- Член од
- 19 декември 2010
- Мислења
- 246
- Поени од реакции
- 296
Зошто препорачуваш суплементи за простата?
Инаку паѓањето на косата настанува поради многу различни фактори. Во некои случаи може да се успори, многу ретко може да се спречи.
Со одредени медикаменти и средства може да се предизвика делумно растење на косата кај некои поединци, но тоа ќе трае се додека се користат истите. Тоа значи дека штом се прекине паѓањето продолжува.
Најдобар лек за паѓањето на коса е ПРИФАЌАЊЕ. Овој лек е многу потежок за „дегустација“ кај жените, но се е во главата (не околу неа).
Хм, не би се сложил воопшто. Последните 4-5 години FUT/FUE трансплантации на коси многу се усовршија и напреднаа во квалитет, природен изглед , поедноставна и безболна процедура, а кога ќе се додаде дека се прават и со специализирани роботи дава одлични резултати.
Нормално дека тоа се чини и е скапо, но со добар доктор, добар тим, добра клиника може да имаш пак прекрасна коса, но како што кажав сето тоа чини +5,000 евра. Можам да ти постирам слики од познати доктори какви трансплантации вршат и какви феноменални резултати имаат.
Да не зборувам само дека последните 4-5 години полно клиники и научници работат на клонирање на коса и влакно со што веќе ќе стават крај на ограниченоста на трансплантациите со донорот. Сеуште е во рана фаза на тестирање , но најпесимистичните доктори најавуваат дека клонирана коса ќе има за 8 години, а најперспективните доктори велат дека ќе има за 3 години. Ако успеат да клонираат научниците влакно како што посакуваат тоа значи дека ќе земат од твојата коса 100 влакна и ќе ги мултиплицираат во 1,000 влакна и така во бесконечност со што на тебе ќе ти треба само една обична трансплантација на коса со којашто ќе имаш повторно бујна, голема и здрава природна коса.
Научниците веќе мислам дека го лоцирале генот што највеќе предизвикува опаѓање на коса што многу значи во самото третирање на тој проблем во иднина, но ефикасни медикаменти сеуште треба да се испитуваат.
Алтернативна медицина, народни рецепти за нега на коса можат и те како да ти помогнат во опаѓање на коса, но поентата е да бидеш упорен и издржлив. Резултати не се добиваат преку ноќ.
Ова не е пост за само тешење, но според многумина за отприлика 7-8 години максиум ќе се стави крај на опаѓање на косата (мислам кога би почнала да опаѓа) со многу поефикасни и долготрајни методи од денешните
Еве што значи добар доктор, добар тим и добра клиника:

Многу познати ѕвезди имаат трансплантирано коса, секако дека тоа задоволство чини, но ако веќе некој сака толку коса може тоа и да си го дозволи, а веќе овие трансплантации на добри клиники се прават како “добро утро“.