ако си примен и не се појавиш на 29 или 30 тоа е исто како да си се откажал од местото. Треба да склучиш договор со факултетот да земиш индекс и да те внесат во книгата, затоа е обавезен датумот. Ако не потпишиш таков договор местото целосно го отстапуваш, не си ни државна ни приватна квота и треба да си ги земиш документите назад. Вториот уписен рок ќе биди на 1 и 2.
За погорните години на пример кога ќе запишуваш трет семестар можеш да закасниш со рокот на запишување (ама ќе треба да платиш казна од 2500)
На кој факултет во Словенија аплицираше? Ако аплицираше на Љубљански универзитет на електро факултетот тогаш партиципацијата ќе ти биди 4000 евра годишно. Лани другар ми аплицираше во Словенија и исто како тебе требаше да чека резултати а имаше и на Финки поддадено документи, ама кога дозна колку пари треба да плаќа таму си се откажа и си плати овде на Финки.