Филозофски факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Scarlett O'hara
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе може некој да ми каже по опширно што смерови има на факултетов,како идат уписите(што успех барат),колку студенти примат.Се двоумам на кој факултет да се запишам и сакам да ги видам опцијте овде.

Доколку сакаш брат на Филозофски факултет да се запишеш, ти предлагам:
- Психологија
- Класични студии
- Историја
- Историја на уметност

Макар и сите други смерови се супер, но според мене овие се најдобри :)
 
а археологија иде заедно со уметност? или тоа посебно си е ?
Историја на уметност и Археологија само спаѓаат во исти институт т.е. Институт за Историја на уметност и археологија

Во смерот Археологија подетално учиш за ископувањата и археологијата на Стариот и Средниот век, додека во смерот Историја на уметност повеќе внимание се посветува на уметноста, и тоа од сите периоди.

Од праисторијата т.е. 30.000 година п.н.е. па се до денешен ден.
fala mnogu.sepak sum za istorija na umetnost :))))
 
Јас не студирам на класични студии, но студирам на Филолошки па, ќе ти пренесам некои информации кои мене ми се познати. Се запишуваат многу малку студенти, мислам дека претходната година не се запишаа повеќе од 5, ако не и помалку. Дали е тешко не можам да кажам, но верувам дека е ( односно, мислам дека е паднат малку критериумот за тежина заради тоа да бидат колку - толку привлечни и да, ова е од муабети што значи не го прифаќај како забелешка што е сигурно точна ). Знам дека има квалитетен кадар на професори.
инаку не прашувам за мене туку за сестра ми.
сега е матурантка па се мислеше дали да иде на овој факултет. сега кога и кажав дека малку се запишуваат (она си знаеше ама не мислеше дека помалку од 5 души има) ја изгуби волјата. инаку она сака да студира психологија ама премногу се запишани и планираат да се запишат од нејзината генерација, па може да има проблеми при уписите (одлична ученичка е ами сепак конкуренција) , а и плус нема работа лесно.
или сака да биде професорка по некој општествен предмет, па случајно во едно училиште (не е битно кое) видела дека проф. по латински е за у пензија, па затоа и се моташе у глава класични студии :unsure: сега сосема е у хаос и уште не знае точно, а времето лета. ај здравје белки ќе и текне нешто.
јас ја убедувам дека нема врска што се малку студенти ама она се запнала дека глупаво ќе било...па иди убеди ја....
 
ko prvo ako profesorkata po latinski e u penzija treba da fati jaki vrski u opstinata pod koja e ucilisteto pa moze da si pocne so rabota use i dur e na fakultet....inace ako ceka vaka bolje neka ne ide na fakultet
 
Знае ли некој да ми каже подетално за историја од што се учи, имам слушнато дека голем дел од книгите биле на српско-хрватски и сл.
 
Знае ли некој да ми каже подетално за историја од што се учи, имам слушнато дека голем дел од книгите биле на српско-хрватски и сл.
Според тоа што ми кажаа мене, повеќето се такви стари книги од памтивек на српско-хрватски. Има и на македонски али подетално за кој предмет што како не знам...
 
Знае некој кога се полага Дефендологија 2 кај Зорица Салтировска?
tnx
 
--- надополнето: 13 август 2013 во 20:50 ---
Не знам која би била соодветна тема за ова, најдобро овде да прашам.. Дали со завршен факултет за Безбедност, на Филозофски оној што е, може да се работи нешто надвор од државава, пример Австралија, Америка..? И ако да, што? На какво работно место?
 
Ај и јас за сестрами да прашам. :)
Дали со завршено Педагогија на Филозофски добиваш диплома со која мојш да работиш како наставник во предучилишна или училишна или си само Педагог?
 
--- надополнето: 13 август 2013 во 20:50 ---
Не знам која би била соодветна тема за ова, најдобро овде да прашам.. Дали со завршен факултет за Безбедност, на Филозофски оној што е, може да се работи нешто надвор од државава, пример Австралија, Америка..? И ако да, што? На какво работно место?

Не. Учиш за наш правен систем, учиш за наши закони. Побогу, стави прст на глава, и размисли уште еднаш за прашањево.
Можеш ко секјурити у дискотека да работиш само.:D
 
Не. Учиш за наш правен систем, учиш за наши закони. Побогу, стави прст на глава, и размисли уште еднаш за прашањево.
Можеш ко секјурити у дискотека да работиш само.:D
Е сега ме израдува.. Да ми кажеше порако барем пред да се запишувам.. Изгледа ќе бидам секјурити на крај :D
 
Е сега ме израдува.. Да ми кажеше порако барем пред да се запишувам.. Изгледа ќе бидам секјурити на крај :D

Toa e. Обично со факутлети како тој, на кој го учиш нашиот систем, нашите закони, еве за пример: Правен, ограничен си за странство.
 
Toa e. Обично со факутлети како тој, на кој го учиш нашиот систем, нашите закони, еве за пример: Правен, ограничен си за странство.
А овој толку ли не го бива? o.O Мислев дека со подебели врски кога ќе завршам би ме ставиле со тек на време на убаво работно место :) а и доколку е признаен и во странство би заминал..
 
Јас планирам на Безбедност,Одбрана и Мир да се запишам годинава,ме оборија на Воена Академија па сега ваму.. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom