АРМ во 2013 е сведена на ниво на ловечко друштво

  • Креатор на темата Креатор на темата VOLK2234
  • Време на започнување Време на започнување
Четов некаде, дека 125 војници од авганистанскиот контингент на АРМ, дали желба да се префрлат во БНА?
 
Четов некаде, дека 125 војници од авганистанскиот контингент на АРМ, дали желба да се префрлат во БНА?

Бугарската ВМРО предложила отпуштените војници на АРМ на кои не им се решава статусот, да се префрлат во бугарската армија, чиста провокација...
 
АРМ е смешка, ама во текстот се пишуваат глупости, оружјата се промашени и потценети.
Има огромна разлика меѓу Ми-8 и Ми-24 и не е све со цевки Каќуша for christ sake!
Полесно ќе поентираше со тоа дека војниците си ја носат облеката дома на перење и крпење.

Офтопик - Грција може со 1 Леопард тенк да не' окупира за 8 саати.

Не со еден,али со 2-3 сигурно....
 
Абе а кога планираат да го зарвшат стадионот, колку време стои така на ништо не личи а баш има убав проект направено.(n)
 
Во војната клучен фактор не се само тенковите, не си правете филмови ... Тука играат тактиката, артилеријата, воздухопловството, оклопните и транспортните средства, морнарицата и така натаму... Грција да сака да не освои, нема да праќа тенкови, ќе ја онеспособи РЕК Битола (имаат оружја за да го направат тоа и од нивна територија) и готови сме после...
 
Се наоѓаме во касарна Илинден јас и уште една будала поголема од мене и постара една класа од родниот ни град. И сега нормално прашањето беше кој што единица е, и јас бев тоа што бев а тој ми вика АБХО. Што е тоа АБХО го прашав, па ми одговори Атомско-Биолошко-Хемиско оружје, па му викам не знаев дека нашава армија има нуклеарни способности :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.Не вика тоа специјална единица биле, после делување на непријателот со такви оружје тие биле прва единица на терен, па му викам Чебиш мајкаму на терен непријателска.... :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

1.jpg
 
Да бе, сегашниов министер е крив, ко да било некогаш подобро. Нит имаме пари, нит ќе имаме пари за солидна и модерна армија.
 
Министерот работи турбо !!!

Аферата која ја откри Мактел финишираше најзаебано шо можеше: министерот го унапредил Eтеми Шеваљ, алиас командант Валјони во мајор и тоа БЕЗ СОГЛАСНОСТ СО ГЕНЕРАЛШТАБОТ НА АРМ!!!

Тој му предложил на генералштабот список за унапредување, а на него било и неговото име, но тоа генералот Котевски го одбил, по што Џафери сам го сторил тоа.

talatDzaferi.jpg

Ве уверувам, вели Џафери, дека Шеваљ е унапреден во мајор, иако командантот на генералстабот не го стори тоа. Од 25 унапредени, само еден бил албанец, па Џафери имал додатен мотив.

MavrovskiRabotnici

MavrovskiRabotnici.jpg

Да ве потсетиме драги читатели дека командант Ваљони е осомничен дека е еден од оние кои неколку дена ги малтретирале (силувале, тепале, мачеле, шарале по нивните грбови со нож) неколкуте мавровски работници кои потоа беа оставени покрај пат. За ова никој не одговараше бидејќи овие обвиненија прво беа вратени од Хаг за да потоа со политички дил ДУИ и ДПМНЕ да решат да ги амнестираат сите злодела против цивили во кои спаѓаше и ова.


А еве текст за темава




АРМ маршира кон НАТО со ветви чизми и со старо оружје


На денот на своето формирање, 18 август, АРМ се соочува со старите проблеми - постојано кратење на парите за модернизација и за опремување, што теоретски би можело да ја загрози безбедноста на државата, а сигурно ќе предизвика и критики од НАТО. Генералскиот клуб на пензионери и началникот на ГШ на АРМ порачуваат оти мирот и безбедноста немаат цена и дека мора да се вложува во одбраната


МАКЕДОНСКАТА ВОЈСКА ВЛЕГУВА ВО ТРЕТАТА ДЕЦЕНИЈА

Додека Србите за својата армија купуваат „невидливи“ авиони и најмодерни борбени летала, македонските војници во јубилејот влегуваат со традиционални проблеми. Армиските припадници користат старо вооружување, носат износени униформи и чизми, а нашите поранешни професионалци за кои во 2001-та се најавуваше дека имињата ќе им бидат испишани со златни букви, сега се оставени на улица и поради сиромаштија тие сакаат да преминат во бугарската армија.

Спроти годишнината, Генералскиот клуб на Македонија советува дека мора и треба да се најде начин да се зголемат парите во буџетот за одбраната за армијата да се модернизира, да се размисли за воведување систем на задолжително служење војска за во иднина да добиеме поефективна армија што ќе биде рамо до рамо со нашите сојузници од НАТО.

- Актуелните генерали и офицери што се на чело на македонската војска мораат многу да внимаваат на безбедноста на државата, да ги следат глобалните закани врз Македонија и да имаат соодветни стратегиски реакции на актуелни теми поврзани со армијата - велат од клубот.

Оттаму објаснуваат дека доколку се работи повнимателно на овие посочени теми автоматски ќе се минимизираат ризиците за државата, ќе се спречат несакани ситуации и ќе се формира клима што ќе придонесе до јакнење на моралот на армијата и до негување на патриотскиот дух на државата.

Народот ја губи довербата

Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во најновата анализа објавена во петокот тврди дека во земјава постои пораст на општата доверба во институциите, но АРМ, за жал, го загубила својот примат и сега нејзиното место - за оној што ужива најголема доверба од граѓаните, го заземаат здравствените и образовните институции и полицијата. Истражувањето било направено минатиот месец со интервјуа на 810 испитаници лице в лице.

Претходно, на други сондажи, анкети и истражувања се повторуваше фактот дека три четвртини од македонските граѓани позитивно ја оценуваа улогата на армијата на Република Македонија во земјава и во мировните мисии.

Според тогашните резултати, кои доаѓаа од анкетата што ја направил институтот за демократија „Социетас цивилис“, Македонците беа меѓу најголемите поддржувачи на својата војска во странство.

АРМ со празна каса

Постојаното кратење на парите за модернизација и за опремување на армијата теоретски би можело да ја загрози безбедноста на државата, но сигурно ќе предизвика и критики од НАТО.

Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески во своето интервју по повод одбележувањето на 18 август тврди дека намалувањето на буџетите било последица на економската криза, а таа директно влијаела врз стандардот на припадниците на АРМ и врз опременоста на армијата.
- Сегашните финансиски средства се доволни за одржување на опремата и на техниката со која располагаме, но не се доволни за модернизација на нашата армија - изјавил генералот во интервју за државната агенција МИА.

Началникот подвлекол дека Генералштабот на армијата размислувал во иднина да ги преземе надлежностите за набавка на оружје од Министерството за одбрана бидејќи токму униформираните лица се тие што секојдневно во својата работа имаат контакт со орудијата што ги набавува административниот дел на Министерството за одбрана.

- Мора да вложуваме во одбраната, мора да вложуваме во модернизацијата затоа што со тоа вложуваме во безбедноста и иднината на нашата држава. Подготовки за одбрана и модернизација се вршат во мирновременски услови, а не кога на тоа сте принудени. Одбраната, безбедноста, мирот немаат цена. Кога еден човек е болен првенствено прашува за здравјето, а кога на една држава ѝ се загрозуваат територијалниот суверенитет и интегритет, тогаш таа прашува за одбраната и за безбедноста - напоменал Котески.

Според Стратегијата за одбрана и долгорочниот план за нејзин развој до 2020 година, армијата треба да добие 135 милиони евра со пропорционално зголемување на буџетските средства во наредните години.
Министерството за одбрана во 2013 година има на располагање единствено 90,4 милиони евра, од кои 801.073 евра се наменети за опремување и модернизација на АРМ. Буџетот на одбраната оваа година е најмал, тргнувајќи од 2006 година наваму кога почна всушност трендот на намалување на касата на војската.

МВР пред АРМ

Од друга страна, пак, полицијата прави софтвер за мобилни телефони, поставува ласерски радари и стотици камери низ главниот град, купува хеликоптери, а војската од година на година доживува ново кратење на буџетот, што се одразува и на нејзиното опремување и очекуваната модернизација.

Стручната јавност смета дека зголемениот буџет на полицијата на сметка на армијата е резултат на блокадата за членството во НАТО, но на овој процес влијаат и сменетите безбедносни ризици за државата. Ако досега сме внимавале да не бидеме нападнати од некоја соседна земја, сега повеќе внимаваме на заканите од тероризмот и од организираниот криминал, што е надлежност на МВР и на безбедносно-разузнавачките агенции.

Во буџетот за годинава Владата безмалку ги удвои парите за развој и реформи во МВР, а драстично го намали развојниот буџет на Министерството за одбрана. Владата очигледно е децидна дека треба целосно да се сменат развојните потпрограми на двете министерства, што ќе значи нивно реформирање и модернизација.


Според најновата анализа на МЦМС, АРМ кај населението веќе не ја има истата поддршка што ја имаше изминативе години


Совети од Генералскиот клуб за активниот врв на АРМ

Ако би се вратила, задолжителната воена обврска би била полезна и за државата и за младината. Регрутите би научиле да ракуваат со оружје и да се одбранат, со што би се одржал рентабилен бројот на воени резервисти, а младите би развиле осет за дружење, ред, дисциплина и за морал
Нам ни недостига и жива сила со побројна армија, но, и соодветно на тоа, нам ни се потребни нова и модерна механизација, опрема и оружје заради заштита на државата, но и заради следење на стандардите на НАТО
Треба да се продолжи со мировните мисии како оние на НАТО, но и да се побара соодветна нивна замена како оние со сините шлемови на ООН. Тоа е стратегиски паметен чекор, бидејќи нашите војници на овој начин добиваат искуство во мир што може да се покаже како непроценливо во услови кога би била загрозена безбедноста на Република Македонија

Од армијата треба да се исфрли политиката, која за жал ја има, како и сите превирања поврзани со неа
Националната припадност не е услов и клуч врз кој треба да се гради офицерскиот строј на АРМ, па логично од оваа констатација мора да се внимава при изборот на кадарот. Тој треба да се избира во согласност со образованието и експертизата, а не во согласност со припадноста на етничките групи

Треба да бидеме внимателни со набавките на новото оружје, да се избегнуваат компензации за половни возила и воздухоплови, бидејќи се амортизирани и чинат реално повеќе од новите орудија
Неопходно е да се изврши притисок врз Владата за зголемување на буџетот на армијата, бидејќи овие средства со кои располага сега АРМ и Министерството за одбрана се минимални. Богата армија значи сигурна и стабилна држава, а сигурна држава гарантира добра економија

lМора да се избоксуваат проектите слично на „АРМ мој вистински дом“ и тие конечно да бидат финализирани бидејќи нам ни е неопходно да им обезбедиме станбено сместување на офицерите

ВО ПРИЛЕП ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА АРМ
Заслуживме членство во НАТО
Во касарната „Мирче Ацев“, по подолги години, односно по враќањето на АРМ во Прилеп, со пригодна свеченост единиците од гарнизонот, од механизираната пешадиска бригада-артилериски баталјон, го одбележаа 18 август, Денот на армијата на Македонија. Во рамките на прославата се изврши постројување на припадниците на единиците од гарнизонот, предавање на стројот на командантот, а им беше оддадена почит на загинатите борци за Македонија и припадници на АРМ.
- АРМ со целосниот професионален состав прерасна во брзо распоредлива и високообучена со командна структура компатибилна со стандардите на НАТО. АРМ ужива висок углед, како во државата, преку професионалност во справувањето со сите предизвици преку вклучување во справувањето со пожари, поплави во моменти кога тоа е најпотребно, така и во меѓународни рамки со учество во мировните мисии, каде што повеќе од 3.000 припадници на АРМ, амбасадори на мирот, со висок морал и одговорност во извршувањето на задачите, докажаа дека сме респектабилен фактор на кој можат да сметаат нашите партнери. И понатаму сме исправени пред големи предизвици, мисии и задачи. Стратегиска определба на АРМ и на секој нејзин припадник, без разлика на чинот, должноста, националната, верската или половата припадност, била, е и ќе биде полноправно членство во структурите на евроатлантските политичко-безбедносни интеграции, ЕУ и НАТО, нешто што целосно го заслуживме - рече мајорот Ѓорѓи Василевски, заменик на командантот на касарната „Мирче Ацев“.
По повод празникот, унапредување во чин полковник доби командантот Жарко Ристески, а нови чинови добија и десетина други старешини.
Како паѓаше буџетот за АРМ

Година износ
2006 101 милион евра
2007 106 милиони евра
2008 119 милиони евра
2009 105 милиони евра
2010 96 милиони евра
2011 92,8 милиони евра
2012 86 милиони евра
2013 90,4 милиони евра

 
Министерството за одбрана во 2013 година има на располагање единствено 90,4 милиони евра, од кои 801.073 евра се наменети за опремување и модернизација на АРМ.


koja beda i sramota e ova ....
 
А по некоја паповка се наоѓа... или ги собра ЈНА кога бегаше?
jna ni ostavi i papovki i puski repetirki m-48,ama nasata vlast ili onaa prethodnata,ne se sekavam bas gi prodade vo amerika po prodavnicite za oruzje
--- надополнето: 17 август 2013 во 21:50 ---
Епа за жал, не си единствениот.



Не е тоа мавање во гради, станува збор за осет за Државност и колективизам како и за моја обврска како граѓанин лојален на оваа држава.



Може да тера и повеќе и ќе тера ако треба а ако откаже најважно е ние да не се откажеме.

(тука твојот потпис ќе го употребам како аргумент-ама не се лути:) )



Сега не ја знаеш точната бројка но еве кажи ми колку според тебе би биле доволно???

Мое мислење е дека сегашнава флота(воздушна ЕДИТ) е повеќе од доволна за брза реакција или со други зборови сценарио од типот 2001 е денес многу потешко да се случи.



Тој на МВР е мислам спомнав негде Белл Хјууи инаку хеликоптер ветеран од виетнам кој може да заврши добра работа.



Вежбите се согласно план значи не е ништо на случајност оставено-да речеш дека е така е исто како да кажеш колку од лицата во операциона сала вршат операција кога хирург е еден и главен асистент еден но ако во сенка е анестезиологот на пример, тој е одговорен најмногу да нема ниту една недозволена мускулна контракција посебно кога може да биде фатална.



Да, ќе сруши, истото важи и за Игла, и за СА-13,а ќе го сруши уште полесно ако се употребат методите на пасивна одбрана и наместо кон топот Вајперот пука на мамка па потоа допот делува-е во тој момент на тој авион судбината му е запечатена иако ПА топот е многу поевтин од 50+ милиони за Ф-16.




Тоа само за да делува антидепресантно кон отфрлените ветерани кои државата САД ги отфрли исто како нашава со бранителите.




Значи согласно сегашните можности располагаме со ПВО сконцентрирано на одбрана на безбедносните сили тоа и е задачата на мобилната СА-13-ка, додека остатокот, повеќе рачни се многу погодни за теренот бидејќи имај предвид секој непријател ќе настојува да користи хеликоптери, посебно поради географските особини, предноста со вертикално полетување и слетување и внес на единици длабоко зад непријателски.

Инаку наскоро ќе се набават неколку САМ системи, се надевам С-300 ќе биде меѓу нив комбиниран со Американскиот MIM-23(модифициран) кој е мини-патриот на некој начин, додека надополнување може да биде и панцир ама тоа е можно само со константен буџет од над 250-300 милиони а не 120, па 100 ондак 115 милиони додека МВР спијат на Пари.



Согласно теренот нас повеќе ни одговараат хеликоптери, еве овие Сухои јас би сакал да се модернизираат и користат како средство кое е добро докажано како поддршка на копнени сили па и е способен за напад вон нашите граници но пак ќе повторам нас Хеликоптерите ни се приоритет.



Токму затоа и не ни треба некоја моќна и гломазна самоодна артилерија, а Тенкови имаме само штета, им фали ЕРА и низа надградби за кои имаме фирми способни.

Нас повеќе душманот ни ги брои 64мм мортарите и митралезите бидејќи тие и ќе бидат пресудни повеќе отколку некоја самоодна артилерија која не вреди ништо после нејзината детекција.



За да има кај да фрлаат екстра пари и плус уште повеќе да ја потонат наменската индустрија и секако





Епа јас константно велам дека служење воен рок е нешто што мора да го поминат младиве за да научат првен и кревет да си спастрат а потоа самите себеси и да не се филмаат дека војната looks a like call of duty.

Јебига поарно ќе ја браниме државата без нив отколку со нив, на крај краеви неќам плачковци во редовите кои ќе го уриваат моралот па да мораш да му ги спасиш маките на начин за кој не е добро да пишувам.




Јас повеќе верувам на САМ системите просто поради фактот што сме мала земја а тие системи се евтини, замисли Словенија последниве 5 години на Италија и плаќа по 60 милиони евра од година за чување на воздухот а со тие пари словенците ќе изградеа речиси совршена САМ мрежа и тука е предноста а да го направиме ние тоа(дали со комбинирани системи фиксни и дел мобилни) или и сами да ги модифицираме како египет кој С-125 го направи мобилен т.е лансирна платформа е шасија од Т-55 додека остатокот од системот е мобилен т.е радарите се на Камион, а кога се сака се може.





Остави го де гледаш како А1 и сител не мисли, а има мноогу погрешна претстава бидејќи кога станува збор за државава нашите интереси се комплементарни и јас би сакал да ја одбранам исто колку и ти, а знам од Историјата што им правеле Бугарите на нашите прадедовци и дедовци овде, а Грците на Југ-епа нека бидам проклет ама нема да дозволам сега тоа да ни се случува на нашите поколенија.




Ама немој мсега на двцајцата да ни се "лижеш" со самото тоа што не поистовети со Велија и негови пиуни В.С Латас и негови пиуни де факто не правиш и двајцата лажговци-бидејќи и двете телевизии лажат Сушат и затајуваат и кој знае уште што не, само што овие од Перо Наков ги Дисциплинираа;)
--- надополнето: 17 август 2013 во 04:54 ---


Добро а ти сакаш и тоа што е скриено да го изложиме, исто и тенковите и останатата ПВО така???

Ако го направиш тоа тогаш би можело да се случи Перл Харбур(на копно во наш случај) па замисли пред нецели 4 месеци наидов на фото од Вирџинија каде беа поставени 4 носачи еден до друг и одма во САД се крена паника а вистината беше дека ќе почнат да ги сечат двата кои беа таму а останатите само што беа на инспекција и потоа си добија мисија.

Размисли дали ти ЦЕЛО твое оружје би го поставил на едно место, така да било КОЈ непријател и да гаѓа рандом да не промаши??
--- надополнето: 17 август 2013 во 05:00 ---


Нека пратат и 100, јас ти гарантирам дека нема да им се доволно, иако имаат и апачи и блек хавк и плус авијација помоќна и од Шпанската и од Италијанската.

Да можеа мислиш ќе го одбиеше Мицотакис неговиот психопат колега Милошевиќ при предлогот за поделба??

Не е се така црно бело само тоа ќе кажам.

Работите се многу далеку од така едноставни, посебно на ова поле.

И не заборавајте, колку и да е непријателот технолошки напред, дури и да ја разбијат АРМ-СЕКОГАШ се формира итно народен Отпор и тоа уште пред да се реши т.е Ирак имаше оформено Отпор уште пред Америте да Влезат.

А кога ќе прочитам нешто налик ова незнам дали да плачам дали да се смеам.



А за основа ја зема Втопра светска војна, ама ајде да те потсетам дека и од страна на Бугарија и од грција има ДУПКИ каде треба да паѓаат непријателските тенкови, има мини, бидејќи Бугарија=Варшавски а Грција=НАТО така да Тито и ЈНА градела одбрана против двата блока токму одлуката за жељава паднала откако 1956-57 НАТО го добива Авиано.

А денес согласно ОБСЕ договорот секоја држава е должна да го извести соседот за било какво помасовно раздвижување out of ordinary, па не мислете дека пасат трава нашиве овде дома а и тие кои се под сенка во Грција и Бугарија и следат константно.

А пак ако тргнат наваму па јас ама сум исплашен погледни...пппоггледдни ммми се ттресат рацете абе не од страв ами од желба да ги натерам да ЗАЖАЛАТ ако се обидат!!!
ubavo kazano ,ama ima edna srpska ili crnogorska izreka bese ,vazno glasi,, boj ne bie srce u junaka ,vec boj bie svetlo oruzje,,
--- надополнето: 17 август 2013 во 22:29 ---
https://www.youtube.com/watch?v=oMTIHj6a2q8
https://www.youtube.com/watch?v=EtOtTaH7QMM
https://www.youtube.com/watch?v=y1QjOxEFqOA
https://www.youtube.com/watch?v=wJ14641IR6s
videata ne mozev da ne gi stavam , kolku da se vidi kako otprilika bi trebalo da izgleda edna seriozna armija
 
Не се секирајте, има нови гуми за БТР-от, ама не се намонтирани :D :D :D

Hiryu Твој коментар за вторава пушка (снајперот) броејќи од лево ?

arm-4500.jpg
 
немајте гајле бре... министерот доброволно ке донира оружје од дома ако ни притреба... вака да не се чаталиме многу
 
Со УЧКарски министер џабе ни и повеќе нуклеарки од Русија да имаме....

Е во право си, додека беа македонци министри топ беше АРМ. Се под конец. Страв и трепет на балканот бевме. Сеа пошто учка ни е министер се распадна АРМ.
Се некој друг ни е крив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom