Лесно е да се забегува вака и да се раскажуваат сказни, тешко е да се каже точно... Не е оправдување она „според мене“...
Ок, Раџа Јога и нејзините ОСУМ гранки (да ги научите како ОЧЕ НАШ и да почнете една по една да ги совладувате конечно, доаѓа нова година 2013 и ако сега не направите нешто во врска со јогата, тоа нема никој да го направи за вас)
- Јама
- Нијама (овие две први „гранки“ од Раџа Јога на ПатанЏали се всушност физичко и психичко подготвување на човекот за работа)
- Асана - Положба (Патанџали вели дека секоја угодна положба е асана-дури и најнеугодната положба со текот на времето станува природна за телото, можеби затоа имаме некои „ненормални“ пози во јогата)
- Пранајама - Контрола на Здив
- Пратјахара - Контрола на Умот
- Дхарана - Концентрација
- Дхјана - Медитација
- Самадхи - Откако е постигнато претходното - совршено добро (да не ве заморува надворешниот свет, да не ве заморува телото, да не ве заморува здивот, да не ве заморува мислата, да не ви досадува умот, тогаш можете да медитирате и да постигнете Самади).
Сите овие осум точки собрани во едно, даваат СОЕДИНУВАЊЕ (или ЈОГА) со Богот
Сега овде, Бог ставете она што најмногу ви одговара, различно за секој.
Gurdjieff , научи ги „level“-ите кај Патанџали и зошто се дадени по тој редослед. И ова „ Врвот на концентрацијата, највисоката точка се нарекува јога.“ не е точно.
Концентрацијата не е ништо друго туку само подготовка на Човекот за да може преку медитација Дхјана да дојде до Самади.
Ни една од овие гранки кај Патанџали не е ЈОГА сама по себе. Заедно совладани овие гранки даваат Соединување или Јога! Јога на санскрит знаеме што значи, СОЕДИНУВАЊЕ!
За Јогата и како се користи за постигнувања видете овде! Ајде сега „МАРШ“ на учење и работа