, но неговиот син Башар, кој во 2000 година ја презеде власта, во годината кога Израел се повлече од Либан, го отвори нивните магацини. Сирија му има дадено на Хезболах 220мм и 302мм проектили, и двете опремени со големи, противпешадиски боеви глави. Таа, исто така, го има снабдено со најсофистицираното противтенковско оружје, продадено на сириската армија од страна на Русија. Израелскиот генерал Купервашер, изјави дека во него се вклучени руските „метис", и „РПГ-29". „РПГ-29" имаат и противтенковско полнење за уништување на експлозиви, потоа реактивен оклоп и противпешадиски полнења. (Њујорк тајмс)

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=2156&stID=74912&pR=4
Ете ја технолошката сила на Израел, која претрпе пораз од 2000 до 4000 борци на Хезболах, благодарение на најсофистицираното иранско и руско оружје!



Tir II ispaljuje raketu c-802

Koliko je opasna raketa c-802 svjedoči i pogađanje izraelskog broda za vrijeme Drugog libanonskog rata 2006 ovom raketom od strane Hezbollaha.


Izraelski brod pogođen raketom c-802 2006. godine

Еве ти и визуелен приказ како пропадна скапиот проект Меркава ;)

Јом Кипур колку за инфо:




Фактите зборат дека благодарение на тогаш полковникот Ариел Шарон, Израелската војска навлегла во Египет, завземајќи ги сите САМ места и аеродроми и Израелските тенкови буквално биле во предградијата на Каиро. А резултатот од војната види го на втората слика. Враќањето на Синајскиот полуостров е политичка одлука, а не воен трофеј.
Јас не ти расправам за пораз битки, туку за воен пораз на „непоразливиот“ и „непопуштлив“ Израел, кој не е*е жива сила!
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.422
Јас не ти расправам за пораз битки, туку за воен пораз на „непоразливиот“ и „непопуштлив“ Израел, кој не е*е жива сила!
Не зборам ни јас за битка, туку за цела војна, на последната слика се гледа, дека после војната Сирија изгубила уште еден ден од Голан, а Египет имал завземено незначително мала територија од Синај, додека Израел стигнал на 70 километри до Каиро, патем заробувајќи ги сите аеродроми и уништувајќи ја противвоздушната одбрана на Египет, оставајќи им отворени раце на Израелската авијација.

Јас не гледам пораз на Израел тука, ниту пак некој тогаш видел. Факт е дека Израел ја дочека оваа војна неспремен и само чудо и храброст (пред се би рекол досетливоста на Ариел Шарон) го спасил од целосен пораз. Притиснат во една таква ситуација после неколку години преговори во Белград, Синај (без Газа) беше вратен на владение на Египет, со политичка одлука, не со воено освојување.

Еве како изгледаат загубите во војските. Мора да напоменам дека мнозинството уништени Израелски тенкови се всушност тенкови заробени во шестдневната војна.
-------Арапите---------
8,000–18,500dead
18,000–35,000 wounded
8,783 captured
2,250–2,300 tanks destroyed or captured
341–514 aircraft destroyed
19 naval vessels sunk

--------Израел---------
2,521–2,800dead
7,250–8,800 wounded
293 captured
400 tanks destroyed
102 aircraft destroyed
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Врати се назад по страниве и прочитај се, и изброј се колку пати спомнуваш Евреи, а колку пати Ционисти. И дали правиш разлика во контекстот.
Како прво, јас не тврдам(за разлика од тебе), туку давам едно мислење (па макар и грешно) и давам причини зошто може така да се гледа на работите.
А како второ, според разузнавачи најверојатно не се уништени противкорабните ракети.

Што има јас да бројам бе Јамајка... Да не имаш некој црн тефтер кај што запишуваш колку пати сум спомнал Евереи а колку пати Ционисти? Повели, број.
Тука сме на форумов да даваме мислење, па потоа да го образложиме тоа мислење(не велам дека јас секој пат сум го правел тоа),
но кога ќе дојде до две спротивставени мислења, фер би било да го образложиш. Сто пати те прашав, која е логиката кога Израел бомбардира анти бродски ракети, или ПВО системи на Сирија ,а ти тврдиш дека Израел е за Асад и против терористите?!?!?
Па ми кажуваш за Турскиот авион го собориле, овој не го собориле... и толку.

Според мене, логично е дека ако Израел бомбардирал оружје и цели на Сириската Армија, тогаш тоа оди во прилог на терористите, и на штета на Асад и Сирија.

А можно ли е Израел да сака Вахабиите да дојдат на власт во Сирија, за да после некое време ги испровоцира или излажира некој напад од Новата Сириска Влада (вахабиите) кон Израел, за да може да влезе копнено во Сирија, и да оствари дел од планот наречен Голем Израел(како што е Голема Албанија)?
Само нагаѓам овде, не тврдам ништо.

И пак ќе ти кажам, а верувам и самиот си свесен за тоа, дека Ционизмот е најголемиот генератор на анти-семитизам во светот.
--- надополнето: 30 август 2013 во 03:31 ---


Ротации на руската воена морнарица крај бреговите на Сирија

29.08.2013 - 12:17:19




Ракетниот крстосувач „Москва на руската воена морнарица

Со оглед на ситуацијата на источниот дел од Средоземното море, Русија го корегира составот на својата воено-поморска флота во тој дел. За неколку денови таму ќе биде испратен голем воен брод од Северната флота на земјата, наменет за борба против подморници, објавува руската новинска агенција Интерфакс изјава на неименуван извор од Генералштабот на руската армија, пренесува Нетпрес.
„Подоцна на ова борбено пловило, кое ќе биде придружувано уште од неколку воени бродови, ќе им се приклучи ракетниот крстосувач „Москва“, кој е дел од Црноморската флота, а кој моментно е во мисија во северниот Атлантик од каде ќе се насочи кон Гибралтар“, навел изворот на Интерфакс.

Тој додполнил дека извесен период по ова ќе им се приклучи и ракетниот крстосувач „Варјаг“ од Тихоокеанската флота, кој треба да го смени големиот брод за борба против подморници „Вицеадмирал Пантелеев“, од истата флота.
Руската новинска агенција РИА „Новости“, повикувајќи се на неименуван извор од Главниот штаб на воено-поморските сили на Русија, објавува дека промените во Средоземното море, наводно не се поврзани со ситуацијата околу Сирија, туку дека станувало збор за „планирана ротација“.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.015
^ Ај да видиме.

Инаку, не го сменив телевизорот од Cnn денес, страшно е каква пропагандна машинерија е така силен медиум.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
^ Ај да видиме.

Инаку, не го сменив телевизорот од Cnn денес, страшно е каква пропагандна машинерија е така силен медиум.

CNN ми е на 999999999-ти канал, но интересно е да гледаш како се пенават, знаат да те насмеат.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Сето тоа е ОК што го напиша, дури и ги објасни техничките детали, ок.

Но поентата ми беше друга.
Замисли наместо Израел да беше некоја друга држава, тоа ќе беше скандал, ќе фрчеа закани, ќе се кубеа коси. Израелците многу добро знаеја чиј брод е тоа, 6 саати да напаѓаш некого и да не знаеш кој е?
.
Епа паранојата го прави своето, еднаш и компјутерот на САД за детекција на ICBM покажал Советски напад преку Северен пол но било баг, тоа биле напнати 7 минути, исто беше и во 1995 кога му влеваат началници и генерали на јелцин и му ја отвараат Чегев(Руската нуклеарна актовка) и му велат лансирана е ракета кон нас(мислеле има може 10-12 боеви глави) а уствари целта била истражување на Аурора бореалис и малку фалело путин да го притисне копчето, инаку колку за инфо копчето не активира ниедна нуклеарка туку според устав Nuclear Decision Maker е Претседателот а кога е во странство актовката ја дава на премиерот а има и друга кај министерот за одбрана, и таа актовка само дава овластување на генерали, и адмирали да употребат оружје за масовно уништување.(јелцин ќе притиснел но еден поручник беше мислам и доби орден бидејќи во моментот проговорил зарем со само една ракета носач планираат да не уништат по што Јелцин се предомисли.

Со САД е слилчно само што после копчето одлуката е дадена а не мислат генерали и адмирали кај да нападнат туку компјутер што е полошо бидејќи Русија кога би нападнбала ќе оди на ЕМП предизвикани од атмосферски детонации, па на удар врз носачи, мисисипи, канзас житарицата, тексас и Аљаска како Нафтени Извори додека кај системот на САД компјутер ќе одлучува но мислам дека ќе се смени тоа бидејќи при апсолутно празнење сценарио ниту суперкомпјутерите немаат решение т.е нема победник-има автодеструкција.



И друго нешто, за цитатот ти го сменив, пошто стварно беше голем текстот и сликите,
знам дека Израел е јак, има јака војска, има 200 нуклеарки непријавени, инспекција не смее да влезе во Израел, и никој не го покренува ова прашање? Зошто? Затоа што Ционистите го држат Западот за муда.
Не Не Апсолутно НЕ.

Израел не е потписник на конвенција против нуклеарно оружје и општо WMD(еве ние потпишавме и за хемиско и подлежиме на инспекции).

Иран што сака да развие нуклеарна програма за енергетски потреби, го искинаа со санкции, секојдневно ционистичкото лоби му писка преку конференции, купени Американски конгресмени дека ќе биде нападнат.
Не верувам да е за само цивилни потреби, имено не одат рака под рака развој на балистичко оружје кое е деливери систем и секако паралелно нуклеарна програма и тоа спорна и тајна, со бранење на инспекторите и несоработка-Иран е Потписник и затоа подлежи на санкции но и во случај на незгода IAEA и UN се обврзани да помогнат и финансиски и со опрема, лекови и луѓе за деконтаминација(но со правата идат и ОБВРСКИ), додека ако се разнесе димона никој не е обврзан да помогне ама баш никој.

Бугарија имаше балистика и ја уништи за да влезе во НАТО бидејќи кукаа Турците а потоа и Грците помалку.

Плус Иран спие на енергенси како и Ирак и тоа има уште неоткриени но на Израел не му смета што сакаат нуклеарна централа,Ниту пак му сметаше и Ирачкиот, туку најголем проблем се центрифугите кои го збогатуваат ураниумот и фактички го прават фисионен односно погоден за нуклеарно оружје, исто така спорни се инсталациите за тешка вода која не мириса на Ураниум туку плутониум и тука веќе станува очигледно, зарем не беше добар предлогот Иран да носи ураниумова руда и истата Русија да ја Збогатува т.е директно деа им испорача па да имаат енергија и тоа се согласи западот да покрива дел од трошоците и Иран ова го зема предвид но потоа со инсистирањето (не нха САД) туку на Европските земји тоа да биде Турција(која е на ниво на експериментални реактори) внесе недоверба кај Иран.

Од Друга страна се виде ефектот кај С.Кореја одкако доби нуклеарки, пука кон југот, провоцира а има детерент и така режимот е обезбеден од напад од Надвор ете тоа е поентата, и факт е дека Иран збогатува ураниум многу повеќе од капацитетот на реакторот кој потоа оди во "непознат правец" а ова се гледа од горе и колку руда се вади, колку е обработена и на крај реакторот не беше ни завршен т.е Русите кажаа бидејќи градбата е 70% западна германско-француска технологија ќе им треба време и пари да довршат но сепак Иран збогатуваше 8 години уназад без да пушти инспектор.

А еве и Србија не пушташе за време на милошевиќ кој барал бомба слична како таа во Хирошима и имале во Винча збогатен Ураниум но се потписници и тој отиде во Русија.

Зошто да Иран не дозволи како мнооогу држави кои имаат атомски централи друг да го збогатува Ураниумот, па така е дури и подобро со помалку ризик да падне во раце на терористи кои би му наштетиле и на Иран.( а и процесот е скап и плус троши многу енергија).

И не е Израел тој кој цели кон Ираб, израел е фокусиран дефанзивно и тоа се гледа од небо, туку КСА,Катар,Бахреин и Кувајт сакаат да падене Ајатолахот и Иран да Ослабне вистинското лоби против Иран е од КСА.




Лесно е за кажеш Израел е јак, затоа сум за Израел, тешко е да ја бараш вистината, а уште потешко е да се бориш за неа. До пред неколку години, и јас се восхитував на Израел, го споредував со Македонија, дека имаме иста судбина. Но дознав дека сликата што сакаат да ја прикажат, и реалната слика, врска немаат.

Израел соседите сакаат да го уништат, исто и Нас, само што Израелците сватија навреме, друго јас ја видов реалната слика, секоја акција носи реакција а Палестинците неќеа да живеат во заедничка држава па почнаа да палат куќи(1948) да убиваат и силуваат се разбира со поддршка од соседите тактика која и кај нас ја користеа. и Што ќе правиш???

Нормално ќе се браниш а која е најдобра одбрана-напад, Палестинците беа подбуцнати како илинденците од Вулгарите а на неспремна работа.

Не сум на страната на Израел туку на правдата и сам знаеш дека арапските режими убија повеќе муслим,ани и Арапи отколку САД,Израел и НАТО во Целина.

А и сам знаеш понатаму колку држави и колку пати вршеа АГРЕСИЈА врз Израел-незнам како пред ова замижувате а израел го правите Агресор, јас не велам дека е 1000% во право бидејќи според мене штом во една држава нешто не е во ред народот си е виновен, па нека подигнат гасни комори во Охис,Во Куманово, Велес, Тетово Струмица и да пишува драга Македонска нацијо ако ви се бслучи да дојдете до граѓанска војна Армијата и полицијата ќе ги убива вашите жени и деца а потоа и вас бидејќи штом сте дошле до ова дереџе не сте достојни.(ако бегате пак Град има 40км дострел и по села и планини ќе пцовисате како кучиња)

Палестинците најмногу страдаа од Исламот радикален кој им го вметна КСА а аоањсивњ ар т.е Тероризмот, па колку имаше случаи и за време на арапско-израелските војни они саботираа, од внатре разоруваа потоа Олимписките и јасно е тоа до каде ги доведе реакција со иста сила во Спротивна насока, а они ќе добијат држава но ќе ја задржат само ако бидат во федерација со Израел, инаку повторно ќе почнат да напаѓаат и пак ќе изгубат.

Грците што дојдоа кој знае од каде: вие сте Словени, одете кај Словените.
Какви Грци беломорска е повеќе со рисјани од Турција и други нижи раси кои се против Македонија повеќе од Грците во Атина и Пелопонез.

Истото и ГолемоАлбанците го зборат денес за нас.
Па и србите и бугарите(и сите кои се филмаат со големи држави на мапи и етничко чистење се нездрви се т.е исто срање дурго паковање а нема ниту муда само курац кој прибидејќи е без муда служи само за исфрлање мокраќа) исто шлапаат ама јас ЗНАМ КОЈ СУМ, и нема што да докажувам, а тој што сака да краде култура и идентитет на ангро тој незнае и полошо се ПЛАШИ и СРАМИ од Вистинското потекло, пример се бугарите кои влегоа во 4 војни во 20 век и ги изгубија, но ОК има и словни мкај нив, но и многу монголоиди и плус Турците ништо чудно и бугарија за 20 година да стане рамковнма освен ако конечно не се основа Балканска федерација, всушност самите екс ју држави требаше да си ги задржат некономските врски но тоа е друга приказна.

Многу крв има Израел на своите раце.
Премногу
Невина сигурно не е но и нхе е повеќе од Германците на пример или Јапонците, а посебно неможе никој со Британија и Франција..знаеш она срање у руанди па над 840 000 жртви со ужасни масовни погубувања.

Мислам дека дури доколку Асад побараше тајна помош од израел ќе ја добиеше за размена на признавање и секако прво на живеење кое е негирано.

Инаку факт е дека најмногу КСА губи ако Иран добие буклеарно оружје а не е ништо чудно и да има-нетестирано т.е штом со ласер предизвикаа микрофузија Иранците тогаш можат да ја проверат бомбата со помош на топ т.е технологија на САД

JASPER.

Еве ти и визуелен приказ како пропадна скапиот проект Меркава ;)
Мораат така, оти немаат Реално, испалиле над 1000 ракети и уништија 20 тенка Јеаа.

А пак сега со Trophy, многу тешко да пробијат.
--- надополнето: 30 август 2013 во 03:48 ---
После поразот на Камерон во парламентот , Британците се откжаа од воена интервенција во Сирија.
Америка за прв пат послсе инвазијата на Панама ке треба да оди во војна без подршката на Лондон.

Не, сега ќе нападнат НАТО членка најверојатно Турција со две ракети со Сарин по камповите и Британија ќе мора да реагира.

Или поедноставно е турски летала да провоцираат со цик-цак маневар влевајќи во Сириски простор и назад на Турски и ова е познат мканевар за да се излажат операторите на САМ да испалат ракета а потоа од дометот...ништо, но во случајов авионот ќе успори таман да биде погодокот на турски воздушен простор со докази пред ООН-ГПС:)

И тоа сценарио е во Игра.
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.459
Поени од реакции
2.015
CNN ми е на 999999999-ти канал
Пушти си, интересно е. Секој обид за поинакво мислење е веднаш срамнет со земја. :D
Човеков им објаснува дека ова не е косово и дека не може туку така позади некого да застанат, освен ако да речеме Турција ја нападне Сирија па да ја поддржиме Турција и останатите во студиото го нападнаа.
Се јачаат америве со оправдување дека ете не е се така црно како Ирак, туку дека имаат успеси како Косово.
Шокирани се од одлуката на британскиот парламент и сега се јавуваат разно разни експерти и поранешни генерали кои мора да креираат јавно мислење дека нападот врз Асад е неопходен и дека се обезбедува америка и ...:D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom