Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Леле, што се нема да прочита човек: понижувања, предлози за ќотеци, па да биде ладена, па да ја остави да дреме на средба на која тој инсистира...
Пожарникарот Сем инсистирал на средба и би било детски да не дојде.
Да ја тепа? Ало!?!?
У кој свет живеете бе вие?
Какви апчиња пиете?
Знаете ли дека за тоа се оди у затвор?!
Да бил ладен?
Демек таа не го познава каков е, па сега ќе ја изненади со својот кул настап? :facepalm:

Како што рекоа Фаранг и Скај, не го сака и готово е.

На последната средба може да се разделат како пријатели, да си посакаат се’ најубаво.
Толку.
 
Член од
31 јули 2012
Мислења
59
Поени од реакции
18
Си имам маки.. се заљубив во една девојка, повеќето нејзини другарки се во врска со мој другари од друштвото и цело време ја гледам бидејки излегуваме заедно како друштва.. проблемот е што таа си има дечко/мувач (не знам точно), па секогаш ги гледам заедно, првиот пат ми падна најтешко кога ги видов, 10 минути како парализиран стоев. Најтрагично е тоа што од почетокот нејзините другарки се шегуваа со мене како сум ја сакал и сега таа заедно со нејзиниот дечко/мувач мислат дека тоа е само шега и дека уствари јас неа ја неќам.. кажете решение
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

Нема шо да праиш, ќе си чекаш и ќе си трпиш дур се заедно. У меѓувреме дружи си се со неа и дознавај каква е, шо сака, такви ствари. Па кога ќе раскинат ќе си имаш база и ќе можеш да идеш у акција :)
 
Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
Си имам маки.. се заљубив во една девојка, повеќето нејзини другарки се во врска со мој другари од друштвото и цело време ја гледам бидејки излегуваме заедно како друштва.. проблемот е што таа си има дечко/мувач (не знам точно), па секогаш ги гледам заедно, првиот пат ми падна најтешко кога ги видов, 10 минути како парализиран стоев. Најтрагично е тоа што од почетокот нејзините другарки се шегуваа со мене како сум ја сакал и сега таа заедно со нејзиниот дечко/мувач мислат дека тоа е само шега и дека уствари јас неа ја неќам.. кажете решение

Кажи ѝ дека ја сакаш. Директно, во очи.

Најголем ефект би имало следново: да сте собрани цело друштво, вклучувајќи ја и неа (без разлика дали со неа е дечкото/мувачот). Стани и пред сите кажи ѝ дека ја сакаш. И потоа, без да има време за одговор од кого и да е, оди си од друштвото. Ако ја свртат работата на смеа, супер, но ти сеедно оди си.

И не само од таа средба - оди си од целото друштво. Остави ги сите тие другари/другарки, бидејќи таму се наоѓа онаа што ја сакаш и не можеш да ја имаш. Такво друштво не ти е потребно, што ќе ти предизвикува болка.

И биди цврст - не прифаќај да се вратиш во тоа друштво без таа да ти биде девојка. Зашто другарите и пријателите се бираат и нема потреба да бираш другари и пријатели коишто ти нанесуваат болка, макар и индиректно, макар и не по нивна вина.

Ефектот од тоа ќе биде следниот: ќе видиш колку им значиш на твоите другари/другарки, односно колку им значи таа, т.е. мувачот со којшто е. Веднаш ќе почнат муабети од стилот „Абе вреди ли да го изгубиме другаров заради неа? А особено заради дечкото/мувачот со којшто е во моментов?“ и ќе дојдат до заклучок. Тој може да биде дека таа или дечкото/мувачот им се поважни и нема повеќе да те бараат или ќе увидат дека ти си им поважен и ќе се обидат да те вратат меѓу нив. Ако си цврст на своето стојалиште дека ќе се вратиш во тоа друштво само ако таа ти биде девојка, ќе бараат начини таа да раскине со дечкото/мувачот за ти да се вратиш (другарките во ова ќе имаат најголема улога).
Истото тоа ќе го видиш и ти самиот: колку им значиш на другарите/другарките во период на криза, кога страдаш. Ќе видиш кој ќе остане покрај тебе, а кој не, т.е. нема да се тревожи дека страдаш со таа е со дечкото/мувачот. И ќе ги запознаеш луѓето подобро и ќе видиш на кого ќе треба да трошиш повеќе време, а на кого не.

