Неко меЏу нама није наш

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.999
Поени од реакции
61.818
ЦИА: Тито не бил Југословен

cia-tito-ne-bil-jugosloven-146277.jpg


Претседателот на поранешната Југославија, Јосип Броз Тито, немал југословенско потекло, пишува во документот за фонетската анализа на неговиот говор, што неодамна беше објавен од ЦИА.

Во документот од кој неодамна беше симната ознаката за доверливост, се констатира дека Тито зборувал српскохрватски, кој наводно му бил мајчин, но дека имал странски акцент. Резултатите покажале дека или рускиот или полскиот јазик можело да му бидат мајчини јазици.
Самогласката „и“ исто се изговорува и по меките и по тврдите согласки во српскохрватскиот јазик. Од друга страна оние чиј мајчин јазик е рускиот или полскиот, веројатно зборовите би ги изговарале со меко „н“, каков што и е изговорот на Тито. Затоа се вели дека има странски акцент“ - се вели во анализата што ја пренесува весникот Политика.
Авторите на документот велат дека е логично да се претпостави дека Тито имал руско или полско потекло, но нагласуваат дека за тоа може само да се претпоставува. Сепак сигурни се дека нема југословенско потекло.
Тие констатирале дека токму тоа му помогнало да биде непристрасен и да има успех во решавањето на различните проблеми меѓу етничките групи во Југославија.
Инаку анализата е направена врз основа на говор на Тито од 1977 година.

извор: http://kajgana.com/cia-tito-ne-bil-jugosloven



Отсекогаш ми бил сомнителен акцентот... што мислите, има нешто овде или магла?




P.S.
До управата:
не знам дали во Историја или во Мистерии или овде... префрлете ако има потреба.
 
Па мислам овие и за Јованка Броз „имаја“ документ дека не е југословенка, туку била руски агент. Т.е. овие имаат документ уствари дека југославија никогаш не постоела :) овај вториот го чуват за идните генерации.
 
Абе и Тито бил руски агент,ама вие слепи сте.

Време е да се свестите...
 
Абе и Тито бил руски агент,ама вие слепи сте.

Време е да се свестите...

Сва среќа овде си ти свестен, па ќе ни ги отвориш очите на нас другиве.
 
ЦИА нека ги обелодени плановите во соработка со Германија како ја срушиле Југославија... Додека крепел Тито, ЦИА била немоќна на овие подрачја...
 
Има десетици книги на оваа тема....Васко Ефтов се бавеше своевремено во „Во центар“....
Приказната спаѓа во жанрот „на кого му е веќе гајле“....
 
Сва среќа овде си ти свестен, па ќе ни ги отвориш очите на нас другиве.

Отворете си ги сами што има јас да ви ги отворам :cool:

Големиот Маршал Тито,агентот :pos:
 
....кој и да бил...што и да бил....човекот бил ЦАР и ФАЦА кај и да се појавел....за цела Африка и пола Азија беше БОГ...

Во негово време Југословените беа поголеми "Американци" од Јенките и поголеми "Германци" од Швабите...со Југословенски пасош можело да се оди кај ќе ви текне....

сеуште го паметам кажувањето на дедото на мои другари кој држел фурна во Унгарија....типот беше темпераментен и кога ќе се изнервираше беше подвижна енциклопедија за пцовки и навреди...кажуваше дека често ги навредувал Унгарците и "им редел се по список" но никој не го чепкал бидејќи бил ЈУГОСЛОВЕН


нашиве денешни политичари да имаа барем 1/100 од харизмата и држењето на Јожа...ќе не бидеше како држава

...нашиве политичари свршуваат ако успеат да влезат на некој појадок или прием во светските метрополи преку задна врата од каде што влегува послугата

сеуште се раскажува коментарот на Кралицата Елизабета која по посетата на Јожа изјавила "Ако овој човек е бравар, јас сум слугинка"

...од денешна перспектива може да јадеме бурек... и да тресеме зелени....но да држиш 20 милиони балканци (6 народи, еден куп народности, три религии) под контрола и да работат заедно е УСПЕХ И ОГРОМНО ДОСТИГНУВАЊЕ

денес лиглињава неможат да контролираат нецели 2 милиони и немаат суверенитет на добар дел од територијата....терористи се министри и слично

 
Оваа теорија е одамна потегната и мене не ме чуди да е вистинита, сите опции се на маса. Вампирот знаел јазици, свирел пијано, имал аристократски манири (што жими штапов од браварија ги научил) ниеден роднина не му знаеме, се пред 1913 за него е мистика, ама на времето кога некои шпекулираа ги правеа луди.

Хрват или не, сега е онаму каде што и реално припаѓа скапувајќи во алеата на цвеќињата на злото оставајќи цела плејада дегенерирани малоумници да го слават неговото име.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom