Некои зачудувачки претпоставки за пирамидите
1. Големата пирамида е голем сметач – ако се земе должината на страните, нивната височина и аглите, може да се пресметаат многу различни нешта. Со помош на пирамидата, може да се дознае и обемот на кругот, ако се знае радиусот.
2.Еѓипќаните, Големата пирамида можеле да ја користат за пресметување на патот што Земјата го минува околу Сонцето, како и брзината на светлината.
3.Пирамидата е математички хороскоп – со нејзина помош може да се предвиди иднината. Пирамидиолошкиот институт во Лондон тврди дека пирамидата, веќе го има предвидено и распнувањето на Исус Христос, како и Првата светска војна. Исто така, таа предвидува дека крајот на светот ќе се случи во 2979 година.
4.Големата пирамида е споменик на големото значење на египетските научници – и на нивната огромна моќ. Тие го наговориле Кеопс да ја изгради пирамидата и да ја плати нејзината изградба. А кога тој умрел, тие не сакале да го закопаат неговото тело во внатрешноста на нивната чудесна градба.
5.Големата пирамида е ѕвездарница за набљудување и забележување на движењето на ѕвездите.
6.Големата пирамида е голем календар. Еѓипќаните ја користеле за мерење на времетраењето на годините, со прецизност од три децимали.
7.Големата пирамида претставува сончев часовник. Нејзината сенка паѓала на камениот плочник на кој биле назначени часовите, деновите и годините.
8.Големата пирамида претставува ориентир во просторот. Сите стари карти ја користеле за цртање и мерење на разни податоци - нешто слично на денешниот меридијан во Гринич.
9.Големата пирамида била идеално складиште за средствата за мерење во стариот свет. На власта и биле потребни примероци за точни мерки, за да проверат дали трговците добро ја мереле стоката. Мерките, како на пример дебенот кој се користел во тоа време, биле направени од бакар и по неколку години употреба, губеле на тежината, понекогаш итрите сопственици на бакалниците, дури намерно погрешно ги нивелирале.
10.Центарот на пирамидата е пресекот на големите сили на природата. Во него може да се случат необични и чудесни работи... Освен необичното искуство на Наполеон, многу туристи останале длабоко шокирани или се обесвестувале откако ќе влезат во неа.