Во овие моменти, одлучуваш дали е поважна твојата сопствена душевна состојба или друштвото. Јас сум бил на твое место и секогаш сум напуштал друштва коишто не биле добро поставени кон мене. Тоа траеше долго и беше болно, но знам дека на крајот останав само со оние луѓе на коишто вистински им значам, колку и да се малубројни. И доволно е да ги видам или чујам и да се почувствувам убаво.

Велат, не е страшно да си сам; страшно е да си меѓу луѓе коишто прават да се чувствуваш сам. Затоа, искажи го она што го имаш на душата пред оние коишто треба и одбери да бидеш сам. Ако луѓето те остават да бидеш сам, тоа е подобро отколку да се обидуваат да ти докажат дека твоите чувства не се такви какви што знаеш дека се. Лажни пријатели не ти се потребни.

Твоето чувство кон таа девојка е вистинско, но само за тебе. Велат, ако имаш некоја желба, Универзимот прави заговор да ти се оствари. Она што *не* е кажано во таа мисла е дека својата желба мора јасно да ја ставиш до знаење на Универзумот, односно неговите активни единки, односно луѓето. Бидејќи тие не знаат да читаат мисли, за жал не знае ниту Универзумот. Затоа мора да се фрлиш во оган и својата суштина да ја изложиш пред сите засегнати, колку и тоа да те прави ранлив и можеби ранет после тоа. Верувај, многу е полошо да те боли цел живот по малку (знаејќи дека си имал шанса да направиш нешто, што и да е, а не си го направил), отколку да те боли еднаш и многу (кога ќе ги искажеш своите чувства), но да знаеш дека си го направил вистинскиот чекор во вистинско време (ова од лично искуство).

Со лесно.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
9.265
Поени од реакции
5.045
Не е љубовен проблем али не знаев кај да го пишам.

Колку се сигурни тие Sure check тестовите ?

Претпоставувам дека 7-10 дена после сексуалниот однос би покажале HCG или? Бар така пишува на интернетов....
--- надополнето: 17 август 2013 во 01:24 ---
Не е љубовен проблем али не знаев кај да го пишам.

Колку се сигурни тие Sure check тестовите ?

Претпоставувам дека 7-10 дена после сексуалниот однос би покажале HCG или? Бар така пишува на интернетов....
 
Член од
11 јуни 2012
Мислења
185
Поени од реакции
222
тестовите се сигурни 99% проценти после 14 дена од сексуалниот однос, исто така можат ја покажат точноста неколку 2-3 дена порано ако доцни менстроалниот циклус. А според мене мислам дека Sure check се најточни. :)
 
Па напраено е 7 дена после секс (прв ден доцнење)
10 дена после секс (4 ден доцнење)

Двата негативни се..
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Pozarnikarot Sem
другар според мене, вака најреално да си напрајме муабет без лажење, таа сака да си поужива во нејзините години.
И светнало во главата дека врската ви станува сериозна и ја фатило паника. Веројатно и се смачило некоја другарка да ја труја со приказни за убај мажи, афери и сексои и и на неа и се присакало. Следно тебе ти раскинува и оди со другарката на одмор на крф каде што може да си се искурва на рајат и да си напрај меракот. Откако летото ќе заврши можно е да ти се врати како демек и фалиш, тебе те сакала, грешка направила што те оставила и слични евтини филмови.
Можеби летово и било како демек „Ај да го искористам летово убаво оти после ќе одам сериозно со Пожарникарот Сем, можеби ова ми е последно лето вака да можам да направам“

Една поука за тебе: Жена без да проба барем 3 кура, не легнува вгроб.
 
Член од
17 април 2013
Мислења
95
Поени од реакции
187
Заљубена сум, он во уште две. Како да го " опаметам " копитово? Напишано во мој стил, инаку пред некое време другарка ми ми се пожали дека дечко и искачал со негови 2 "другарки" и пред да и кажам дека праат тројка дали има некој со различно мислење да ми даде совет како да ја советувам? :cautious:
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209

Може се секта. Ако дечко и се облекува во црно и слуша металика нема друго објаснување.
 
Член од
17 април 2013
Мислења
95
Поени од реакции
187
Може се секта. Ако дечко и се облекува во црно и слуша металика нема друго објаснување.
Не, ги слуша елитни одреди и се облекува во зелено. Да не има ова некоја поврзаност??
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Не, ги слуша елитни одреди и се облекува во зелено. Да не има ова некоја поврзаност??

Мхм. На татко му му ја скинале главата во војска.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom