Филозофски факултет

С

Сибињанин Јанко

Гостин
Значи фактички све останува исто во врска со историјата само минус можност да се работи како наставник?
Да. Можеш да бидеш наставник под услов да дослушаш уште четири предмети: психологија, педагогија, методика на настава и практична настава. Може има уште некој, не ме држи на збор.

А тогаш што друго останува поврзано со историја? Спомна истражувач, тоа не сфаќам баш што точно значи, каков тип на работа опфаќа? Овие ствари ако можеш да ми ги објасниш, плус што друго освен ова останува
Види чиста историја имаш двa смера. Наставен и истражувачки (немој да мешаш со историја-архивистика, они се посебно). Разликата е во четирите предмети што горе ти ги набројав. Истражувачите тие ги немаат, а место нив слушаат чисто историски предмети. Пример јас сум наставен смер и слушам педагогија во шести семестар, а колегите од истражувачка насока слушаат историја на САД и Латинска Америка место тоа (има и други предмети зависно што ке изберат). Разлика голема нема, освен тоа што еден истражувач неможе да биде наставник, а еден професор по историја може да биде истражувач.

А и еве дипломиран професор по историја може да работи само во средни и основни училишта, или може да напредува и во други области?
Освен школи можеш во музеј, библиотека или сл. установи. Можеш и да запишеш магистерски и продолжиш на факултет или на ИНИ, да бидеш истражувач (иако не си таа насока) и тако даље.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Да. Можеш да бидеш наставник под услов да дослушаш уште четири предмети: психологија, педагогија, методика на настава и практична настава. Може има уште некој, не ме држи на збор.

Види чиста историја имаш двa смера. Наставен и истражувачки (немој да мешаш со историја-архивистика, они се посебно). Разликата е во четирите предмети што горе ти ги набројав. Истражувачите тие ги немаат, а место нив слушаат чисто историски предмети. Пример јас сум наставен смер и слушам педагогија во шести семестар, а колегите од истражувачка насока слушаат историја на САД и Латинска Америка место тоа (има и други предмети зависно што ке изберат). Разлика голема нема, освен тоа што еден истражувач неможе да биде наставник, а еден професор по историја може да биде истражувач.

Освен школи можеш во музеј, библиотека или сл. установи. Можеш и да запишеш магистерски и продолжиш на факултет или на ИНИ, да бидеш истражувач (иако не си таа насока) и тако даље.
Океј горе-доле јасно ми е све, ќе остане на мене да одлучам. Изгледа чиста историја многу повеќе би ми лежело. Само уште ова. Наставен смер би ми дал можности да бидам наставник, додека истражувачкиот смер истражувач. За првиот ми е све јасно. Е сега истражувач што конкретно опфаќа, што може да стане од мене ако изберам истражувачка насока, кои можности тоа ги нуди?
 
Ти пишав, разлика скоро и да нема. Единствено се различни звањата и ограничувањето на истражувачот да се вклучи во наставен процес. Звањето на истражувачот е дипломиран историчар, а оној со наставен смер е дипломиран професор по историја. Дипломиран историчар се бави со истражувачка работа, објавување книги, статии, превод и анализа на извори, али тоа тука во Македонија не проаѓа, освен Грујо ако не ти е вујко па да те финансира. Пример со истражувачка дејност се бават во Институтот за национална историја (ИНИ), ама и таму местата се веќе полни.

А и не се држи толку до шаблон. И со наставен смер можеш да бидеш истражувач, зависно од интересот. За мене смеровиве се тотална глупост.:) Иначе они се бираат во 3-та година.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Океј фала многу за информацииве, дефинитивно ќе ги земам во предвид при одлучувањето, не знаеш колку си ми помогнал :)
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
21
Поени од реакции
6
Дечки ајде помош.Отсекогаш сум сакала да студирам историја и сега се двоумам меѓу чиста историја и историја на уметност.Ми кажуваат дека на уметност било добро па ајде да чујам вие што мислите :)
 
L-A-V

who cares? =)
Член од
2 декември 2008
Мислења
477
Поени од реакции
57
не знам кај да го поставам прашањево, се надевам овде е добро. Значи ме интереснира што милите за класични студии?
дали некој од форумов студира? или познавате некој што студира? тежок е многу? колку студенти се запишуваат годишно од прилика? (знам дека малку)
:)
 
ЈуријАркадиевич

Модератор
Член од
10 мај 2010
Мислења
1.811
Поени од реакции
7.119
не знам кај да го поставам прашањево, се надевам овде е добро. Значи ме интереснира што милите за класични студии?
дали некој од форумов студира? или познавате некој што студира? тежок е многу? колку студенти се запишуваат годишно од прилика? (знам дека малку)
:)

Јас не студирам на класични студии, но студирам на Филолошки па, ќе ти пренесам некои информации кои мене ми се познати. Се запишуваат многу малку студенти, мислам дека претходната година не се запишаа повеќе од 5, ако не и помалку. Дали е тешко не можам да кажам, но верувам дека е ( односно, мислам дека е паднат малку критериумот за тежина заради тоа да бидат колку - толку привлечни и да, ова е од муабети што значи не го прифаќај како забелешка што е сигурно точна ). Знам дека има квалитетен кадар на професори.
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
не знам кај да го поставам прашањево, се надевам овде е добро. Значи ме интереснира што милите за класични студии?
дали некој од форумов студира? или познавате некој што студира? тежок е многу? колку студенти се запишуваат годишно од прилика? (знам дека малку)
:)
На смерот класични студии ова години се запишаа во првиот круг мислам само 2-ца, што се однесува на наставниот кадар е стварно квалитетен и професионален. Доколку стварно толку многу те интересира античкиот период т.е. стариот век, тогаш не се двоуми. Инаку на смерот класични студии има доста интересни предмети: античка култура, антиката и европската култура, античка митологија, античка реторика и други. Но доколку се запишеш на овој смер и предлагам втор семестар да одбереш како изборен предмет историја на стар век 2, поради тоа што тој предмет го предава еден од најдобрите професори на античкиот период.

Само да ти кажам дека античкиот период не е баш толку многу проста работа, туку претставува доста многу сложен систем, но доколку те интересира многу, го учиш тоа што го сакаш и со сопствен труд ќе достигнеш до целта.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 23:01 ---
Дечки ајде помош.Отсекогаш сум сакала да студирам историја и сега се двоумам меѓу чиста историја и историја на уметност.Ми кажуваат дека на уметност било добро па ајде да чујам вие што мислите :)
Историја - институт за историја
Историја на уметност - институт за историја на уметност и археологија

Што се однесува до првиот смер, морам да кажам дека смерот „Историја“ е многу интересен и во него се опфатени сите периоди од историјата на човештвото. Значи во овој смер се учат работи од сите области и периоди од историјата.
Прва година - Од „Неолитската револуција“ па се до пропаѓањето на Западното Римско Царство во 476 година
Втора година - Од пропаѓањето на Западното Римско Царство до периодот на ренесансата, до околу крајот на XV почетокот на XVI век
Трета година - Од ренесансниот период па се до почетокот на Првата светска војна во 1914 година
Четврта година - Од почетокот на Првата светска година па до ден денес

Додека во смерот историја на уметност, како што кажува и самото име повеќе внимание се обрнува на уметноста. Имаш многу предмети од античка уметност, значи уметност на народите на Блискиот исток - Сумерците, Акадците, Бабилонците, Египјаните, Хетите, Хебреите, Феникијците и други, потоа има хеленска уметност, римска уметност, средновековна уметност, хуманизам, ренесанса, барок, класицизам, романтизам, просветителство, модерна уметност, современа уметност и други.....

Што се однесува до тежината на факулетот, како најпрво да напоменам дека многу предмети не се учат на македонски јазик, туку главно се користат книги напишани со српско-хрватски јазик, но сепак во нив ги има сите информации што ти се потребни при студирањето. Некој предмет понекогаш има и повеќе од една книга, но сепак доколку го учиш тоа што го сакаш, верувај дека ќе немаш големи проблеми, туку само треба сите обврски да ги решаваш со време. Што се однесува до оценувањето кај некои професори тоа потешко оди, но тоа го има на сите факултети. Исто така и дватта институти располагаат со професионален наставен кадар, од кој што ќе можиш да научиш многу работи, па дури и без да прочиташ нешто од книга. Предавањата обично траат од 2 до 4 часа најмногу на ден. Но секоја година имаш неколку задолжителни и изборни предмети, од кој изборните ќе си ги одбереш по свој вкус.

Од една страна само да ти кажам дека немој да мислиш дека факултетот е лесен, туку си има своја тежина. Доколку не учиш, не би требало да бидиш разочарана доколку не поминиш, но доколку учиш верувај дека трудот ќе ти се исплати.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Megamind гледам бајаги информиран си околу факултетов па да те прашам и тебе што мислиш какви можности ти дава смерот чиста историја во иднина? Претходно можеш да видиш дека членот убаво и детално ми ги објасни наставниот и истражувачкиот смер, али би сакал вака и твое мислење за работните можности кои ги нудат по завршувањето на факлутетот, пошто викаш трудот се исплаќал :)
 
Брат, кога го кажав тоа „трудот се исплаќа“ мислев на тоа дека доколку учиш и доколку со желба го учиш тоа што го сакаш верувај дека ќе поминеш, не верувам дека е можно да паднeш. На тоа поконкретно мислев. Па за работа брат верувај дека е потешко, што се однесува од смерот „Историја“ тој е стар смер и во Македонија се предава повеќе од 60 години, додека смерот „Историја со Архивистика“ потекнува од 2001 година, па и не верувам дека има многу кадри. На институот пред 1990 години мислам дека по просек завршувале околу 50 студенти, додека сега со сигурност можам да ти кажам дека факултетот го завршуваат од 15 до 25 студенти најмногу. Па сега види ти, треба да обрнеш внимание од каде потекнуваш, па дали и од тоа место има многу луѓе кои што го завршиле ова образование, па уште чекаат работа.
Доколку ти требат уште информации слободно прашај :)
 
Па ете, Македонче од Скопје сум и не познавам многу луѓе кои го завршиле ова, затоа пробувам на нет да најдам и да се информирам повеќе сега пред да завршам 4та година. Веќе знам бајаги за смеров, едино што не знам се доколку го завршам какви се шансите да најдам добра работа поврзана со тоа што сум го студирал. Засега највеќе око ми фаќа да стигнам до предавање на факултет преку наставен смер, иако поинтерсен ми изгледа истражувачкиот бидејќи многу повеќе ме привлекува светска историја отколку национална. Па сакам сите опции да ги истражам пред да донесам конечна одлука што да правам, за да знам кон што да целам во животот, знаеш...
 
Член од
4 јануари 2013
Мислења
21
Поени од реакции
6
На смерот класични студии ова години се запишаа во првиот круг мислам само 2-ца, што се однесува на наставниот кадар е стварно квалитетен и професионален. Доколку стварно толку многу те интересира античкиот период т.е. стариот век, тогаш не се двоуми. Инаку на смерот класични студии има доста интересни предмети: античка култура, антиката и европската култура, античка митологија, античка реторика и други. Но доколку се запишеш на овој смер и предлагам втор семестар да одбереш како изборен предмет историја на стар век 2, поради тоа што тој предмет го предава еден од најдобрите професори на античкиот период.

Само да ти кажам дека античкиот период не е баш толку многу проста работа, туку претставува доста многу сложен систем, но доколку те интересира многу, го учиш тоа што го сакаш и со сопствен труд ќе достигнеш до целта.
--- надополнето: 7 февруари 2013 во 23:01 ---

Историја - институт за историја
Историја на уметност - институт за историја на уметност и археологија

Што се однесува до првиот смер, морам да кажам дека смерот „Историја“ е многу интересен и во него се опфатени сите периоди од историјата на човештвото. Значи во овој смер се учат работи од сите области и периоди од историјата.
Прва година - Од „Неолитската револуција“ па се до пропаѓањето на Западното Римско Царство во 476 година
Втора година - Од пропаѓањето на Западното Римско Царство до периодот на ренесансата, до околу крајот на XV почетокот на XVI век
Трета година - Од ренесансниот период па се до почетокот на Првата светска војна во 1914 година
Четврта година - Од почетокот на Првата светска година па до ден денес

Додека во смерот историја на уметност, како што кажува и самото име повеќе внимание се обрнува на уметноста. Имаш многу предмети од античка уметност, значи уметност на народите на Блискиот исток - Сумерците, Акадците, Бабилонците, Египјаните, Хетите, Хебреите, Феникијците и други, потоа има хеленска уметност, римска уметност, средновековна уметност, хуманизам, ренесанса, барок, класицизам, романтизам, просветителство, модерна уметност, современа уметност и други.....

Што се однесува до тежината на факулетот, како најпрво да напоменам дека многу предмети не се учат на македонски јазик, туку главно се користат книги напишани со српско-хрватски јазик, но сепак во нив ги има сите информации што ти се потребни при студирањето. Некој предмет понекогаш има и повеќе од една книга, но сепак доколку го учиш тоа што го сакаш, верувај дека ќе немаш големи проблеми, туку само треба сите обврски да ги решаваш со време. Што се однесува до оценувањето кај некои професори тоа потешко оди, но тоа го има на сите факултети. Исто така и дватта институти располагаат со професионален наставен кадар, од кој што ќе можиш да научиш многу работи, па дури и без да прочиташ нешто од книга. Предавањата обично траат од 2 до 4 часа најмногу на ден. Но секоја година имаш неколку задолжителни и изборни предмети, од кој изборните ќе си ги одбереш по свој вкус.

Од една страна само да ти кажам дека немој да мислиш дека факултетот е лесен, туку си има своја тежина. Доколку не учиш, не би требало да бидиш разочарана доколку не поминиш, но доколку учиш верувај дека трудот ќе ти се исплати.
а археологија иде заедно со уметност? или тоа посебно си е ?
 
Член од
10 јуни 2012
Мислења
82
Поени од реакции
57
а археологија иде заедно со уметност? или тоа посебно си е ?
Историја на уметност и Археологија само спаѓаат во исти институт т.е. Институт за Историја на уметност и археологија

Во смерот Археологија подетално учиш за ископувањата и археологијата на Стариот и Средниот век, додека во смерот Историја на уметност повеќе внимание се посветува на уметноста, и тоа од сите периоди.

Од праисторијата т.е. 30.000 година п.н.е. па се до денешен ден.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Ќе може некој да ми каже по опширно што смерови има на факултетов,како идат уписите(што успех барат),колку студенти примат.Се двоумам на кој факултет да се запишам и сакам да ги видам опцијте овде.
 
Shakti

The blue-lidded daughter of Sunset
Член од
6 ноември 2012
Мислења
918
Поени од реакции
3.372
Ќе може некој да ми каже по опширно што смерови има на факултетов,како идат уписите(што успех барат),колку студенти примат.Се двоумам на кој факултет да се запишам и сакам да ги видам опцијте овде.
http://fzf.ukim.edu.mk/
 
Kajgana Shop

На врв Bottom