Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
11 февруари 2009
Мислења
1.072
Поени од реакции
1.144
Налетав на еден текст поврзан со туристичката сезона во Охрид од кој се гледа како и каде угостителите ја гледаат вината за се помал број туристи.
“Генерално, на Охридското и Струшкото крајбрежје годинава има помалку домашни туристи и туристи од балканските земји во споредба со лани. Но она што загрижува е помалиот број на туристи и од земјите на Бенелукс. Сите што направивме договор со туристите што доаѓаат од земјите на Бенелукс годинава ќе бидеме во рамките на она што е договорено односно закупено. Но лани, на пример, резултатите беа подобри, односно имаше натфрлување од 20% до 25 % над она што беше загарантирано како престој. “ – објаснува за “Фактор“ Дончо Таневски, прв човек на здружението ХОТАМ.
...
“Според мене, има две клучни причини поради кои ги губиме туристите од Балканот. Прво, лошо ги обработивме саемските манифестации за туризам во Бугарија и во Србија, на кои се дава можност за директни контакти меѓу агенциите. Втората причина е инфрастуруктурата, односно лошата патна мрежа. На пример од Врање до Касандра во Грција, ќе ви треба помалку време отколку од Врање до Охрид, токму поради лошата патна мрежа“ – вели Таневски од ХОТАМ.
...
“Точно е дека имаше примери кога концесионери наплаќаа повисоки цени за лежалки и дополнително за пијалоци, но од минатата недела овие неправилности се корегирани“ – тврди првиот човек на ХОТАМ Дончо Таневски и додава дека Охрид сепак нуди услуга за сечиј џеб.
...
Клучната причина за намалување на бројот на туристи според Таневски не се “солените“ цени туку ненавремната исплата на субвенциите од страна на државата.
“Лани субвенциите не беа исплатени во предвидениот рок, односно според мене, требаше да се изработат барем решенијата за исплата на субвенции до крајот на годината, што ќе беше доволно за да се договорат нови туристи за новата сезона“ – вели Таневски.
Целата анализа може да ја прочитате тука
--- надополнето: 10 август 2013 во 11:56 ---
Според горенапишаното испаѓа дека хотелиерите и приватните сместувачи очекуваат бројот на туристи да се зголемува исклучиво преку субвенционирање и интервенција на државата за да не мораат да ги намалуваат цените на нивните услуги или пак да воведат некои новини и поволности во нивното работење.
Ако вака продолжат со вакво еднолично размислување дека целата вина е исклучиво кај другите во иднина лошо му се пишува на Охрид како туристички град :(
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Налетав на еден текст поврзан со туристичката сезона во Охрид од кој се гледа како и каде угостителите ја гледаат вината за се помал број туристи.

Целата анализа може да ја прочитате тука
--- надополнето: 10 август 2013 во 11:56 ---
Според горенапишаното испаѓа дека хотелиерите и приватните сместувачи очекуваат бројот на туристи да се зголемува исклучиво преку субвенционирање и интервенција на државата за да не мораат да ги намалуваат цените на нивните услуги или пак да воведат некои новини и поволности во нивното работење.
Ако вака продолжат со вакво еднолично размислување дека целата вина е исклучиво кај другите во иднина лошо му се пишува на Охрид како туристички град :(

Плаќањето на Бенелуксчаните е по редовна цена како и за сите други, нив не им е битно или познато дали некој субвенционирал дел од цената или не , значи им се прифатливи.А хотелиерите се друга приказна.
Да отвориме друго прашање.Зошто не се субвенционирани домашните туристи?

Друга работа, за инфраструктурата.Миле отприлеп денеска изјавил дека проектот за нова магистрала Охрид - Свети Наум е почнат.Почнале да прает физибилити студија дрн дрн јариња.Почетниот рок за старт на градежните работи беше јуни 2012, па пролонгиран 6 месеци, па три...и сега физибилити глупости :facepalm: Како не беше споменик патот...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Шпигел е еден од најтиражните и највлителните весници во Германија. Еден ваков текст има одзив колку десет реклами од владана наша од 5 миљони евра. Еден ваков текст ќе го прочитаат и озбилно ќе го сфатат милиони луѓе во Германија.

Во оргинал од Шпигел:
http://www.spiegel.de/reise/europa/robinson-sunset-house-in-lagadin-mazedonien-a-916415.html

Ова е за Македонија:
http://www.spiegel.de/reise/europa/schlangeninsel-in-mazedonien-reise-nach-golem-grad-a-909502.html#js-article-comments-box-pager
Доле има коментари, еден е очигледно од Македонец кој се труди да го поправи впечатокот од текстот, после него нормално Грк кој објаснува дека не се викаме Македонија и еден брачен пар кој поминале преубаво во Охрид и даваат совет да се посети, храната и виното ни ги благословува.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Цитат од тој сајтот фактор :
Лани, неделно се реализирале по осум до девет чартер-летови со кои директно од земјите на Бенелукс( Холандија, Белгија, Луксембург), туристите стасувале на Охридскиот аеродром. Годинава таа бројка е намалена на пет летови неделно, велат од Асоцијацијата на хотелиери.
Ова е лага.Има 10 чартер авиони неделно од земјите на Бенелукс.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Матен тип ми е тој Дончо, ништо чудно да праел дубари со субвенциите, па сега со вакви муабети да се ваѓат, а од друга страна бројките на странциве растат...

Значително зголемен бројот на ноќевања во Охрид во однос на минатата сезона, расте наплатата на туристичка такса

Вести | Охрид | 17.08.2013 22:49
Посети : 59

Во периодот јануари јуни 2013 година Охрид бележи пораст на бројот на остварени ноќевања од 13,3 проценти. Во првите шест месеци од годината бројот на ноќевања на домашни туристи се намалил за 2,6 проценти, додека бројот на ноќевања на странски туристи бележи зголемување од 23,2 проценти.

Бројките влеваат оптимизам изјави во неодамнешното видео интервју за OhridNews градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, кој изрази задоволство од зголемувањето на наплатата на туристичка такса во првото шестомесечие речиси за третина во однос на 2012 година.

-Едно е визуелниот впечаток, друго се бројките. Ќе почекаме да заврши второто шестомесечие да видиме каква била оваа туристичка сезона во однос на минатата. Податоците говорат дека наплатата на туристичка такса во првите шест месеци од годинава е за 29 проценти поголема во однос на истиот период лани, што е огромно подобрување, додека ноќевањата бележат пораст од 13,3 проценти. Јас верувам само на факти, изјави за OhridNews Бакрачески.

Хотелските капацитети во Охрид оваа туристичка сезона работат речиси со полн капацитет, но се чувствува пад во приватното сместување каде исполнетоста летово е под очекувањата.

OhridNews

© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.
Наплатата на туристичка такса скокнала за 30%, а приватниот смештај со намален обем на работа...интересно :) Построга наплата, па на некого не му се исплатело веќе или само од странските?!
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Плаќањето туристичка такса е значително зголемено затоа што сега за субвенциите еден од условите е хотелот да има платено туристичка такса,а порано баш хотелите затајуваа најмногу плаќање.
Инаку да,трендот во Охрид е зголемување на странските туристи,намалување на домашните.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.180
Поени од реакции
18.255
Плаќањето туристичка такса е значително зголемено затоа што сега за субвенциите еден од условите е хотелот да има платено туристичка такса,а порано баш хотелите затајуваа најмногу плаќање.
Инаку да,трендот во Охрид е зголемување на странските туристи,намалување на домашните.
Зато Дончо е нешо нервозен :icon_lol:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.313
Поени од реакции
15.479
Хотел Дончо е единствениот објект за сместување во Македонија кој има добиено дозвола за градба,а основната конструкција му е е челична,спротивно на нашите закони каде мора да биди од армирано-бетонска конструкција
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Па ова последново и не е баш, 300 денари за 3 ќепаби, еднен колбас, ражнич копан, помфрит.. и тоа без да знаеме колкави се (во големина). Па во Охрид за 300 ден може сосем солидно да се најадеш и тоа во солидни ресторани или пицерии.
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
Па ова последново и не е баш, 300 денари за 3 ќепаби, еднен колбас, ражнич копан, помфрит.. и тоа без да знаеме колкави се (во големина). Па во Охрид за 300 ден може сосем солидно да се најадеш и тоа во солидни ресторани или пицерии.

abe procitaj uste ednas
 

Kajgana Shop

На врв Bottom