Како што предвидов(ме) лани, Лидија е мини-женска верзија на Хајзенберг и со Мет Дејмон ќе имаат големи улоги. Таква и беше епизодава, акцијата беше кај нив. Ова со секојдневното менување на „фацата“ на Волт/Хајзенберг, почнува да ме нервира...
Инаку, според мене, многу битно за „јачината“ на шоуто се споредните улоги, дури и оние епизодните. Што поголема шареноликост, толку позабавно е шоуто, немаш само еден фаворит туку повеќе.
Тоа го сакам кај GoT, LOST, Sopranos, а еве и тука во BB. Почнувајќи од Баџер, преку мексиканците и братучедите (кои даваат ептен шмек) се до јајцеглавиов црнец, кој е цар!