Кој ги изградил пирамидите и зошто?

Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.681
Поени од реакции
13.295
hmmmmmmmmm...
pa za piramidite ima 2 teorii
edni velat deka piramidite gi izgradile marsovcite a pak drugi velat deka gi izgradile egipcanite
ne e mozno luge da izgradat takvo nesto!!!
Можно е само чудно е што за само 20 години биле изградени оние во Гиза. Се мисли дека кога луѓето не се занимавале со земјоделство ги граделе пирамидите - кога земјата не и требало орање/сеење/жнеење. Во овој период од годината цела популација била вработена во градење на пирамидите
 
Clarkii

Hold me,Thrill me,Kiss me,Kill me
Член од
13 август 2007
Мислења
252
Поени од реакции
4
Историски не е потврдено но интересно е мислењето, дека пирамидите се дело на Лемуријанците (третата цивилизација на луѓе) и на Атлантидите (четвртата цивилизација на луѓе). Египќаните, а и воопшто сите луѓе припаѓаме на петтата цивилизација.
Ако се знае дека потопот го има во сите религии во светот а всушност тоа е пропаста на Атлантида и изумирањето на една напредна цивилизација којашто имала способности како што се комуникација со мисли,астрална проекција,телекинеза и се друго кое ние го имаме во нашиот инстинкт а не знаеме да го употрбуваме.Ним им бил познат ласерот како орудие и оружје им била позната атомската енергија,воздухопловството и многу други работи кои дури денес се откриваат во денешнината.Нормално дека после потопот(атомската експлозија)некои од тие луѓе преживеале.Дел од нив останале на Америчкиот континент а дел од нив останал на Стариот континент и помогнале да се изградат градби кои биле вообичаени за нивната земја(пирамидите).Дури постојат верувања дека Еѓипканите и Маите имале меѓусебни контакти со испраќање на поморски експедиции.
П.С. Би требало да има посебна тема за Атлантида многу работи би станале појасни.
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Пред 2500 години ништо не беше чудно и необично околу пирамидите, тие си постоеа , беа опишани од тогашните патеписци и историчари и кој и колку и како ги изградил, целата фама настана сега во последни децении со појава на вон Деникен & компани кој на популаристички начин се обидуваат да прикажат и стават под сомнение делови од човечката историја.
Кој го направил кинескиот зид?? па во него има повеќе материјал и камења од сите пирамиди заедно па не си создаваме теории дека марсовци или атлантдјани го направиле.
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569

Јасно де. Ама споредбата меѓу Кинескиот Ѕид и Кеопсовата пирамида е.. наивна во најмала рака. Кинескиот Ѕид е граден 2000 години од милиони луѓе за заштита од надворешни непријатели, а Кеопсовата пирамида (наводно) 20 години, и не се знае зошто, од колку луѓе, како..

Martin$ напиша:
Имам нов податок :vozbud: интересен

Според Курт Менделсон, стручнак во лабараторија во Оксфорд, пирамидите не биле градени од робови, и не биле градени за фараони, туку тие биле градени за време на преливувањето на Нил. Државата ги земала земјоделците да градат, зошто во поплавата не можеле да се расправаат со земјоделие. Само колку да не останат без работа. Оваа теорија можеби и објаснува зошто има повеќе пирамиди отколку што има фараони.
Толку, кључ :icon_lol:
А, а? Што трубев јас цело време? Него, ОК што вика дека не биле градени за фараони, тоа е јасно.. ама не дава причина зошто воопшто биле изградени толку многу.. така да, далеку од клуч е темава :)
 
Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Јасно де. Ама споредбата меѓу Кинескиот Ѕид и Кеопсовата пирамида е.. наивна во најмала рака. Кинескиот Ѕид е граден 2000 години од милиони луѓе за заштита од надворешни непријатели, а Кеопсовата пирамида (наводно) 20 години, и не се знае зошто, од колку луѓе, како..
А, а? Што трубев јас цело време? Него, ОК што вика дека не биле градени за фараони, тоа е јасно.. ама не дава причина зошто воопшто биле изградени толку многу.. така да, далеку од клуч е темава :)
124. Рекоа дека до кралот Рампсинит во Египет вледеела крајна справедливост и дека Египќаните живееле во благосостојба, но по него, кога со нив завладеал Кеопс, се нашле во крајна беда. Тој откако нејпрвин ги затворил сите храмови и забранил да се принесуваат жртви, заповедал натаму сите Египќани да работат за него. Едни ваделе камења од каменоломите во арабиските брда, а оттаму ги влечеле се до Нил. Откако камењата ќе ги натовареле на бродови на реката другите морале да ги преземат и да ги превезат до гората што се вика Либиска. Во секоја смена а тие траеле по 3 месеца работеле по сто иљади луѓе. Десет години му требало на измачениот народ да го изгради патот по кој потоа ги влечеле камењата, зашто таа била работа , според мене, не многу помала од градењето на пирамидата. Во тоа поминале десете години и во градењето на платото на кој седат пирамидите и во подигањето на приземните простории, каде што, откако заповедал да се прокопа канал од Нил, на еден остров направил гробница за себа. На градбата пак на самата пирамида се потрошени дваесет години. Секоја нејзина страна е долга осум плетари, и е четриаголна со висина иста како страните. Направена е од делкани камења, меѓу себе изворедно сложени. Ниеден камен не е помал од 30 стапки.
125. Таа пирамида е направена како скали кои некои ја викаат басамци а сруги столбиште. Откако го направиле првото скалило, натаму друготе камења ги кревале со направа која се состоела од кратки дрвени греди, ги кревале од земјата дп првиот ред скалила. За да се постави каменот на него тој се ставал на друга направа, што стоела на првиот ред а оттука до второто скалило се влечел пак со друга направа.......................
Херодот Историја (книга Евтерпа) 5ти век пред нашата ера

Да не должам, потаму се споменува и цената на чинење на изградбата на пирамидата, историјат (краток) на Кеопс па на неговиот наследник Кефран (и неговите пирамиди)
Значи пред 2500 години Херодот бил во Египет и ги гледал пирамидите и Египќаните му ги читале записите на пирамидите во кои е опишана нивната градба, и нигде не се споменува дека некоја надприродна или надчовечка сила ги направила (некој бог или божества) сега ние НАИВНО ќе тврдиме дека марсовци ја направиле???
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Како наивна ја спомнав споредбата меѓу двете градби, а и во ниедно мое мислење не сум пренел верување дека пирамидата на Куфу му ја изградиле вонземјани :wink:

Пресметките ги има на некоја од претходните страни.. мада ќе треба апдејт, зашто се земени 20 години Х 365 дена, кога всушност граделе само неколку месеци од годината.. што значи, бројките уште повеќе ќе одат контра официјалните податоци. Друго.. и да имало 100.000 работници што работеле на проектот (бројка која се` повеќе научници веќе одбиваат да ја земат како точна), на самата пирамида можеле да се испентарат/работат неколку стотици, до 1-2 илјади луѓе. Се` друго би било контрапродуктивно (правење гужва).

Направени се обиди да се рекреира начинот на изградба, нормално со намалени димензии. Пропаднале. Тимови од инженери, со сето нивно знаење, не успеале да го повторат тоа што го направиле необразовани селани пред 4000 години.

И на крај, пак нема одговор на прашањето - која била/е целта на градењето, не само на оваа, туку и на останатите пирамиди?
 
Види , пред 2500 години ништо не беше чудно околу пирамидите, самите Египќани знаеле кој зошто и како ги направил, самите тие не споменувале никакви надчовечки суштества ни богови дека учествувале или ги граделе пирамидите. Ти си на стајалиште како некој кој во 4890 година ќе докажува дека ајфеловата кула ја направиле вонземјани пошто не гледа никаква сврха зошто како и кога била направена.
Од становиште денешно , без познавање на историјата, обичаите, начинот на животот, културата и сфаќањата на древните народи, нормално е да му се чудиш на такви градби и жртвувања на цел народ за да се задоволи желбата на фараонот. Денес кога претседателот на Македонија би те повикал да копаш и риниш земја, ваѓаш камења и цел ден на жешкото сонце влечкаш камења во негова слава месец за месец година за година , ти веројатно би го отерал во половиот орган на сопругата на татко му, затоа имат мака децата денес да го разберат древниот свет, гледајќи го со очите на денешницата.
 
Мартин$

Модератор
Член од
2 март 2007
Мислења
5.234
Поени од реакции
148
Јасно де. Ама споредбата меѓу Кинескиот Ѕид и Кеопсовата пирамида е.. наивна во најмала рака. Кинескиот Ѕид е граден 2000 години од милиони луѓе за заштита од надворешни непријатели, а Кеопсовата пирамида (наводно) 20 години, и не се знае зошто, од колку луѓе, како..

А, а? Што трубев јас цело време? Него, ОК што вика дека не биле градени за фараони, тоа е јасно.. ама не дава причина зошто воопшто биле изградени толку многу.. така да, далеку од клуч е темава :)
Е како не? Ам секоја година имало потоп. За то време дури бил потопот шо ќе прает? Нормално дека ќе работат, оти нивите под вода :) И аман за кључот. :icon_lol: Сум се зачленал на форумов 20 % само за темава. Ме пукна веќе кај шо ја гледам :smeshko:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Која интелигенција сме ние кога не можеме да разбереме како пред повеќе од 2,5 милениума ги граделе пирамидите ?! Одговорот е едноставен: Биле поинтелигентни, попаметни, НО на друг начин, не на овој нашиов сега - мрзловци прва класа. Се ќе направиме само за да седиме, да јадеме пуканки, а компјутерот се САМ да си работи. :helou:
 
OffLine

Worminkle UniversitY
Член од
27 септември 2007
Мислења
161
Поени од реакции
0
пирамиди граделе и во египет и кај ацтеките(мексико) најверојатно и на двете места изградени се од луѓе но јас не сфаќам како се граделе на сосема различни страни од светот.
 
korun

lame
Член од
21 октомври 2007
Мислења
389
Поени од реакции
28
Изградба на пирамидите во Египет

Баш пред некое време мислев како биле градени пирамидиве во Египет(ликовно имавме лекција баш за Египет и во тие моменти на душевно страдање, не мојте да разберите дур не видите колку е нискоинтелегентна професоркана почнав да мислам.....). Изградени од незнам таму колку илјади камени блокови секој тежок околку 2 тона (немат теорија :D). Не знам од каде ама слушнав и приказни од типот, дошле тогаш вонземјани и му помогнале.......во кој искрено не вервам.:uvo:
 
Член од
17 ноември 2007
Мислења
42
Поени од реакции
0
hmm..vidis ova tera na razmisluvanje..bas gledav edna emisija..i veli deka so segasnata tehnologija..so tolku mnogu kranovi edno drugo..nema sansi da se izgradi piramida kako keopsovata za 100 godini..a togas ja izgradile za kolku..ne znam..
 
Член од
9 ноември 2007
Мислења
9.327
Поени од реакции
1.334
Само да знаеш што можат да направат 100 000-200 000 робови за десетина години.Ми се чини и во Лас Вегас има пирамида хотел заедно со сфингата
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Здраво, пак јас. Пред отворање на нова тема, видете дали веќе има иста (при куцање на самиот наслов дава слични теми).

Бујрум.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.141
Поени од реакции
10
епа ајде да размислиме убаво
за да се изгради една пирамида колку камени блокови се потребни?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom