Нема да најдеме ништо нејасно и нелогично?
Океј, ај да пробам.
Во исламот мажите можат да имаат повеќе жени, максимум 4 колку што знам, мада вашиот пророк бил привилегиран, па имал дваесетина.
Мене ме интересира, ако е нормално еден маж да има 4 жени, зошто тогаш во светот има горе долу ист број мажи и жени? Ако Алах сакал мажите да имаат по 4 жени, зошто не направил да се раѓаат 4 пати повеќе женски, отколку машки бебиња? Наместо тоа, на секои 100 женски бебиња имаме 107 машки бебиња. Заклучокот е многу јасен - математички е невозможно мажите да имаат по 4 жени, тоа би довело до ситуација каде што еден дел од мажите би имале 4 жени, а уште поголем дел од нив не би имале ниедна.
Тоа од некој си математички аспект, а еве малку и од емотивен аспект. Не постои жена која би сакала да го дели сопругот со уште 2,3 жени, во тоа можеш да бидеш сигурен. На ниедна жена не би и било сеедно да знае дека мажот има секс со сопругата број 3 во наредната соба, исто како што и ти не би бил рамнодушен да знаеш дека жена ти се плеска со некој друг во соседната просторија. Тоа е факт.
Нема среќа во таков брак, барем не за жените, а на мажите верувам дека им годи тоа што жените ќе се тепаат за нивното внимание и наклоност.
Тоа е што се однесува до бројот на жените, а кога праиме муабети за фактот што во исламот жената се смета за доволна зрела за брак а воедно и секс, во моментот кога ќе го добие првиот менструален циклус, доволно ти е да се консултираш со било кој психијатар или психолог, сите ќе ти објаснат дека девојче на 10, 12 или 13 години не е ни најмалку психофизички зрела, прво да донесе одлука дали и со кого ќе се мажи, второ да се носи со сите обврски кои ги носи бракот и мајчинството. Уствари, човек со два грама здрав разум не би ни имал потреба да прашува психијатри, би го знаел ова и сам, ама кај тебе е забележлив недостатокот од здрав разум, така да...
Па јас го памтам бе мојот прв менструален циклус бе, бев дете, седмо одделение бев, буквално бев се`уште дете и по цел ден возев ролери со другарките, и не ми паѓаше на памет да се мажам со никого, а најмалку со некој си 50 годишник, и никој не може да ме убеди во спротивното.
Прво не мешај баби и жаби.
Во исламот ти е дозволено да имаш до максимум 4 жени, не ти е заповедано да имаш. Тоа е ептен голема разлика.
Најдобро е да имаш една, во искучителни ситуации можеш да имаш повеќе.
За ова ќе пишам кога ќе имам време. Се брзам сега.
За второто, немој да генерализираш. Најбанален пример зашто има свингери?