Ај ќе пробам да ти објаснам како на мало дете, затоа што гледам дека тоа е неопходно.
Имам јас тегла со џамлии, и бројот на џамлиите не е нула.
Тоа значи дека бројот е или парен или непарен.
И јас ти доаѓам на тебе и ти викам - бројот на џамлиите е парен број, дали ми веруваш?
И ти многу разумно ќе ми кажеш не верувам, затоа што немам доволно информации за да дојдам до заклучок. Тоа не значи дека ти веруваш дека бројот на џамлии во теглата е непарен, туку дека немаш доволно докази/информации за да ми поверуваш дека бројот е парен.
Се разбираме ли сега?
Ист пример може да се даде и со правосудството, човек може да биде прогласен невин заради недоволен број на докази за негова вина, тоа не значи дека судијата верува дека е невин, туку дека нема доволни докази.