Рамстор Гараж Сејл - Попусти до 85%

  • Креатор на темата Креатор на темата FeliXxX
  • Време на започнување Време на започнување

FeliXxX

Нинџа
Член од
27 април 2010
Мислења
808
Поени од реакции
282
Локација
Штип
Рамстор Мол Ви го претставува првиот Гараж сејл во Скопје

Правиме чистка, вадиме сè надвор!
Од 20-ти до 27-ми август, за првпат кај нас, Рамстор мол Ви ја претставува акцијата Гараж сејл која нуди огромни попусти и најниски цени досега!
Во време кога и ние ја чувствуваме глобалната економска криза и во период кога џебовите ни се поплитки по годишните одмори, Рамстор мол најави акција каде секој ќе може да си дозволи ново парче облека или производ по најдостапна цена.
01.jpg



Го рекламираат многу гледам но многу малку од посетителите расправаат дека стварно купиле нешто па ме интерисират ваши мислења за гараж сејл затоа што се мислам да го посетам па дали се исплака оти сум од Штип :D

Mногу малце носат кесиња дека купиле нешто ;)
 
Ко да прошол ураган низ Рамстор. Уште првиот ден немаше веќе ништо.
 
Тоа „вадиме се' надвор!“ е жива глупост и дава впечаток дека се' е на попуст, а всушност на попуст се само одредени производи.
Тоа „до -85% попуст“ е исто така провидна финта, затоа што обично само 1-2 производи имаат толку голем попуст, а тие најчесто и онака никој не ги сака или се потрошени.

Ова слично ко вечниот попуст во „Орка спорт“... Таму од кога знам се' е на 50% попуст, ама тоа значи дека всушност никогаш и нема попуст.

И за крај, многу лошо избран датум за било каква распродажба... Крај на месец, сите се тепаат да ги остават последните пари на облека и техника. Yeah, right.
 
Бев во Средата, Ла Косте уште претходниот ден бил распродаден.
 
Нормално дека не може све да е на попуст.
Иначе јас си се подновив, две фустанчиња, маичка и сукња.:love:
 
Нормално дека не може све да е на попуст.
Иначе јас си се подновив, две фустанчиња, маичка и сукња.:love:

Абе за жени, дури и кога нема попуст, цените се гола вода... Буквално за 1000 денари може да се опремиш од глава до пети, па после со кусурот да одиш на филмче во киното. Во Групо Фиори се движат цени од 100 до 300 денари за маички, фустанчиња и тн, а во Тип-Тап ќе најдеш штикли за 200 денари. За тоа не ви ни треба попуст. Дај да видиме попуст на оригинали, на спортска опрема, на машка гардероба, на техника... :)
 
Попусти имаше тоа никој неможе да го негира не за џабе уште по првиот ден 90% од робата што беше изложена се продаде на пример во продавницата на лакосте притоа да се чека редови за влез кај нив. Адидас и предходно си имаа попуст на се така да цените кај нив си беа исти со предходниот попуст, најк исто имаа попуст е сега колку биле реални предходните цени што беа ставени во сите продавници е друга тема за дискутирање битно скоро се беше намалено за разлика од предходно..
 
Жените купуваат мажите не, освен ако е педер, рапер, металец и сличен кремец со специфична гардероба.

Затоа е толку ефтина гардеробата женска :icon_lol:, поголема побарувачка повеќе модели поголема конкуренција :icon_lol:....
 
Жените купуваат мажите не, освен ако е педер, рапер, металец и сличен кремец со специфична гардероба.

Затоа е толку ефтина гардеробата женска :icon_lol:, поголема побарувачка повеќе модели поголема конкуренција :icon_lol:....
Па како да купуваат и мажите, кога е 5 пати поскапа?
И мене да ми се маичките по 100-200 денари ќе купувам неделно по една...
 
Па како да купуваат и мажите, кога е 5 пати поскапа?
И мене да ми се маичките по 100-200 денари ќе купувам неделно по една...

Затоа што повеќе се купува женска гардероба има поголем избор, а со тоа поголема конкуренција и пониски цени.

Тоа е пазарен закон и нема бегање :icon_lol:.
--- надополнето: 23 август 2013 во 15:04 ---
Има за 200 денари лакоста додуша не лакосте :icon_lol:.
 
Затоа што повеќе се купува женска гардероба има поголем избор, а со тоа поголема конкуренција и пониски цени.

Тоа е пазарен закон и нема бегање :icon_lol:.

ПА АКО ИМА ПОГОЛЕМ ИЗБОР И ПОНИСКИ ЦЕНИ, ЌЕ ИМА И ПОГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА!

Не може побарувачката од воздух да се формира, мора да има добра понуда.
 
Не е тоа никаков попуст, тоа е реалната цена за која треба да се продаваат тие парчиња гардероба.
 
Има нешто добро останато во Рамстор облека/обувки или ? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom