- Член од
- 14 март 2010
- Мислења
- 16.997
- Поени од реакции
- 16.467

Можеби и најслабата група на првенството, но не значи дека ќе е и не интересна, во битка за првите три места кои водат во наредна фаза ќе се борат сите шест репрезентации, од кои една е и главен фаворит за освојување на златниот медал на првенството, а од минатото ќе го брани сребрениот медал, а тоа е репрезентацијата на Франција. Останатите репрезентации се класа подолу од неа, а групата освен Франција ја сочинуваат Украина, Германија, Белгија, Велика Британија и Израел.
Неколку квалитетни играчи ќе недостасуваат во оваа група и во репрезентациите, со што и така опаднадиот квалитет на групата го симнуваат ниво подолу, едни од тие се секако Дирк Новицки во Германија, Јоаким Ноа во Франција, Луол Денг во Велика Британија, Рони Туриаф во Франција, Бен Гордон во Велика Британија..
Тимот на Израел можеби и е со најкомплетен состав од сите репрезентации, но тоа не значи дека ќе е и еден од главните фаворити за првите три места.
Една од главните ѕвезди во оваа група без сомнение е Тони Паркер од Франција, исто тука ќе е и Борис Диав.
Интересно е да се спомене дека репрезентациите од оваа група се потенцијални противници на нашата репрезентација, во случај да избориме влез во наредна фаза, а тоа значи дека работите ни се убаво поклопени, останува само на нас.
Оваа група ќе се игра во Љубљана во Тиволи Арената, која е со капацитет од 5.500 седишта.

Распоредот на натпреварите:
Прво коло, 4 септември
Израел - В. Британија
Белгија - Украина
Франција - Германија
Второ коло, 5 септември
Украина - Израел
В. Британија - Франција
Германија - Белгија
Трето коло, 6 септември
Германија - Украина
Белгија - В. Британија
Франција - Израел
Четврто коло, 8 септември
В. Британија - Германија
Украина - Франција
Израел - Белгија
Петто коло, 9 септември
В. Британија - Украина
Германија - Израел
Белгија - Франција