Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
PurplePuma златна не се нервирај ма ...од каде знаеш дека не читам.И ако сум испуштила едно видео не значи дека не ве следам :pos:немам око соколово што да правам...Но јас те прашав за тоа со :гомце:дали тебе ти се случило па толкава драма креваш.
Мене не ме занима никакво видео,туку она што те прашав :pipi:
Да те прашам,а и веке кажаа...Доколку на мнозинството во ресторантот не им пречи "урлањето" на децата ти можеш нешто да промениш?
Јас многу добро знам што пишува во воведниот пост :icon_lol:ама ти пак претеруваш.Ти не си шефица на ресторант па да кажуваш дали треба да пуштаат деца или не.Има одговорни за тоа.Отвори си ресторант и кај тебе наредувај :vozbud:А не на место кај што твоето присуство не значи ама баш ништо.
 
Знам, како што пишуваш без врска, да си читала ќе си знаела дека грешиш :)
Кое видео? Јас немам поставено видео, ниту едно на темава.
Да, ми се случило, ама сама ќе си најдеш каде ;)

Патем, ми боде во очи, не е ресторант, туку ресторан, а за останатиот дел од реченицата, веќе многу сме дискутирале, бедно е дури да ти кажам.
 
Се согласувам. Мора да постои кодекс на однесување кој ќе се однесува на сите, независно од возрасната или менталната состојба.
Треба да се има почит кон слободното време и потребата за релаксација на оној кој излегол надвор. Кој сака да има деца, потребно е да се однесува со нив одговорно. Родителството е сериозна обврска која бара целосен ангажман од родителите и тие треба да се свесни за жртвата која се согласиле да ја дадат со одлуката да имаат деца.
Сметам дека поголем проблем е што луѓето чувствуваат обврска да имаат деца, иако не се подготвени да ги чуваат. Па после кога ќе се соочат со реалната ситуација на грижа за детето, почнуваат да се фрустрираат и погрешно да ги воспитуваат. Самото тоа што ги водат по ресторани, кажува многу за нивната родителска способност и грешките кои ги прават.
 
Не е до толку важно од која причина некој се одлучил на деца, повеќе е до карактерот и принципите на родителите. Тоа што преовладува е мрзливоста и концептите „ не се замарам„ и „моето дете смее се да прави„. На пример малоумноста оди до таму да ги оставаат децата да си играат со струјни кабли и да брцкаат во штекери, демек љубопитноста треба да се негува.

Така да кодекс на однесување и остали утопии се само филмови во нашите глави. Мора тој „кодекс„ да се стави црно на бело и со сите казнени последици кои произлегуваат од неговото непочитување. До тогаш разгалени детишта ќе ни се качуваат на глава, додека на соседната маса мрзливите родители си тераат кеиф и мува не ги лази.
 
Забрана за деца на јавни места??
А демек децата се некој подвид, нов вид, што се?
Нешто како куќни љубимци, па треба да се ограничи просторот на нивното битисување?
Свашта...
 
Јок, децата се идни градители на едно општество, идни возрасни луѓе со моќ да одлучуваат - како такви, треба да се внимава како се воспитуваат и на што се учат.
И секако дека треба да се ограничи - и веќе е ограничен - деца не смеат да влегуваат во барови и дискотеки, ниту пак смеат да купат алкохол, на пример.

Децата се посебна категорија во едно општество, и треба да се чуваат и особено важни да бидат нивните права. Треба да се вложува во места кои се од корист за децата, треба да има што повеќе едукативни центри, подобро образование, подобри градинки, училишта, поспособен кадар кој работи со нив, повеќе обуки за новите родители (да, моментално постои обука за новите родители), поажурни и совесни државни органи кои се грижат за нивната состојба.

Одење во ресторан, на пример, на никаков начин не е корисно за едно дете, напротив, тоа е за родителите на детето.
Не ги мешајте ќеифите на родителите со потребите на детето.
 
А ако е забрането децата да одат во барови и дискотеки тогаш кај ти сметаат тебе?
И второ, не е корисно едно дете да оди во ресторан??? Ај те молам појасни ми зошто не е корисно?
И трето, како едно дете би научило да се однесува во ресторан ако никогаш не стапнало во ресторан??
Ќеиф на родителите е да седи во ресторан, а дури седат родителите во ресторан, на детето му се исполнети две потреби- со родителите е и е најадено и напиено.
 
Многу ретардирани муабети се вртат низ темава, заради несреќно поставениот наслов... не знам како после толку барања на ОП и на многу други, модераторите не го сменија насловот.

Најверојатно фаќаат сеири... ;)
 
нема модератор тука. Кажи наслов и ќе го променам, не ја следан темава
 
Јок, децата се идни градители на едно општество, идни возрасни луѓе со моќ да одлучуваат - како такви, треба да се внимава како се воспитуваат и на што се учат.
И секако дека треба да се ограничи - и веќе е ограничен - деца не смеат да влегуваат во барови и дискотеки, ниту пак смеат да купат алкохол, на пример.

Децата се посебна категорија во едно општество, и треба да се чуваат и особено важни да бидат нивните права. Треба да се вложува во места кои се од корист за децата, треба да има што повеќе едукативни центри, подобро образование, подобри градинки, училишта, поспособен кадар кој работи со нив, повеќе обуки за новите родители (да, моментално постои обука за новите родители), поажурни и совесни државни органи кои се грижат за нивната состојба.

Одење во ресторан, на пример, на никаков начин не е корисно за едно дете, напротив, тоа е за родителите на детето.
Не ги мешајте ќеифите на родителите со потребите на детето.

Зошто Пума не е корисно тоа од болдот? Затоа што ти го велиш тоа?

Јас сум пример, каде што моето дете е малтене растено по ресторани и кафани, од неговата 3 годишна возраст.

Тоа е и начин на живот, култура и сме среќавале еден куп родители и деца во наше присуство.

ИМало и такви "инциденти" кои што ти ги опишуваш, од одредени дечиња, но тоа никому не му сметало.

Кога си родител, точно знаеш што треба и што може едно дете. Никој нема да дозволи неговот дете да палави низ ресторанот. Сакаш да една ситуација што си ја заприметила у 1000 излегувања, д аја генерализираш. Не бива тоа така, ти реков и претходно.

3 години по ред сум сведок на еден куп родители со деца по кафани, ресторани, кафичи. И одговорно тврдам дека не постојат такви инциденти како што ти ги опишуваш.

Затоа сметам дека тоа е премногу надуено, и нема никаква врска со реалноста, и уште повеќе, со размислувањата на огромното мнозинство во државава.
 
нема модератор тука. Кажи наслов и ќе го променам, не ја следан темава
Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучоци

По можност на почеток на првиот пост да се додаде следново:
(сигурен сум дека ОП PurplePuma нема да се противи)

Уводна изјава: За да се расчистат сите нејаснотии окулу темата на оваа дискусија, овде пред се зборуваме за се поголемата појава на мрзливи и несовесни родители кои своите невоспитани деца ги носат на места каде со своето недолично однесување им сметаат на сите други. Најмногу смета кога се работи за местата каде одењето е привилегија за која солидно се плаќа, како ресторани, кафичи, театри, кина, хотели, плажи итн итн.
Ова не е барање за ограничување на правата на децата туку потреба од конкретно формулирање на обврските на родителите да ги контролираат своите деца ако веќе ги носат на набројаните места. Лично право е на секој како ќе го воспита своето дете, но никој нема право да преку своето дете да им смета на другите.
--- надополнето: 17 август 2013 во 15:33 ---
Ilumious за претседател, ммм... за АДМИНИСТРАТОР! ;)
 
Јас се прашувам како ли оваа идиотска тема достигнала 34 страни.

Брееј еднаквост на грешката на 3 годишно дете со некоја возрасна будала:facepalm:
 
Зошто Пума не е корисно тоа од болдот? Затоа што ти го велиш тоа?

Јас сум пример, каде што моето дете е малтене растено по ресторани и кафани, од неговата 3 годишна возраст.

Тоа е и начин на живот, култура и сме среќавале еден куп родители и деца во наше присуство.

ИМало и такви "инциденти" кои што ти ги опишуваш, од одредени дечиња, но тоа никому не му сметало.

Кога си родител, точно знаеш што треба и што може едно дете. Никој нема да дозволи неговот дете да палави низ ресторанот. Сакаш да една ситуација што си ја заприметила у 1000 излегувања, д аја генерализираш. Не бива тоа така, ти реков и претходно.

3 години по ред сум сведок на еден куп родители со деца по кафани, ресторани, кафичи. И одговорно тврдам дека не постојат такви инциденти како што ти ги опишуваш.

Затоа сметам дека тоа е премногу надуено, и нема никаква врска со реалноста, и уште повеќе, со размислувањата на огромното мнозинство во државава.

За болдот - мислам дека не си во право. Родителите на децата мислат дека инцидентите на децата не сметаат никому, само ради тоа што тие веќе отрпнале на нив. Мене на пример ако ми смета нешто, си траам. Треба да сум ептен нервозна за да му префрлам на виновникот. Тоа не значи дека не ми смета инцидентот.
 
ИМало и такви "инциденти" кои што ти ги опишуваш, од одредени дечиња, но тоа никому не му сметало.
Што збориш бе, така велиш ’мм? Никому не му сметало а?
Судејќи по овие 34+ страни изгледа дека смета, ама добро чим така велиш. Но да не се збуни можеби, да не сакаше да кажеш дека ТЕБЕ не ти сметало?

Брееј еднаквост на грешката на 3 годишно дете со некоја возрасна будала:facepalm:
Демек возрасната будала треба да добие клоца, но да се исклоца надвор и другата возрасна будала која не го воспитала детето па уште и го донела на места каде се плаќа за привилегијата да се биде таму и да се ужива во раат и мир... тоа не е ОК?

Нешто ми зборува за две извесни можности тука. Или за комбинација од двете можности.
- Или и ти си бил некогаш разгалено невоспитано дете.
- Или имаш разгалено невоспитано дете.
 
Што збориш бе, така велиш ’мм? Никому не му сметало а?
Судејќи по овие 34+ страни изгледа дека смета, ама добро чим така велиш. Но да не се збуни можеби, да не сакаше да кажеш дека ТЕБЕ не ти сметало?

Демек возрасната будала треба да добие клоца, но да се исклоца надвор и другата возрасна будала која не го воспитала детето па уште и го донела на места каде се плаќа за привилегијата да се биде таму и да се ужива во раат и мир... тоа не е ОК?

Нешто ми зборува за две извесни можности тука. Или за комбинација од двете можности.
- Или и ти си бил некогаш разгалено невоспитано дете.
- Или имаш разгалено невоспитано дете.

Или ти си возрасната будала....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom