Теслини трансформатори

  • Креатор на темата Креатор на темата Теодор006
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правите или планирате да правите барем еден теслин трансформатор


  • Вкупно гласачи
    21

Теодор006

Научник
Член од
25 август 2013
Мислења
270
Поени од реакции
111
Возраст
25
Локација
На ридон под Селечка
Пред некој месец барав на интернет како да се направи генератор за статичен електрицитет, кога гледам колку бил поинтересен теслиниот трансформатор. Веднаш почнав да се распрашувам за шема, делови и.т.н. Се најдов на еден натпревар за електроника каде што едно девојче имаше направено Теслино трафо (трафо е кратенка за трансформатор) кога го вклучи бев вчудоневиден и се заколнав дека ќе направам таков еден ден.
Ја започнувам дискусијава со неколку прашања
Каков вид на трансформатор да користам за зголемување на приемниот напон
И од каде да најдам бакарна жица за секундарот (лоциран сум во Прилеп)
thumbnail.php
 
хммм незнам кај можеш да набавиш жици али ти треба стварно висок напон на трафото...

јас го иам направено ова и работеше интересно се додека не ми испука пошо беше со каскада од телевизор (fucking 50kV :D )
 
Пред некој месец барав на интернет како да се направи генератор за статичен електрицитет, кога гледам колку бил поинтересен теслиниот трансформатор. Веднаш почнав да се распрашувам за шема, делови и.т.н. Се најдов на еден натпревар за електроника каде што едно девојче имаше направено Теслино трафо (трафо е кратенка за трансформатор) кога го вклучи бев вчудоневиден и се заколнав дека ќе направам таков еден ден.
Ја започнувам дискусијава со неколку прашања
Каков вид на трансформатор да користам за зголемување на приемниот напон
И од каде да најдам бакарна жица за секундарот (лоциран сум во Прилеп)
thumbnail.php

другар
незнам што учиш сега ама претпоставувам основно..
почекај до средно и запиши се гимназија, кај ана по физика распрашајсе и ќе ви дај да си играте со теслин трансформатор.

ај вака:
За изработка ти треба 30 тина метри бакарна жица за 1 метро столб со радиус од 5 цм ептен тесно намотана на машина за навои на бакар или да побараш некаде кај што премотуваат ел мотори да ти направат услуга.
Ти треба извор на еднонасочна високонапоска струја. Можеш да го направиш тоа со приклучување на високонапоски тансформатор и да земаш стуја од штекер. Сепак ти трреба подлабоки познавања на електроника за да научиш што трансформатор ти трреба.
Ти треба да најдиш и да купиш високонапонски кондензатор со мала капацитивност. Интернетов кажува дека ти треба кондензатор со 0,03uF и 60kV напон - порцелански. Со среќа наоѓање на такво нешто во Македонија.

Шемата е едноставна ама изработката е скапа и тешка за нешто што понатаму воопшто нема да ти користи во животот. Има многу поедноставни поинтересни и поевтини проекти од областа на електрониката.
 
Кондензатор направив, направив драјвер за високонапонско трафо, направив искричар, најдов цевка, рачно ќе го мотам, уште високонапонско трафо и жица да најдам, ќе им речам на моите да ми купат за роденден..
 
Најдов високонапонско трафо (бобина од Томос:D ) за 400 денари. купив тенка жица(0,5мм) и ја намотав цевката со 980 намотки. Кондензаторот го направив од тегла, алуминиумска фолија и солена вода. Уште ми остана да го склопам деликатно за се убаво да изгледа.
 
По долга потрага за доста ефикасен драјвер за трафото, пукнато реле поради јаката струја, и повторна потрага за драјвер наидов на вакви податоци
If you don't have the materials to build a flyback transformer, or ignition coil driver, you may want to use a modified laptot charger as a power supply. You need to open it and remove the circuitry, than connect two wires directly from the transformer's output, that makes the output AC so you can connect the two wires directly to the HV transformer. The AC current is really efficient, It is even better than the ZVS driver! Instead of using pulsed DC the transormer is using continious current so the HV output can run ANY HV electronic project.
Сето ова има прилично добра смисла, наизменичната струја е најефикасен начин за трансформирање на струјата.
другар
незнам што учиш сега ама претпоставувам основно..
почекај до средно и запиши се гимназија, кај ана по физика распрашајсе и ќе ви дај да си играте со теслин трансформатор.

ај вака:
За изработка ти треба 30 тина метри бакарна жица за 1 метро столб со радиус од 5 цм ептен тесно намотана на машина за навои на бакар или да побараш некаде кај што премотуваат ел мотори да ти направат услуга.
Ти треба извор на еднонасочна високонапоска струја. Можеш да го направиш тоа со приклучување на високонапоски тансформатор и да земаш стуја од штекер. Сепак ти трреба подлабоки познавања на електроника за да научиш што трансформатор ти трреба.
Ти треба да најдиш и да купиш високонапонски кондензатор со мала капацитивност. Интернетов кажува дека ти треба кондензатор со 0,03uF и 60kV напон - порцелански. Со среќа наоѓање на такво нешто во Македонија.

Шемата е едноставна ама изработката е скапа и тешка за нешто што понатаму воопшто нема да ти користи во животот. Има многу поедноставни поинтересни и поевтини проекти од областа на електрониката.


Напротив, ефтина е изработката, најскапо нешто е жицата, сите други делови можат да се направат дома или да се најдат во некој стар телевизор со катодна цевка.
П.С. Треба извор на високонапонска наизменична, не еднонасочна струја.
 
КОНЕЧНО ГО НАПРАВИВ, ПО 3 МЕСЕЦИ МАЧЕЊЕ!
Драјвер
Транзистор- 2N6253
Отпорници еден променлив, графитен од 50 оми и еден 220 оми 1 ват
Намотки- примарна, 10 навои/ Фидбек 4 навои
HV Трафо
АС сплит трафо од ТВ (од најстарите телевизори, ТВ то беше без каскада, од трафото директно смукалка на екран)
Примарно коло
Кондензатор- тегла со електролитски раствор и алиминиумска фолија како друга плоча (има веќе доволно информации на интернет)
Искричар- свеќица од мотор.
Примарна намотка( не кажувам колку навои оти некако слабо беше при првото тестирање, па ќе експериментирам колку ми даваат максимум напон на секундар.)
Секундарна намотка
980 навои енамелирана бакарна жица со дебелина 1 мм.
Следува- шема
--- надополнето: 13 октомври 2013 во 13:22 ---
TC.gif
 
Molba do adminite da se izbrishi temava...[DOUBLEPOST=1424522448][/DOUBLEPOST]Ili ako ne celata tema, barem prvite postovi, zatoa shto nemozam da gi edituvam a sega svativ kolku gluposti imam istreseno...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom