Кој ги изградил пирамидите и зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата dajdo
  • Време на започнување Време на започнување
А тие ванземаљците не остаиле нишо од пластика или алуминиум, некоја алатка нешо да им испаднало од џеп дур граделе пирамиди. Ебате ванзамаљец со камен шо работи.
Да беа напредни ќе ги направеа пирамидите од стакло, челик, плексиглас, со неонки осветлени со ЛЦД панели, внатре со покретни скали, надвор со паркинзи а не купишта камења.

Многу точно...Ако беа вонземјанците ќе се најдеше барем нешто..И немаше со камења да се градат..

Добар пост..
 
ја утна тука
познаваат математика, се се базира на математика кај градежниците
мајсторите се друго, тие го работат она што ќе им кажат градежниците

@Darling добро кажано

А бе мислев за тие што работат на градбите, не на инженерите!
 
За извор на камења не е ама баш никаков проблем. Целото течение на нил од десниот и левит брег има висорамнина од каде го ваделе камењата. За длабењето, сечењето истотака не е толку тешко - тој камен е од состав кој си дозволува полесна обработка. За големите блокови е веќе мистерија. Т.н. џиновски блокови биле за таваницата на одаите. Има 2-3 претпоставки кои најблиску се до градењето на овие монументални дела а тоа се:
1. Конструкцијата на џиновска рампа однадвор - се поставувало висока рампа па од таму се носеле камењата на погорните катови. Но колку долга би требало да биде оваа рампа за да се стигне до врвот на пирамидата? Затоа тука претпоставката малку паѓа во вода.
2. Конструкција во вид на надворешен полжав. Се` иде како по планот на почетокот но кга се стигнува на врвот, нема место за скршнување.
3. Конструкција на внатрешен полжав. Слично како од надворешниот но пак врвот станува проблем. Како ги ваделе надвор од пирамидата последните блокови?

За дигањето и транспортирањето веќе се запознаени со системот на чекрци, тркала. Башка целото население е заангажирано за изградба на пирамидите. Зошто? Како можеш да одиш контра вољата на богот кој ти дал парче земја за живот? А фараоните се олицетворение на божествата.
1. Египќаните не знаеле како се обработува железото!
2. Градежните алатки биле бакарни!
3. Надворешните блокови се варовник (можеби полесни за обработка)!
4. Внатрешните блокови се гранитни, незнам како мислиш дека немало проблем со обработката?!?
5. Камења имало, ама на неколку километри од градилиштата (значи - проблем)!
 
Не е возможно во тоа време египестките РОБОВИ! Значи робовите нема шанси да биле запознаени со математиката.. Но и да биле нема теоретски шанси да била на некој си голем степен на знаење за да иградат пирамиди....:nesvest:
 
Од каде знаеш дека не знаеле да обработуваат железо?
За робовите "немало проблем" и да биле оддалешени стотици километри!

Не е возможно во тоа време египестките РОБОВИ! Значи робовите нема шанси да биле запознаени со математиката.. Но и да биле нема теоретски шанси да била на некој си голем степен на знаење за да иградат пирамиди....:nesvest:

Робовите не знаеле да зборуваат, па камоли да знаат математика!
Арно ама имало некои други кои знаела математика па со нивна помош ги изградиле!
 
Не е возможно во тоа време египестките РОБОВИ! Значи робовите нема шанси да биле запознаени со математиката.. Но и да биле нема теоретски шанси да била на некој си голем степен на знаење за да иградат пирамиди....:nesvest:

Е тука си во право, некој неписмен човек неможе да биде креатор на толкави дела, но како и денеска писмени луѓе прават планови на градби.
Секако дека имало архитекти на тоа време.
 
1. Египќаните не знаеле како се обработува железото!
2. Градежните алатки биле бакарни!
3. Надворешните блокови се варовник (можеби полесни за обработка)!
4. Внатрешните блокови се гранитни, незнам како мислиш дека немало проблем со обработката?!?
5. Камења имало, ама на неколку километри од градилиштата (значи - проблем)!

1. Точно.
2. грешка... имале бронзени алатки.
3. точно.
4. точно но нели и со бронзена алатка може да се стигне до полесна обработка.
5. Точно но не и најголем проблем за транспорт. проблемот се јавил подоцна а тоа е кога се градат оние џиновски блокови кои се користеле за таван.
 
Деца, пред 2500 години во египет бил Херодот, кој ги посетил пирамидите и на кој тогашните египетски свештеници му раскажале кој ги направил, му прочитале записите на пирамидите и дури му кажале колку чинело градењето. Нив тогаш не им било чудно ни кој ги направил ни како ни зошто.
Ни самите Египќани пред 2500 години не се сомневале во тоа дека некој од страна дошол и им ги направил. Оти му вадите муабети на фараоните и на египќаните дека не знаела математика не знаела камен да сечат или пренесат?? Шо толку ги мразите?
 
Лет не тропај на ламарина,пирамиди во Египет има на секој чекор,темата веројатно е за пирамидите во Гиза,конкретно за Големата пирамида.
Никој не се сомнева дека пирамидите биле изградени од Египјаните,ама - тие во Гиза - НЕ БИЛЕ.
Старите Египјани,воделе записи буквално за секој значаен настан,за жетви,градење структури и такви работи.За големата пирамида - нема апсолутно никаква дискусија или споменвање.Никаква.
 
Деца, пред 2500 години во египет бил Херодот, кој ги посетил пирамидите и на кој тогашните египетски свештеници му раскажале кој ги направил, му прочитале записите на пирамидите и дури му кажале колку чинело градењето. Нив тогаш не им било чудно ни кој ги направил ни како ни зошто.
Ни самите Египќани пред 2500 години не се сомневале во тоа дека некој од страна дошол и им ги направил. Оти му вадите муабети на фараоните и на египќаните дека не знаела математика не знаела камен да сечат или пренесат?? Шо толку ги мразите?

Добар одговор.:nesvest:
 
Лет3 од каде овие информации ајде те молам цитирај ги изворите , ќе прочитаме и ние па ќе спориме.

инаку овде станува збор за физичката неможност да се постигне или направи таков потфат.

Во погорните постови има фрапантни бројки, незамисливи совпаѓања....

Никој не вика дека биле неписмени, но физички не биле во можност да го изведат тоа, сепак не биле до толку писмени...

Добар одговор.:nesvest:

Што е добро во одговорот?
 
Мора ли да бидат вонземјаните криви за се што човекот неможе да си објасни како е изградено од неговите прадедовци?
 
Лет3 од каде овие информации ајде те молам цитирај ги изворите , ќе прочитаме и ние па ќе спориме.

Toa е во Херодотовата Историја, Книга втора (Евтерпа) поглавија 124, 125, 126,127,134

Значи не е баш малку за да се цитира. Тука е опишано и кој фараон ги градел и како ги граделе дури е и опишана техниката на подигање на блокови па како и што граделе најпрво....
 
инаку овде станува збор за физичката неможност да се постигне или направи таков потфат.

Во погорните постови има фрапантни бројки, незамисливи совпаѓања....

Никој не вика дека биле неписмени, но физички не биле во можност да го изведат тоа, сепак не биле до толку писмени...

Што е не знам толку незамисливо?
Се градело повеќе од 20 години! Со робови! Во изобилство.
Робовите не ги кревале камењата, туку ги влечеле. Што е тука незамисливо?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom