Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Помагајте како да го најдам идентификациониот број од пријавата за во студентски :( го запишав некаде и го загинав....:place:
 
Па најави се на smestuvanje.mon.gov.mk и кликни Проверка на податоци.
Горе со големи црвени броеви го пишува :)

--------
Инаку да го редефинирам моето прашање поставено некој пост погоре :(

Во некои документи се бара да се наведе дека сте студент и се бара број од индекс итн.
Но, што ако еве на пример некој се запишува на втор уписен рок ?
Документиве за во студентски треба да се предадат до 30.8.2013, а вториот уписен рок на факултетиве е од 3.9.2013 (а резултатите дури 11/12 Септември) :unsure:
 
Кога че има резултати за во студенскиве?
http://stipendii.mon.gov.mk/rsslink/-/asset_publisher/9y5J/blog/id/4441320

V.2. Конечниот списокза прием на студентите од IIгодина и повисоките години ќе биде објавен на 29.08.2013 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.
Приговор по резултатите се доставува до архивата на Mинистерството за образование и наука, Ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите.
V.3. Конечниот списокза прием на студенти од Iгодина ќе биде објавен на 06.09.2013 година на огласните табли во студентските домови каде што конкурирал студентот и наинтернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk.
Приговор по резултатите се доставува во рок од 5 дена од денот на објавувањето на резултатите до архивата на Министерството.
--- надополнето: 25 август 2013 во 21:57 ---
Па најави се на smestuvanje.mon.gov.mk и кликни Проверка на податоци.
Горе со големи црвени броеви го пишува :)

--------
Инаку да го редефинирам моето прашање поставено некој пост погоре :(

Во некои документи се бара да се наведе дека сте студент и се бара број од индекс итн.
Но, што ако еве на пример некој се запишува на втор уписен рок ?
Документиве за во студентски треба да се предадат до 30.8.2013, а вториот уписен рок на факултетиве е од 3.9.2013 (а резултатите дури 11/12 Септември) :unsure:

Jaс лично на местото на кое се бара да се наведе дека сме студенти и индекс го оставив празно, инаку за прв рок НЕ аплицирав така да и јас ке аплицирам на 3 на вториот рок.
Од една страна е логично да резултатите се објават на 6, но за оние (како мене) кои поднесле барање за во студентски и кои ке ги приложат документите во студентски а не се пријавени на факултет е малку нелогично бидејки се надеваш дека ке те примат во студентскиот и на факултетот а од друга страна стравуваш дека може да те одбијат за во студентски а да те примат на факултет а ти во меѓувреме не бараш план Б каде би можел да бидеш сместен. :)
 
Помагајте како да го најдам идентификациониот број од пријавата за во студентски :( го запишав некаде и го загинав....:place:

и мене истото ми се случи , и си го побарав во министерство за образование и ми го дадоа ....
 
За прва година документиве треба да се достава во домот во кој што конкурираме ? Или пак во Кузман ?
 
За прва година документиве треба да се достава во домот во кој што конкурираме ? Или пак во Кузман ?

Во Кузман се носат документите за аплицирање.
 
и мене истото ми се случи , и си го побарав во министерство за образование и ми го дадоа ....
Дали може тоа шо ви е идентификациониот број,да биде копиран т.е сликата да биде отпечатена со помош на Print Screen па потоа испечатена,битно е бројчето да се гледа нели ? Јас со братулед ми тука средуваме документи да се запише,па зел 2 молби,дали навистина треба 2 молби ? И велат дека ако не се под ред документите,шиткале надвор да се наредат на ред.
 
Бројот може и на ливче да го запише, не мора да се печати. Треба два примерока од молбата + таксена марка. И да, треба по ред да се наредени документите, на влезот од кузман ќе биде истакнат редоследот.
 
Дечки ако сакам да спиам во некој од студентските домови на една вечер, каде треба да се обратам? Има портири во нив?
 
како се заебав со ова идентификациониов број:facepalm: не го запишав пошто мислев апликацијава ке биде достапна нонстоп па кога сакам ке го проверам таму ама сега гледам ја затвориле. Каде се наоѓа министерство за образование?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom