- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Јас нешто имам испуштено или навистина струјата од 1-ви август е повторно поскапена?
Вчера ми стигна сметка и има една цена за јули и повисока цена за август. Отворив и страната на евн и таму фино си стојат нови цени, 4,05 со 2,03. Не се сеќавам дека некаде беше објавено дека поскапе струјата, по „огромното“ намалување на цената, кое што изгледа траеше смао еден месец.
Vazno e da se zbuni neprijatelot...odsekogas sme bile ovci,i ke si ostaneme...nekoj se izraduva deka poevtinuva strujata...i op!![]()
Никаде ништо не објавија но ја поскапеа струјатаисто и кај мене од август нова цена на струјата,имаше ли на вести за поскапувањето или не?
На 28 јуни 2013 година, Регулаторната комисија донесе одлука УП1 бр. 08-121/13 со која се утврдени цените
Скапа тарифа 3,99 * 1,33 * 1,18 = 6,26 денари/KWh
Ефтина тарифа 2,00 * 1,33 * 1,18 = 3,14 денари/KWh
Оваа одлука погледнете ја овде:
http://www.erc.org.mk/odluki/6. EE-C-2013.06.25 EVN SNABDUVANJE.pdf
Но Електростопанство се жалело и второстепената комисија за жалби ја поништила оваа одлука и донело нова одлука со која цените се покачени и сега тие цени се:
Скапа тарифа 4,05 * 1,33 * 1,18 = 6,36 денари/KWh
Ефтина тарифа 2,03 * 1,33 * 1,18 = 3,19 денари/KWh
Струја за дуќани 6,31 * 1,33 * 1,18 = 9,90 денари/KWh
Оваа одлука можете да ја погледнете овде:
http://www.erc.org.mk/odluki/Resenie - Sluzben vesnik.pdf
Начинот на одредување на цени во Македонија е следен:
Претпријатијата доставуваат пополнети формулари колку пари им треба, а Регулаторна ги одобрува.
Затоа цените постојано се зголемуваат
И она симболично намалување од јуни, со ова го поништија.
Инаку овие цени се многу поголеми од цените во САД
Еве погледнете ги крајните цени во САД, по држави за месец јуни, за домаќинста просечната цена е 12, 54 центи * 46 денари за долар = 5,77 денари за комерцијалните потрошувачи и индустријата се уште пониски
Цените во САД погледните ги овде:
http://www.eia.gov/electricity/monthly/epm_table_grapher.cfm?t=epmt_5_6_a
И во ЕУ се пониски цените на струјата за комерцијалните потрошувачи и индустријата, а за домаќинствата струјата во ЕУ е поскапа, бидејќи со сметките за струја се наплатува данок за изградба на обновливи извори на струја. Инаку цената на струјата е пониска одошто е кај нас