За извор на камења не е ама баш никаков проблем. Целото течение на нил од десниот и левит брег има висорамнина од каде го ваделе камењата. За длабењето, сечењето истотака не е толку тешко - тој камен е од состав кој си дозволува полесна обработка. За големите блокови е веќе мистерија. Т.н. џиновски блокови биле за таваницата на одаите. Има 2-3 претпоставки кои најблиску се до градењето на овие монументални дела а тоа се:
1. Конструкцијата на џиновска рампа однадвор - се поставувало висока рампа па од таму се носеле камењата на погорните катови. Но колку долга би требало да биде оваа рампа за да се стигне до врвот на пирамидата? Затоа тука претпоставката малку паѓа во вода.
2. Конструкција во вид на надворешен полжав. Се` иде како по планот на почетокот но кга се стигнува на врвот, нема место за скршнување.
3. Конструкција на внатрешен полжав. Слично како од надворешниот но пак врвот станува проблем. Како ги ваделе надвор од пирамидата последните блокови?
За дигањето и транспортирањето веќе се запознаени со системот на чекрци, тркала. Башка целото население е заангажирано за изградба на пирамидите. Зошто? Како можеш да одиш контра вољата на богот кој ти дал парче земја за живот? А фараоните се олицетворение на божествата.
Пак не ми кажа КАКО ги имаат отфикарено камењата со технологија од тоа време? Камењата изгледале исечени како путер.
И дали робовите биле дарени со математика, астрономија и занаетчиство? Зошто така ми изгледа.
Како што реков, дури и да биле бодибилдери, 400.000 луѓе да влечат ЕДЕН таков блок, ќе цркнат додека дојдат до средината на пирамидата! Треба да си супер-човек за тоа да ти успее.
Тркала? Од што? Камења пак? Тоа е уште потешко. Треба камените тркала да бидат совршено кружни за да не се случи камениот блок поради некој лошо обработен дел да падне. И плус збориме за ОГРОМНА тежина, колку Боинг авион.
Не ме сфаќај погрешно, не викам дека еѓипќаните немаат никаков идел во градењето на пирамидите, но дека имале помош при тој процес. Зошто станува збор за тешко изводлива работа дури и со денешни стандарди на градба.
А тие ванземаљците не остаиле нишо од пластика или алуминиум, некоја алатка нешо да им испаднало од џеп дур граделе пирамиди. Ебате ванзамаљец со камен шо работи.
Да беа напредни ќе ги направеа пирамидите од стакло, челик, плексиглас, со неонки осветлени со ЛЦД панели, внатре со покретни скали, надвор со паркинзи а не купишта камења.
Ако станува збор за цивилизација која има пособност за интер-стеларни патувања, верувам дека е доволно развиена да си ги покрие трагите на нивната посета тука. Сигурно нема да остават нешто позади нив ако не сакаат. А за материјали, ќе направеа пирамида од уште подобар материјал од тој што го спомна, само потребно е градба од природни материјали, а не вештачки. Природните имаат своја вибраторна интер-конекција со планетата. Мислам дека објаснив дел од ова во претходните мои постови.
Сигурно не дошле овде вонземјаните да градат пирамиди од камења или сл. Кога веќе сакале да изградат што не изградиле нешто огромно, ама не од камења.
Нема смисла да поминале толкав пат само за да изградат пирамиди.
Плус тоа не сите пирамиди биле високи колку Кеопсовата, туку биле далеку пониски од нејзе.
Другите се имитација или ефтина пародија на тоа што Кеопсовата го претставува. Јас зборам за неа, не другите. Ама кога веќе ги спомна, камењата си имаат своја улога, и погоре спомнав. Плус кој ти рече дека поминале толкав пат само да изградат некои пирамиди? Кој ти вика дека тоа е единственото нешто кое го имаат изградено тука?
A си се запрашал од каде денешната математика и геометрија?
Кој ја измислил?
Американците во 1945??
Германците во 1934??
Кој го изградил кинескиот зид во кој има повеќе градежен материјал од 100 пирамиди?
Јас тебе те прашувам, од каде робовите познаваат математика, посебно геометрија, астрологија, астрономија и занаетчиство? Фараоните да не ги школувале случајно?
Сте се запрашале од каде еѓипќаните го добиваат тоа знаење воопшто?