ако постапува спротивно на исламските закони, што ја прави тогаш ИБЗ? секта? отпадник? неверодостоен преставник на муслиманите во македонија? навистина, без околишење, како понатаму треба да постапува вистинскиот верник со ИБЗ, а и глобално како да биде третирана од другите исламски преставници?
Знаете колку оџи има во ИВЗ?
И стварно мислите дека сите од нив станале оџи бидејќи сакале да се поблиску до Господ или пак станале ради сигурен прилив на финансиски сретства.
Не знам што и кажале таму, нити па тоа што и го кажале на типката дали она го разбрала, ама и да и кажале такво нешто поради еден имам не можеш да ја обвиниш целата ИВЗ.
Плус никаде некаже дека имам и го кажал тоа, може некој верник таму што бил.
Има случави на ваква пракса, сега не навлегувам колку е тоа исправно, друга полемика е тоа, кога на пример наместо да купуваш курбан и сам да го принесеш како жртва, даваш пари во џамија т.е кај ИВЗ и они наводно го прават тоа во твое име и месото го даваат по медреса.
--- надополнето: 19 август 2013 во 09:06 ---
Согласно шеријатот ИВЗ треба да се терминира, поради ваквиот радикален пропуст.
Да не претендираш за калифа да те стават тебе?
--- надополнето: 19 август 2013 во 09:17 ---
Не ти повторувам јас ништо тебе, постот беше упатен на друг член, кој донесе заклучок дека девојката сама одлучила да постапи така, еве го тој дел:
Затоа нагласив дека така и кажале а не одличила самата!
И кој е сега безобразен?
Не сватив дека пстот бил за мене

Види сега, точно дека ако си лаик и не знаеш налесно е да прашаш имам бидејќи сепак претпоставуваш дека он е веродостоен, учен и дека знае. Ако он ти каже грешно тогаш негов е гревот, ама и ти не си ослободен од одговорност бидејќи ако си здрав и прав со разумот ќе седнеш и сам ќе прочиташ.
Сега, нема се здраво за готово да земеш.
Ако ти рече оџата дека имаш право да тепаш луѓе по улица, ќе го послушаш.
Конретно за дотичната приказна, не ми гледа толку веродостојна од следното:
1. Нема многу џами во скопје каде што заедно се молат жени и мажи
2. Многу малку жени практикуваат да се молат во џамија
3. Тие што се молат, најчесто се добро потковани во исламот, а примерот за постот е една од работите која секој мислиман ја знае
4. Типката ниту да се молела во џамија, нити да бида поткована во ислам, а да отишла специјално да праша за тоа кај оџата не ми е многу за верување. Таа илјада други работи не направила, сега за постот се фатила.
Ама ова горе е претпоставка. Пошто ептен се разглоби муабетот со типката, џамијата и оџата.
Друг муабет е што во принцип нема потреба да постои ИВЗ и било која исламска верска заедница како институција каква што постојат денес. Не постои калифат а постојат исламски верски заедници. Смешно е тоа.
Втора работа, ако се погледне малку во историјата, првите неколку векови од исламот, имамството т.е да се биде оџа не било професија. Немало назначен оџа кој ништо друго не правел освен да клања намаз и да зема плата од тоа. Верските обреди ги правеле луѓе кои имале и други пофесии, нешто налик денес на дервишите.
Друг муабет е кои се side effects, кога имаш институција која има своја администрација, се зема плата, има унапредување... како и во секоја фирма се и свашта влегува таму.
За постапките на ИВЗ посебна тема треба да има.
--- надополнето: 19 август 2013 во 09:23 ---
Ако вие навистина жената ја сметате за индивидуа а не за нечија сопственост, по која логика и дозволувате или и забранувате да користи нешто кое е дел од неа - честа?
Ако јас на пример поседувам нешто....било што! И решам да го скршам, со кое право ти или било кој друг би имале право да ме казните поради тоа? Нели се работи за нешто кое ми припаѓа мене?
Што има било кој да ме казнува за начин на кој се однесувам со нешто кое е мое?!
Како може ти да знаеш што е исполнување на сон на некој друг?
Ако исламот ја казнува жената или ја ограничува како да ја користи нејзината чест, тогаш на кој начин таа чест е нејзина?! На кој начин може таа жена да се смета за слободно човечко суштество?
Не знам за каква казна мислиш.
Ако зборуваш за казна за изневерување, во тој случај значи дека имаме брачна заедница. Тука ниту жената не може да прави што сака зашто така и се сакало ниту мажот го може тоа без да има последица по другиот брачен пар.
Ако мислиш за казни за неносење на фереџе или слично, тоа е нејзин избор ти не можеш да ја казниш за тоа.
Исто не можеш некого да казниш дека пие алкохол или дека се дрогира.
--- надополнето: 19 август 2013 во 09:33 ---
ибн, пак бегаш

но веќе ме знаеш дека од прва не давам да ми се бега
ај вака, викаш за тие што сакаат и ок со нив. а што правиме со тие што не сакаат? дали тогаш има право како жител во шеријатска држава да излезе по минич и деколте?
На пример живееме во секуларна демократска држава и хипотетички имаме закон со кој ако не фатак кај што се дрогираме на јавно место имаме години затворска казна
Јас лично живеам во таа држава, и сметам дека имам право да одлучам што ќе правам со моето тело и моето здравје и ако сакам да се дрогирам тоа е мој избор. Зашто да одам во затвор. Моја одлука е, мое телое е, што сакам ќе правам јас. Кој е тој да ме ограничува мене.
Или друг реален пример.
Имаш дете мора да го вакцинирап со различни вакцини до прва година. Немаш можност да ги избегнеш, ако не го вакцинираш праќаш 300-650 евра казна и нема да ти го примат детето во градинка и во училиште.
Имам илјадници линкови во кои се докажува дека вакцинацијата е штетна. И сега... имаш избор... право е тоа... не ти огранучува некој животот... има идеален систем.... ???
Имаш закони донесени од луѓе кои важат за одредена област или држава. Ако живееш во таа држава мора да ги почитуваш тие закони, дали тебе ти се допаќале или не никому не му е гајле. Ако ги прекршиш следи казна. Таа казна за жителите на таа држава може да е ок, за некои од други држави може да изгледа монструозна. Тоа е тоа.
Во светот немаш слобода. Немаш парче земја на која ќе бидеш слободен. Секој метар квадратен е дел од некоја држава и со некој устав е дефинирано што можеш а што неможеш да правиш на него. Тоа не е во ред, но така е. Што не ти е тука јасно? Не си од марс паднат, ај размисли како фунционира светот, државите, модерното право, судството.
--- надополнето: 19 август 2013 во 09:35 ---
значи нема слобода на избор, така? или ... има ама многуууу мал ...........
или таа не е муслиманка ако не носи хиџаб?
Друже, ако не ти се допаќа законот иди во друга држава живеј. Ако не можеш тогаш бори се да се промени.
Илјада закони во мкд не ми се допаќаат. И јас немам слобода на избор???
Дај не тупи со истото. Размисли малце.
--- надополнето: 19 август 2013 во 09:37 ---
Со големо право го осудуваме тоа и ќе продолжиме да го осудуваме,а жена која не носи хиџаб е муслиманка но не прави грев само кога спија.
Те молам наведими ајет во кој се вели дека жената треба да носи хиџаб.
Не ми давај некое толкување, или хадис, или мислење на некој исламски научник.
И те молам, ајетот да е од куран не печатен во саудиска арабија под покровителство на вахабистите.