Нова Македонска sвезда

  • Креатор на темата Креатор на темата Sungerot Bob
  • Време на започнување Време на започнување

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.508
Возраст
34
Локација
Гостивар
Сите ние знаеме дека имаме доволно пеачи во земјава, ретко некој од нив да направи хит кој ќе се слуша многу долго и ќе има милиони гледаност на YouTube.
Од нашава естрада единственоКалиопи, Есма и Тоше беа тие кој станаа познати на Балканов, но не и низ светот толку многу како што се Адел, PSY, Питбул и останатите.

Па зошто и ние да немаме еден таков пеач/ка кој ќе биде гордост на земјава со sоа што ќе биде познат на секаде.

Според вас како треба да изгледа еден наш нов пеач за да биде светски пеач?
:)
 
Ако PSY има песна со 2 милијарди прегледи незначи дека пее подобро од некој кој на Youtube има само 2000. Парите и маркетингот си го прават своето :)
Но сепак за еден пеач големо значење за да оди понапред има она што го кажуваат оние што ја слушаат неговата музика.
Пример за Љадел, Лејди Гага види пофалби и коментари....., а види што коментари се даваат за една убава песна и спот http://www.youtube.com/watch?v=5UWiPmVfItE&feature=youtube_gdata_player
што стварно не е реално.
 
Остај ти светски позната ѕвезда, ние немаме еден асален пејач кој го слушаме тука. Помнаа тие времиња кај што се ценел само гласот, погледнете како изгледаат певаљките во соседството повеќето се згодни, се средуваат како што треба. Ние немаме една пејачка што изгледа топ. А да не праиме муабет за песните, се некои Ромео & Јулија приказни во некој поп-рок стил.. Треба од корен да се сменат некои работи, неможе више тато сакам да бидам пејач/ка и ке плати тате да те вртат на радио..
 


Македонка е, пее подобро и од Лајди Гага, Питбул, Бионсе и разни па ете нема 2 милиони гледање.
 
Зошто спомнувате Psy,pitbul и тие срања..таму нема талент само пари.Се знае талентот каде се препознава,каде што у позадина има инструменти а не компјутерски пушти музика и ефекти и пеј...

Има звезди у Македонија ама кој да ги потурне...
 


Македонка е, пее подобро и од Лајди Гага, Питбул, Бионсе и разни па ете нема 2 милиони гледање.
Уј, стварно прекрасно пеење и песна..... ама сепак гледаш има мала гледаност.... ретко кој слуша сега македонска музика.....

Дали тоа значи дека треба да се појави пеач/ка со екстра хит песна и ексклузивен спот за дја живне македонскава музика? :)
 
Не го ставајте Псај во оние со пари и реклами, ФАКТ е дека песната е заразна
 
еве ви пример ..... Романската музика .... како е можно да извади толку слушани хитови и да извади толку моментално реномирани фаци како Inna,Morandi,Alexandra Stan,Edward Maya,Fly Project и така натаму музичари каде што економската состојба,музички пазар и познатост не се толку развиени тоес иста состојба имаат како во Македонија .... дечкиве направија бум во светски рамки со електронската музика ,скромно почнаа , добија на популаритет , светските музички продуценски куќи ги побараа да потпишат за нив и останатото си е познато ... МЕГА ЅВЕЗДИ се сега ..... еве и нашата македонска пејачка RENATTA се обидува да успее на истиот посран и едноставен романски рецепт .... скромен почеток на кој после девојчево ќе си дојде до голем светски успех ......

Поздрав од Романија иначе имате :D

 
Ама и не се знае, можеби и се уште не е родена/појавена онаа вистинска Македонска, но сепак светска sвезда :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom