На сон му се сонил Свети Ѓорѓија Победоносец, побарал да биде откриен

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.670
Поени од реакции
14.550
Стани… Оди и осветли ме… Сите ме газите, а никој не ме отвора…“

Oвие зборови пред повеќе од осум години го разбудиле од сон сега покојниот ѕидар Тихомир Крстовски од село Туденце, општина Јегуновце, и му го осветлиле патот до пространо ритче на 900 метри од неговиот дом. Возбуден од мистериозниот глас, кој му порачал да копа под јасените, Крстовски останал вчудовиден кога на половина метар под трите стебла пронашол камени столпчиња, остатоци од некогашен православен храм ги пренесува неговите кажувања Република.

- Стануваше рано затоа што се грижеше за добитокот. Тоа утро, паметам, беше седми февруари, прилегна да одмори некаде пред десет часот. Секогаш спиеше на долниот кат и не знам зошто токму тој ден прилегна на горниот дел во соба во која никогаш не одморал. По некое време стана возбуден, ги зеде лопатата и копачот и замина некаде. Кога се врати, вознемирен и возбуден ни објасни што пронашол – раскажува Илинка Крстовска, сопруга на Тихомир.
Соселаните и најблиските му се придружиле на Крстовски во копањето и од под земјата таложена со векови, на ридот викан Бучало Црквиште, по многу години светлината на денот ја здогледал, во тој момент, неидентификуван црковен објект.
Но, мистериозната приказна, која предизвикала морници кај жителите на дотогаш мирното и спокојно полошко село, не завршила тука. Три дена по откривањето на долго чуваната тајна закопана во подножјето на Жеден, мистериозниот глас повторно му се јавил на Тихомир на сон.
- Легна во истата соба и повторно се разбуди возбуден. Рече, ми се јави истиот глас и ми рече „ти кажав каде сум, но не ти кажав кој сум… јас сум свети Ѓорѓија и така да ме викате…“ Од тој ден натаму, Тихомир постојано одеше на темелите на црквата на ридот. Не беше преголем верник, но не беше ниту неверник. Беше чесен, добар и кроток човек. Ги почитуваше религијата и верата, а по гласот на Ѓорѓија Победоносец и по откривањето на црквата, постојано размислуваше како да го возобнови заборавениот храм и да го послуша аманетот од сонот – објаснува Илинка.
Храмот, кој го испитувале сите стручни домашни институции и специјалисти, се претпоставува дека потекнува од рановизантискиот период, меѓу третиот и шестиот век. Се наоѓа на излезот од селото Туденце по еден од старите патишта за Скопје, денес коњска патека. Селаните раскажуваат дека во минатото денешните полошки села биле под вода, а над храмот на свети Ѓорѓија, на патот за главниот град, се наоѓало селото Селиште, кое одамна заминало во историјата.
Интересно е што не постои ниту еден пишан, ниту, пак кажан податок за постоењето на мистериозно откриената црква под Жеден.
- Проверувавме во историски архив, во музејот во Тетово, како и во црковните книги и архиви и никаде не стои ништо запишано за постоењето на црквата што ја откри татко ми. Уште помистериозно е што никој од селаните во регионот не памети дека барем слушнал приказна за постоење на сличен објект на местото или во подножјето на Жеден – раскажува Душко Крстовски, син на Тихомир.
Тој објаснува дека не е случајно што свети Ѓорѓија побарал да биде откриен по толку векови. Според Крстовски, на тој начин е спасен најстариот триконхален храм во Македонија.
- Непосредно пред да се случи сонот, екипи на телефонскиот оператор Космофон беа дојдени и го обележуваа местото за поставување базна станица. И тие останаа со замрзнати погледи кога татко ми ја откри црквата. Веднаш ја преместија станицата подолу од местото и дури и донираа пари со кои беше направена конзервацијата на остатоците од темелите. Беа уплашени и ни рекоа „леле луѓе што ќе направевме“. Сите случувања околу оваа приказна на некој начин нѐ вознемирија и нас, па долго време беше одложуван почетокот на градбата, а едно време се преиспитувавме себеси дали воопшто да почнеме, затоа што наидувавме на пречки, кои ни зедоа многу години – раскажува Душко.

Повеќе во Република

Мене ме наежи у пм
 
Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Помнете на 9 декември, да организираме КАЈГАНА КАРАВАН за Св.Ѓоргија,
за селото ТУДЕНЦЕ, .........може да почнете да се пријавувате.
Таму покрај посетата и поклонението пред црквата,да дадеме и свој придонес-помош.
 
Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Се бива,не ме чуди.
не сум верник,ама ми се интересни овие работи.
 
3

321456

Гостин
Што не се појави на сон некој светец па да му покаже на некој лек за рак или нешто слично, овие се јавуваат само за да им градат цркви и манастири.

Сериозно, ако прифатиме така како што пишува, дека никој претходно не знаел дека таму има црква, човеков сам ја открил и тврди дека му дошло на сон, тоа е вистинско чудо.
Ама реалноста е друга, прво место се вика ЦРКВИШТЕ, не знам дали и порано било така или така го именувале по ископувањето, ама ако било од порано, сугерира дека се знаело можеби не дека има црква или темели таму, ама дека барем има некоја поврзаност со црква.
Потоа на страницата на Википедија за локалитетот како референца има некоја книга од 1955, значи барем уште од тогаш се знаело за постоењето на некои темели таму, а според Википедија во 1912 имало доградба.
Што значи дека локацијата на темелите не дошле така од ништо или од сонот, туку биле познати од претходно и веднаш чудото добива други пореални димензии.
А и Ѓоргија е прогласен за светец отпосле откако е претпоставениот период на изградба на црквата.
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
ова се точни работи , познавам луѓе на кои им се сонило дека на одредено место постоело некогаш црква на тоа место и самите со свои средства ја возобновуваат истата .
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Имав една другарка што сањаше цркви, светци и слични ствари, и тоа најчесто коа имаше потреба да биде центар пажња, што значи прилично често. А тек колку побожни типчиња имаше ќарено на тие финти...
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Имав една другарка што сањаше цркви, светци и слични ствари, и тоа најчесто коа имаше потреба да биде центар пажња, што значи прилично често. А тек колку побожни типчиња имаше ќарено на тие финти...
времево е жешко намали со краткорочните производи
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
*Претпоставка*

сигурно човеков работел на некој празник и од дома му викале „немој не оди празник денес“ ама морал и после шубе му станало после толку дробење, мислел на тоа , заспал и ете од каде е сонот. Грижа на совест и сакал да се искупи човекот. Убаво вика овој членов со бројкиве, како не се погоди некој на сон да му каже лек за рак или бројките за на лото...

А и искрено претеруваме со обичаиве и глупостиве и адетиве, ајде за некои свадбени адети до негде, да ја зачуваме културата ајде де, ама научно докажани ретардирани глупости како носење зејтини во црква, не одење кај бебе ако имаш добиено пошо ќе се нафрлало (ова ми е врв :pos: ) , не патување со бебе пред 40 дена, не тресење на чаршав навечер пошо самовили шетале :tapp: се ова заедно со случајов погоре треба да се собере и во Вардар да се фрли.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180

Ovie se babini devetini osven ta za zejtinot.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ovie se babini devetini osven ta za zejtinot.
Ни зејтин ни пари ни ништо, кој си е верник ќе си биде верник и дома, додека не се среди нешто со попствово и тарифникот нивни кој се мења во зависност од расположение, според мене народот кој припаѓа на групата верници треба да апстинира малце, додека не ја чукнат главата дека поповите треба да ги помагаат луѓето а не да возат што и да е на 4х4 погон. Ама да не тераме офтопик, друга тема на муабет е ова :)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.830
Поени од реакции
8.854
*Претпоставка*

сигурно човеков работел на некој празник и од дома му викале „немој не оди празник денес“ ама морал и после шубе му станало после толку дробење, мислел на тоа , заспал и ете од каде е сонот. Грижа на совест и сакал да се искупи човекот. Убаво вика овој членов со бројкиве, како не се погоди некој на сон да му каже лек за рак или бројките за на лото...

А и искрено претеруваме со обичаиве и глупостиве и адетиве, ајде за некои свадбени адети до негде, да ја зачуваме културата ајде де, ама научно докажани ретардирани глупости како носење зејтини во црква, не одење кај бебе ако имаш добиено пошо ќе се нафрлало (ова ми е врв :pos: ) , не патување со бебе пред 40 дена, не тресење на чаршав навечер пошо самовили шетале :tapp: се ова заедно со случајов погоре треба да се собере и во Вардар да се фрли.

Зашто го заборави ,,најјакиот,,?
Жена штотуку породена (значи до 40 дена) не смее да излегува до зајдисонце оти ќе се урочеле и она и бебето... Ај бе у декември да се породи, ама во јули :confused:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Зашто го заборави ,,најјакиот,,?
Жена штотуку породена (значи до 40 дена) не смее да излегува до зајдисонце оти ќе се урочеле и она и бебето... Ај бе у декември да се породи, ама во јули :confused:
Остај. Се ми е јасно што стари веруваат во вакви работи ама да веруваш во денешно време кога сите докази наведуваат кон тоа дека соништата се проекција на свеста не можам да разберам.

Земете некоја книга од областа на психијатријата, во библиотека е 30 денари изнајмување стручна литература, ќе видите и како одма пола од сториине во ви се случила ли некоја чудна работа се резултат на опсесивно компулсивни пореметувања, небитно дали моментални.
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.670
Поени од реакции
14.550
ако не се погоди некој на сон да му каже лек за рак или бројките за на лото...
Ни лотото, ни ракот е божја работа, светците и црквите се. Ни јас не сум многу по некои смешни обичаи што ги наведе, ниту пак поповите ми се нешто омилени, ама за ова со сонувањето има многу вистина. Знам 1-2 штипски случаеви што се стварно да се наежиш

П.С Верувам во натприродно
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Бабини деветини, ѓаволски измами. Интересно е што вакви „соништа“ се појавуваат во места каде што меѓу народот владат еден куп суеверија и празноверија.
Во Македонија, според извори на МПЦ, постојат околу 2000 православни храмови од кои повеќето се речиси празни. Значи реална потреба за дополнителни храмови нема. Со други зборови не постои никаде гужва од православни верници кои не ги собира на литургија во некој храм, па ете да мора да се градат дополнителни храмови. Ако не ми верувате повелете во недела на литургија во кој било храм и ќе видите една голема празнотија, ако зборите гласно дури и ехо ќе чуете на својот глас од празнотијата на храмот.
Од друга страна во развиените земји (Америка, западна Европа, Австралија) православни храмови мораш со лупа да ги бараш. Тук таму ќе најдеш по некој руска или грчка православна црква. Значи според некоја здраворазумска логика, таму има поголема потреба од православни храмови за нели да се шири православието натаму, бидејќи според православните тоа е вистинската спасоносна вера и све друго е ѓаолско.

Епа зошто бе таму не им се јавуваат света Петка, свети Ѓорѓија Победоносец, свети Јован Сечиглаа и другиве да им кажат таму да изградат православни цркви (каде што се во екстремен дефицит) и да одат на литургии?

Во Охрид има еден човек што има сериозни психички проблеми. Жал ми е за него, асоцијализиран е, заради психичките проблеми никој не го дружи, се вози нонстоп со точакот наваму натаму по градот. Еднаш седнав со него да пијам кафе и тој ми раскажуваше како на сон му се јавило да изгради црква. Си реков: „И тебе ли бе пријателе.“ Али ај си реков, штом сонува, значи спие. А тоа е добро. Бидејќи има луѓе со психички проблеми што и не можат да спијат, па уште толку скренуваат.

Ни лотото, ни ракот е божја работа, светците и црквите се.
Во Новиот Завет (последните 27 книги од Библијата), на неколку места читаме како Исус и апостолите покажуваат интерес кон болните, ги лекувале итн. Но во целиот Нов Завет нема да најдеш молитва упатена до некој светец (упокоен верник), нема да најдеш славење на некој светец, нема да најдеш цитат каде што на некој од апостолите му се сонило да изгради храм ваму или таму. Напротив ќе најдеш многу цитати каде што се вели дека Бог не живее во ракотворни храмови, дека верниците (луѓето) се Неговиот храм итн.

„А Сèвишниот не живее во ракотворни храмови“ (Дела 7:48, Библијата)

„Бог, Кој го создаде светот и сè што е во него, како Господар на небото и на земјата, не живее во ракотворни храмови, ниту прима служба од човечки раце, како да има потреба од нешто; бидејќи Тој, Самиот, им дава на сите: живот, здив и сè.“ (Дела 17:24, Библијата)

„Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси?“ (1 Коринтјаните 6:19, Библијата)

Не знаете ли дека сте Божји храм и дека Божјиот Дух живее во вас? Ако некој го разруши Божјиот храм, Бог ќе го разруши него, зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.“ (1 Коринтјаните 3:16, Библијата)

Значи камењата, дрвата, фасадата, златото, крстовите, иконите итн. ништо од ова не е Божји храм, туку Светото Писмо вели дека христијаните (луѓето) се Божјиот свет храм и дека Божјиот Свет Дух живее во нив, а не во ракотворните храмови.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Бабини деветини, ѓаволски измами. .
Чорба,

ај бе, жив Ти мајка Ти, дај наброј барем една ѓаолска измама која се случила кај Вас од „центарот„, оти според Твоево мудрување, се чини дека саде православните верници патат од ѓаолски појави на сон.

Добро бе, зашто оња ѓаолон ич не Ве чепкат, а иститот тој ѓаол го искушува целиот Свет? Како останувате отпорни на него‘оно влијание?
--- надополнето: 13 август 2013 во 09:53 ---
„А Сèвишниот не живее во ракотворни храмови“ (Дела 7:48, Библијата)

„Бог, Кој го создаде светот и сè што е во него, како Господар на небото и на земјата, не живее во ракотворни храмови, ниту прима служба од човечки раце, како да има потреба од нешто; бидејќи Тој, Самиот, им дава на сите: живот, здив и сè.“ (Дела 17:24, Библијата)
Леле каква мудрост, па дури и библиски поткрепена...

Добро бе Чорба, ај кажи ми, како може Бог, кон е нематеријален и неограничен, да „живее„ во материјален и ограничен храм?...:confused:
--- надополнето: 13 август 2013 во 09:54 ---
„Бегајте од блудство! Секој грев, што човекот го прави, е надвор од телото; а блудникот греши против своето сопствено тело. Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси?“ (1 Коринтјаните 6:19, Библијата)
На кој начин јас сум храмот на Светиот Дух, дај подобјасни...
--- надополнето: 13 август 2013 во 09:55 ---
Значи камењата, дрвата, фасадата, златото, крстовите, иконите итн. ништо од ова не е Божји храм, туку Светото Писмо вели дека христијаните (луѓето) се Божјиот свет храм и дека Божјиот Свет Дух живее во нив, а не во ракотворните храмови.
Е како де? Како Светиот Дух живее „во нив„?
--- надополнето: 13 август 2013 во 10:07 ---
Во Новиот Завет (последните 27 книги од Библијата), на неколку места читаме како Исус и апостолите покажуваат интерес кон болните, ги лекувале итн. Но во целиот Нов Завет нема да најдеш молитва упатена до некој светец (упокоен верник), нема да најдеш славење на некој светец, нема да најдеш цитат каде што на некој од апостолите му се сонило да изгради храм ваму или таму. Напротив ќе најдеш многу цитати каде што се вели дека Бог не живее во ракотворни храмови, дека верниците (луѓето) се Неговиот храм итн.
Еве уште една „тешка„ вистина: во Новиот Завет немало молитви упатени кон некој светец!...:confused:

Треба ли Чорба, да се докажуваат очигледните вистини?...:icon_lol:

Еве една „тешка„ вистина и од моја страна: во Светото Писмо, моето име ниту еднаш не е запишано! Што велиш за оваа вистина, а?....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom