Македонските хероини

  • Креатор на темата Креатор на темата Vasko.G
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
Возраст
27
Во оваа тема сакам да позборуваме за жените херои кои оставиле длабок печат во нашата историја.Приказни, анегдоти , истоиски податоци ако ги имате објавете ги тука за да не се заборави херојството на македонската жена.
 
Вера Јоциќ - народен херој на македонија

„Три дена на раце те носевме збрана,
со тага и болка во погледот срчен,
и секоја капка од твојата рана
ко крвава жар ми капеше в срце.

Другарите беа гладни и морни,
со згорени грла и свиени плеќи
со тап бол се впија во очите ладни
и жалеа оти не ќе пламнат веќе.

Но јас знаев оти пак ќе вивнат в жарој,
и борците под нив ќе цветат и раснат,
и студени утра ќе греат ко сонце
и никогаш нема да стијат и згаснат.“...
-------------------------------------------------------
Очи - Ацо Шопов
-------------------------------------------------------
Вера Јоциќ,родена во Синѓелич-скопско на 21 август 1923 година.
Во средината на 1942 година веќе е борец.Во 1943 година се приклучува на вториот кумановски партизански одред,на должност заменик политички комесар.Со формирање на батаљонот „Орце Николов“,ја презема истата должност.Нејзината легендарна храброст врзана е за борбите што овој батаљон ги води во познатата мајска офанзива. По формирање на Третата македонска ударна бригада,поставена е за заменик на политички комесар на првиот батаљон.Во борбите кај Страцин-кумановско на 20 мај 1944 година при јуриш на бугарските ровови,била тешко ранета.Нејзините соборци,три дена ја носеле низ борбените позиции до селото Саса.Таму во мала селска куќа престанало да чука јуначкото срце на Вера.
 
Мирка Гинова
Тихо Мирка си заспала
во Почепските планини
во Почепските планини
тамо долу во ливади
во Почепските планини
тамо долу во ливади

Насред ноќе пристигнале
втора чета комисари
гласот Мирка му го слушна
одма Мирка се разбуди
гласот Мирка му го слушна
одма Мирка се разбуди

Во зората пристигнале
клети шпиони фашисти
местото го заградија
жива Мирка ја фатија
местото го заградија
жива Мирка ја фатија

Жива Мирка ја фатија
во град Воден ја носија
тешко Мирка ја мачија
жива во гроб ја ставија
тешко Мирка ја мачија
жива во гроб ја ставија
 

Сирма Војвода (Крстева Стрезова) (с. Тресонче, Дебарско, 1776 - на пат од Прилеп за Варош, Прилепско, 1864) – биле една од ретките жени војводи на ајдутска дружина. Според народните песни, за војвода била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини. Со својата ајдутска дружина дејствувала како заштитник на македонскиот народ од турските насилници и албанските качаци главно на планините Стогово и Крчин. По стапувањето во брак со Велко Спиров од Крушево, бајрактар на четата, се повлекла од ајдутскиот живот во 1818 година и со него живеела во Прилеп. Во 1856/7 година, како 80-годишна старица, се сретнала со Димитар Миладинов. Во 1864 година била убиена од прилепските Турци. Опеана е во неколку народни песни.
Сирма е родена во село Тресонче, во 1776 година. Таткото Петре, кој бил самоук зограф и зидар, како и многумина од Тресонче, често отсуствувал од дома. Работејќи како печалбар одлично ги зборувал, турскиот, грчкиот и српскиот јазик. Додека Петре отсуствувал од дома, бидејќи неговиот татко со годините кои ги имал не бил способен да работи, за сите машки обврски околу куќата се грижела неговата жена Анѓа. Таа била способна жена која прекрасно ткаела и везела. Како единствено дете во семејството, Сирма била принудена да и помага на мајка и Анѓа, а притоа да им посветува подеднакво внимание како на женските така и на машките задолженија. Работата ќе ја исчеличат Сирма, а таа ќе ги извршува машките обврски подеднакво како било кој друг маж.
По завршените дневни обврски, нејзиниот дедо и мајката Анѓа, знаеле долго во ноќта, под пригушеното светло на лојаницата со сета да раскажуваат за минатото, за нивните претци и нивната храброст во справувањето со качачките албански банди и турските насилници. Сето тоа кај младата Сирма ќе предизвикаат огромна почит кон сите оние кои во минатото знаеле храбро да ги стават своите животи во заштита на народот и нивните имоти..
_-1_copy_copy.jpg

Животот на Сирма ќе се промени во моментот кога наместо во расказите на дедо, качачките банди навистина ќе се појават во нивниот крај. Навреме информиран за нивното присуство, Петре го засолнил семејството. Најпрво скриени во месноста Голем Дол, а подоцна во пештерата Алилица, семејството на Сирма ја избегнала непријатната средба со арамиите. Но набрзо ќе соочат со последиците. По враќањето во селото тие ќе наидат на опљачкани домови, запалени племни и расплакани селани кои тагувале по нивните грабнати деца. Меѓу одведените девојки била и Ружа, најдобрата другарка на Сирма. Настанот ќе предизвика вистинска траума и револт во душата на младата Сирма.
Гледајќи каква неправда му е нанесена на народот, Сирма ќе одлучи да им се приклучи на мажите кои се договарале на следниот Ѓурѓовден на планината Стогово да формираат ајдучка дружина која требало да се справи со арамиите. Наредната година на Ѓурѓовден, на договореното место на Стогово, од сите страни на мијачкиот крај дошле околи седумдесет Македонци. Меѓу нив била и Сирма, преоблечена како момок. Таа без да знае никој, ги облекла татковите алишта и заминала на договореното место. Кога пристапила кон дружината Сирма имала само 18 години.
Според народните песни, за војвода Сирма била избрана откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини. Таа не само што се носела рамо до рамо со мажите туку и ги надминала во натпреварите: фрлање камен, скокање во далечина и стрелање. Особено била вешта во стрелање. Долго време се раскажувало за натпреварот кога Сирма стрелала низ неколку прстени наредени еден до друг и обесени со конец на една гранка. Облечена во бели бечви, чоен минтан и бела долама, по ништо не се разликувала дека е женско, туку делувала како вистински главатар на мијачките ајдуци.
По заклетвата дека нема да ги жалат животите во одбрана на родниот крај од качачките банди, Сирма го развеала бајракот, навезан на црвена коприна и му го предала на Велко Спиров, Мијак од Крушево. Дваесет и три години четата на Сирма успешно го бранела мијачкиот крај од разбојници, а населението им давало засолништа, храна, лекови и облека. Поддржана од населението четата на Сирма акциите ги изведувала брзо и прецизно, со невидена храброст. Народот раскажувал за борбите и успешните акции на мијачките ајдуци, но посебно го истакнувале војводата за кого велеа дека за храброста му нема рамен.
За цело време на своето ајдуковање, Сирма успешно го криела својот пол. Постојат две верзии како е откриена нејзиното моминство. Едната вели дека еден ден и се скинале неколку копчиња од кошулата и така било откриена нејзиното женственост, а во другата ајдуците дознале дека е женско дури откако дружината се растурила, а Сирма се омажила за Велко Спиров, бајрактарот на четата. Така се родила легендата за Сирма војводата
По стапувањето во брак со Велко, се повлекла од ајдутскиот живот во 1818 година Со Велко заминале во Крушево, каде живееле долго време, а подоцна ќе се преселат во Прилеп. Откако се раширила веста дека најголемиот водач на ајдуците во тоа време била всушност мома, народот во Мијачко ќе ја испее песната "Сирма Војвода" во која се вели: „Коде се чуло видело, Моме војвода да одит, Со седомдесет ајдути, По таа Бистра планина, Со три барјаци црвени..“
Во 1856/7 година, како 80-годишна старица, во Прилеп се сретнала со Димитар Миладинов.Таа му ја раскажала својота животна приказна. За жал, од нејзината биографија, останала само една куса белешка во која Д. Миладинов ќе збележи дека: „Сирма се роди во дебарското село Тресонче. Бидвешчем под машко облекло, обходи как војвода планините Бабин Трап, Стогово, Барбара, Крчин. Момците кои таа ги водеше ја узнаха како девојка кога í се скинаха петлиците од градите".
Имала 85 години кога смртта ја затекнала Сирма на пат од Прилеп за Варош. Во 1864 година, била убиена од Турците. Погребана била со најголеми почести, а прилепчани излегле во голем број за последен пат да и оддадат почит на големата Сирма Војвода.
 
Румена Ѓорѓиева Павлева (Павлова), (Румена војвода) (Ѓуешево, Ќустендилско, околу 1829 - Букурешт, Романија, околу 1895) - жена ајдутски војвода. Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко и рано ја омажил за Георги Шопа. Румена се воодушевувала од ликот и подвигот на војводата Иљо Марков-Малешевски, кој со околу 170 ајдути ја нападнал кулата на Деве Баир во 1854 година. Во истрага и одмазда што следувала од страна на осмалиите, меѓу другите, средсело била мачена и Румена, по што се пријавила за ајдутка, но Малешевски одбил да ја прифати. Таа го напуштила семејството и со помош на Стојан Кркљански како барјактар, формирала своја ајдутска чета. Била страв и трепет за османлиските власти и чорбаџиите насилници на просторот од планината Осогово до Врање од 1858 до 1861. Според една од верзиите за нејзиниот животен пат, по предавството и неуспешниот обид за атентат, ја распуштила четата и со барјактарот пребегале преку реката Дунав и подоцна стапиле во брак и се населиле во Букурешт Романија, каде што и починала. Опеана е во повеќе македонски народни песни како „планинска царица“.
Постојат повеќе верзии за годината кога е родена Румена. Според едни околу 1826, а според други 1831 година. Врз основа на податоците на годината кога е мажена се смета дека Румена е родена околу 1829 година во Ѓуешево, Ќустендилско. Таа израснала во убава, снажна и способна девојка, која го привлекувала вниманието на османлиските напасници. Кривопаланечкиот кајмакам, привлечен од нејзината убавина ја грабнал и ја принудувал да се потурчи, но селаните од неколку села се побуниле и се спротивставиле на османлискиот зулум. Околу четириесет селани биле уапсени како бунтовници, но, сепак на крајот заедно со Румена биле ослободени.
Поради повеќе обиди за грабење и исламизирање, татко и во 1843 година, на тринаесет-четиринаесет години, ја омажил за Георги Шопа. Иако Румена рано се омажила за својот соселанец, со тоа не престанале и обидите на османлиите да ја потурчат. Поврзувајќи ја со арамиите и бунтовниците, во случај на било какво убиство по патиштата, властите секогаш ја барале Румена. „Ту ја носеле на истрага во Паланка, ту ја мачеле да ја потурчат“. Притисок и вршеле и преку нејзиниот татко, кој бил одведен во Скопје, каде го држеле во апсана една година. По враќањето, изнемоштен и болен, набрзо починал.
Теророт на османлиската власт, се повеќе ги зголемувала симпатиите на Румена кон ајдуците и бунтовниците, како и желбата таа да се приклучи кон нив и да се бори против насилниците кои се изживувале врз македонското незаштитено население. Уште откако се омажила, таа одржувала врски со некои сејмени од кулата на Деве Баир и со некои ајдути. Румена била импресионирана од подвигот на војводата Иљо Марков Малешевски, кој со околу 170 ајдути ја нападнал кулата на Деве Баир во 1854 година.
Веднаш по нападот на Кулата, била испратена потера по Малешевски дури од Нишко. Во истрага и одмазда што следувала од страна на осмалиите, меѓу другите, средсело била мачена и Румена. Таа молчела додека ја тепале да каже што знае, но овој настан бил пресуден за одлуката која ја донела и пресвртница во нејзиниот живот. Се пријавила за ајдутка, но Малешевски одбил да ја прифати.
Во 1855 година, по кавгата и убиството на некој Турчин, кога сите пропиштеле и во неа како гледале како на ајдутин, одлучила да го напушти семејството и четиригодишниот син Андон и навистина да стане ајдутин. Оставајќи аманет да и се чува синот единец, таа го напуштила семејството и со помош на Стојан ковачот од село К’ркља (Стојан Кркљански) како барјактар, формирала своја ајдутска чета.
Во периодот од 1856 до 1860 или според други податоци од 1858 до 1861 година, Румена со својата ајдучка дружина, станала страв и трепет за османлиските власти и чорбаџиите насилници на просторот од планината Осогово до Врање. Ајдучката дружина вешто раководена од Румена и нејзиниот побратим Стојан барјактарот, заштитувајќи го македонското население, ликвидирала неколку турски арамиски чети, одделни насилници. Многу аги и богаташи, меѓу кои и христијански, биле прогонувани од Румена, за пакостите што ги правеле над сиромасите, а ги напаѓала и предавниците и соработниците со осмалиската власт. Меѓу народот таа била позната како добар војвода и закрилник и станала прочуена како „Планинска царица“.
Против дружината биле покренати бројни потери, но благодарејќи на помошта на бројните јатаци и на македонските селани, Румена успевала да избега префрлајќи се од еден на друг крај. Иако дружината дејствувала самостојно, кога потерите зачестиле и станале побројни, Румена се поврзала со дел од дружината на Иљо Малешевски кој во тоа време се наоѓала во областа на Врање, додека тој со останатиот дел бил во Србија.
Обидот да се поврзат со дружината на Малешевски во околината на Врање останал неуспешен, бидејќи ајдуците на Дедо Иљо не можеле туку така да прифатат жена – ајдутин, кон која гледале со презир и омаловажување. Неприфатена, дружината се вратила на својата територија, а презирот кон жената ајдутин, кој дотогаш бил скриен со дотогашните успеси, се појавил на површина. Неуспехот предизвикал несогласувања и сомнеж кај ајдуците на Румена. Тие причините на неуспехот на дружината го побарале во распадот во побратимството и посестримството меѓу Румена и Стојан.
Сомнежот пренесен од ајдутите на Иљо Малешевски дека неприлега „жена за ајдутин“ го искористил Спасе од село Градец, еден од ајдуците на Румена, кој сакал да стане војвода. Наместо да се издвои и да формира своја дружина, под изговор дека „не прилега жена да ги води“ и дека таа го изневерила посестримството, тој наговорил неколкумина ајдути, да ги ликвидираат Румена и Стојан.
Постојат повеќе верзии за еден од ретките трагични настани во ајдучките дружини во Македонија. Според една од верзиите, кога дружината се наоѓала во некои колиби меѓу селата Градец и Габер, Кривопаланечко, Спасе и Милко од село Габер, ги убиле Румена и Стојан со дрва додека спиеле во колибата. Тоа всушност било едно од ретките предавство во ајдучките дружини и убиство не од османлиите туку од своите содругари. Ова убиство е уште едно во низата од многубројните крвави македонски меѓусебни уништувања како народ.
По убиството дружината под раководство на Спасе делувала неколку месеци и се распаднала, Милко и уште троца ајдути, кои се сметале за виновни за убиството на Румена и Стојан, биле одмаздени од нивниот другар Стоилко од село Трново. Тој ги убил на спиење во село Жидилово, Кривопаланечко, по што се предал на валстите. Единствено се спасил Спасе кој бил отсутен тој ден.
Но постои и друга верзија според која по предавството и неуспешниот обид за атентат за убиство, Румена ја распуштила четата и со барјактарот пребегале преку реката Дунав и подоцна стапиле во брак и се населиле во Букурешт Романија, каде што и починала околу 1895 година.
Румена војвода била водач на една од најпрочуените ајдучки дружини во македонската историја. Таа е опеана во повеќе македонски народни песни како „планинска царица“
 
Вера Циривири - основно училиште во карпош
 
Естреја Овадија Мара еврејка од Битола која загина на Кајмакчалан по херојски добиената битка.Имено чинот на загинувањето е траго комичен бидејки загинала од раката на еден тифусар додека вршела нужда во еден ров.
 
Естреја Овадија Мара еврејка од Битола која загина на Кајмакчалан по херојски добиената битка.Имено чинот на загинувањето е траго комичен бидејки загинала од раката на еден тифусар додека вршела нужда во еден ров.

До сега знаев две верзии за нејзиното загинување оваа е трета.
Ќе напишам нешто повеќе за овој наш борец накнадно,но и за многу други.
(за жал и за многу подзаборавени хероини од нашата борба за слобода)
 
До сега знаев две верзии за нејзиното загинување оваа е трета.
Ќе напишам нешто повеќе за овој наш борец накнадно,но и за многу други.
(за жал и за многу подзаборавени хероини од нашата борба за слобода)
Ова можеш да го најде и во Книгата Битола и битолско за време на Втората светска војна 1943 1944 мислам дека беше
 
Захарија Василева Шумљанска

Захарија Василева Шумљанска е родена на 15 мај1864 година во село Могила, битолско. Завршила гимназија во Пловдив во 1885. Долгогодишна учителка е во Воден, Едрене, Скопје, Солун и др. Ја помага ослободителната борба на населението во Македонија. По Илинденското востание организира сиропиталишта за децата на настраданите дејци во востанието. По Балканските војни живее во Софија и активно се занимава со добротворна дејност. Умира во 1937 година.
Zaharia_Shumlyanska.JPG


Zahariya-shumlyanska.jpg

Домот за сираци во Битола

Захарија Василева-Шумљанска (1864-1937), која со својата енергичност, иницијативност, решителност и добротворната хуманистичка дејност зад себе остави неизбришливи траги. - Таа е основноположник на дом за сираци и дом за старци во Битола, веднаш по Илинденското востание, болница во Солун за време на Балканските војни и дом за сираци во Софија за илјадната емиграција од Македонија. Таа била покровителка и заштитничка на бездомните, гладните, сираците, болните, затворените, страдалниците. Таа не се задоволила само со учителскиот позив, туку дејствувала и формирала здруженија преку кои се овозможувало да се пројави секаква побудна иницијатива - вели Миновски. Захарија Василева-Шумљанска е родена во битолското село Могила. По завршување на учителската школа, работи во Воден, Скопје, Одрин и Солун. По женидбата со полскиот емигранг - австрски државјанин Јулијан Шумљански, наставник по природни науки во Солун, Серез и Битола, таа го формира домот за сираци во Битола наречен Сиропиталиште. Миновски успеал да разоткрие и низа други нејзини активности за згрижување на сиромашните. - Захарија како да била предодредена да биде иницијатор за преземање на сеопшта хумана и добротворна акција на несреќниците да им ги ублажува страдањата. И таа сама го има забележано следното: "Имав силна желба да работам за ублажувањето на горката судбина на бедните сираци, на кои штом помислував сакав да преземам се за да ја ублажам нивната положба". Захарија најпрво се обратила кај еден од највидните авторитетни битолчани, Николаки Робев, познат трговец и активен културен деец во борбата за употреба на свој јазик во училиштата и црквата. Тој не само што ја одобрил нејзината намера за отворање дом, туку ја задолжил својата ќерка Василка да и помага во работаат во која подоцна се вклучиле и битолчанките Дорева, Мирчева, Хололчева, Пенџеркова, Марија Џаконица, Екатерија Кецкарова, Донка Маџарова. Во почетокот во црквата "Св. Богородица" била отворена трпезарија во која се делеле бесплатни оброци за сите болни деца од градот. За да нема пречки во собирањето на доброволни прилози од страна на власта, Захарија добила одобрение од валијата Азим Беј, кој дури и дал доброволен прилог - пет турски лири. Во почетокот на 1906 година, трпезаријата била добро организирана и редовно давала оброци за сираците и бедните ученици, но Захарија започнала да размислува и планира за уредување на дом за сираци - сиропиталиште. Таа се движи насекаде и бара доброволни прилози кај фурнаџиите, касапите, рибарите, бавчанџиите.
Bitolsko_Siropitalishte.JPG
Vasko.G


Edit: Уште еден текст од МН.
Мајка Шумљанска големиот добротвор и хуманист заборавена од македонската јавност
salonika.jpg

Салоника
Многу години пред Мајка Тереза, во Македонија постоело уште едно благородно срце кое за својата добротворна и хуманитарна дејност зад себе ќе остави неизбришливи траги кај македонскиот народ. Во првата половина на XX век, во знак на почитување и благодарност за нејзината грижа кон македонските сираци, болни и сиромашни, македонскиот народ ќе ја нарече Мајка Шумљанска.
Денес малку Македонци знаат, дека некогаш Битола, градот на конзулите и клавирите, имал своја Мајка Тереза. За жал, во Македонија не постои никаков споменик за Мајка Шумљанска, кој ќе не потсети дека големата добротворка по Илинденското востание отворила „Дом за сираци“ во Битола, болница во Солун во кој се лечеле македонските борци за време на Балканските војни, а пред крај на својот живот и сиропиталиште за македонските емигранти во Софија.
Моминското име на оваа енергична, полна со иницијативи и решителна жена, е Захарија Василева Таа е родена на 15 мај 1864 година во битолското село Могила. Но, најновите сознанија говорат дека е родена во Битола.
За време на школувањето, Захарија се истакнува со својот интелект. Таа е најдобра меѓу своите соученички и ги завршила со одличен успех основното и прогимназиското образование во Битола. По завршувањето на училиштето во Битола добива стипендија од градските татковци и оди да учи во Пловдивската гимназија, која ја завршува со одличен успех во 1895 година.
Во Македонија се вратила како учителка и воспитачка. Седум години работи како учителка во во Воден, а потоа уште толку учителствува во Скопје, Одрин и Солун. За тоа време ќе го запознае својот животен сопатник, полскиот емигрант Јулијан Шумљански. Заедно со сопругот Јулијан кој бил австроунгарски поданик и наставник по природни науки во Солун, Битола и Серес, започнале иницијативи за потпомагање на подјармениот македонскиот народ. Нивната иницијатива започнува за време на Илинденското востание, кога многу села се изгорени и опустошени, народот раселен, а многу деца остануваат сирачиња и бездомници.
Захарија како да била предодредена за добротворна и хуманитарна активност со која ќе ја намали болката на несреќниците. Во годините по Илинденското востание, во 1906 година, битолската учителка со поддршка на владиката Григориј, отвора бесплатна трпезарија за соромашни деца во помошните простории во дворот на црквата „Св. Богородица“ во Битола, кои подоцна ќе станат дом за сирачиња. Во домот биле згрижени околу 110 деца од сите краеви на Македонија, меѓу кои и трите сирачиња на Војводата Питу Гули. Шумљанска ги згрижува и другите деца на македонските војводи. Таа била многу наклонета кон македонската револуционерна организација, па на македонските револуционери им помагала и додека биле во затворите, носејќи им храна и облека.
За да го одржи Домот за сираци, таа редовно собирала донации. Во тие несигурни времиња било голем ризик да се патува, ноЗахарија Шумљанска за да обезбеди помош, со женска придружба, патувала за Охрид, Прилеп и Крушево. Во нејзините напори за обезбедување донации и помага целата Битолска, Прилепска, Крушевска јавност, како и Охриѓани. Богати и сиромаси донирале, според можностите. Меѓу нив се имињата на видни личности од тоа време како Николаки Робев, Рафаел Кахми, Бомбол и др.
Ваквата солидарност на македонскиот народ ќе им посмета на гркофилите во Битола. Додека Захарија прави напори за да се изгради сопствена зграда, гркофилите ќе ги известат турските власти дека семејството Шумљански е симпатизер на Македонската револуционерна организација и дека во Домот често престојуваат македонски револуционери. Под нивен притисок, турските власти во 1910 година, ќе го интернира семејството Шумљански во Солун.
По интернација, Захарија не престанала да се интересира за „Домот за сирачиња“. Таа редовно била информирана за состојбите со до 1912 – 1913 година, кога за време на Балканските војни, домот бил уништен.
Во 1912 година во Солун Захарија отвара болница за ранетите македонски војници, но со доаѓањето на грчката власт тие стануваат повторно предмет на прогон. За време на Првата светска војна, поради наклонетост кон македонското револуционерно дело, најпрвен биле ставени во домашен притвор, а подоцна била одвоена од семејството и интернирана во Мехади и Рас Селтин, Северна Африка.
По интервенција на Полска, во 1919 година Захарија е ослободена од заточеништво и заминуваат во Софија. Наскоро Јулијан умира, а Мајка Шумљанска отвора сирипиталиште во Софија со име „Битола“. Тука наоѓаат засолниште 120 деца бегалци од Македонија.
Захарија Василева Шумљанска умира на 18. XI 1937 г. во Софија. За својата хуманост, несебичност и извонредната благородна дејност, таа од македонскиот народ била наречена Мајка Шумљанска.
За жал, Мајката Шумљанска како и многумина македонски чеда, денес е заборавена од македонската јавност. Ваквиот однос кон сопствените претци само им помага на историчарите од сосените земји кои во недостаток на сопствени чеда ги присвојуваат македонските и ги прикажуваат како бугарски, српски или грчки дејци.
http://www.mn.mk/makedonski-legendi/4508
 
Евдокија Фотева - Вера исто и Евдокија Балева-Николова (Д’мбени, Костурско, Грција, 2 август 1926 - Скопје, 10 март 2011) била македонска револуционерка од Егејскиот дел на Македонија. Организирана во КПГ од 1941 година. Учесник во НОБ на грција, партизан во СНОФ. Во партизанските редови стапува во 1944 година, во месец април и набргу станува заменик комесар на чета во Прва егејска ударна бригада. Во 1945-1946 година е секретар на Околискиот одбор на НОФ, а од 1947 година е секретар на Главниот одбор на АФЖ на Македонките од Егејска Македонија.
Една од ретките кои дејствувала во реонот на моштенските села во кои јас живеам.
--- надополнето: 13 август 2013 во 22:16 ---
Масовни гробници има и во Грција
Некои велат дека овде во Лерин почиваат 700, други дека се 1.200 борци, а тие всушност се многу повеќе од 1.200. Не само во околината на Лерин, туку во секој град во Грција, се уште има неоткопани гробници каде се закопани и Грци и Македонци, вели некогашната партизанка Евдокија Фотева - Вера, учесничка во Граѓанската војна во Грција. Таа објаснува и дека во текот на војната, Комунистичката партија на Грција ги признавала како Македонци!

AA9BF0EA035D6F4B9C0AFE407F250872.jpg
- Ние со Грците не се делевме, за слободна демократска Грција од една граната заедно гинеа и Грк и Македонец. Некои велат дека овде, во Лерин, почиваат 700, други дека се 1.200 борци, а тие всушност се многу повеќе од 1.200. Не само во околината на Лерин, туку во секој град во Грција, се уште има неоткопани гробници каде се закопани и Грци и Македонци. Многу од нашите другари си отидоа, а ние, неколкуте преживеани борци, сакаме да и укажеме на светската јавност дека масовни гробници нема само во Босна, ги има и во Грција.
Ова го изјавува некогашната партизанка Евдокија Фотева - Вера, учесничка во Граѓанската војна во Грција.
Во текот на Граѓанската војна, како што објаснува Фотева, Комунистичката партија на Грција ги признавала како Македонци.
"И ние, Македонците, имавме наши македонски организации и дејствувавме заедно со грчките, заедно делевме се. Пред 3-4 години претставници на КПГ дојдоа во Скопје. Им дадовме книги со имиња на македонски борци. Не прашаа зошто во Грција и ден-денес немаме обележано место каде се починати Македонците. Им реков дека е така, при што потенцирав: "Ако бевме заедно во војната, може ли и сега да бидеме заедно. Се согласија, по што следуваше покана. Но, ако не беа тие, ние воопшто не ќе можевме да ја посетиме гробницата. Ја прифатиме поканата на КПГ, бидејќи тоа беше единствена можност да ги видиме Вичо, Грамос, местата каде што се боревме. Не постои друг начин да влеземе во Грција, а мораме да им докажеме дека заедно се боревме за демократска Грција. Во однос на македонското прашање секоја година ни ветуваат дека ќе го покренат. Но, по се изгледа и тие се плашат".

БИТКАТА ЗА ЛЕРИН
Потсетувајќи се на битката за Лерин, Фотева вели: "Ноќта на 12 февруари ги нападнавме и ги победивме монархофашистите во бункерите. Одевме по рововите. Дојдоа авионите, небото поцрне. Ние немавме авиони, се боревме со пушки. Почнаа да бомбардираат. Тогаш не загинаа само борци, туку и обичен народ. Земјата се тресеше и неколку дена по
бомбардирањето. Со булдожери ги собираа мртвите. Многу болно чувство. На сите мирољубиви народи им порачувам таква војна никогаш да не се случи, зашто гинат оние кои се невини и оние кои ја сакаат правдата. А оние кои ја сакаат правдата, никогаш нема да бидат признати. Еве, ние кои бараме човекови права ништо не добивме".

ИМАВМЕ ШКОЛИ ПРИЗНАТИ СО УКАЗ
"Сега, кога е уништена спомен-плочата на гробницата во Лерин, уште полошо е - потенцира партизанката Фотева - чувството кога знаеш врз што газиш. Каде и да згазнев мислев дека газам врз труповите на моите другари. Тоа е многу страшно".
Мизерно е и чувството да не те признава оној со кој заедно си се борел...
"Ние сме Македонци. За време на нашата посета во Лерин имаше многу Македонци борци, кои денес живеат во Грција. Беа воодушевени од нас, многу плачеа, зашто беа меѓу свои. Филмот кој ни го прикажа КПГ, а зборува за Граѓанската војна, беше автентичен, ги имаше сите настани, но во него воопшто не се зборува за Македонци. Ја покажаа Мирка Гинова, рекоа дека е прва жена која е стрелана од монархофашистите, но не кажаа дека е Македонка. Се боревме заедно со припадниците на Комунистичката партија на Грција, а тие ни ветуваа дека доколку се ослободиме од фашизмот, Македонците ќе ги имаат сите права. Македонците масовно се приклучуваа кон КПГ, им се ветуваше дека заедно ќе ја ослободат Македонија. За време на ДАГ имавме школи признати со указ.
Имавме и наши, македонски весници. По 1982 година Владата на Папандреу поведе перфидна политика според која во Грција можат да се вратат само Грци по род. Во Скопје има многу наши другари команданти кои не сакаа да се запишат како Грци. Македонците секогаш се бореле за Грција, за да ја ослободат, па зошто сега Грците да се плашат од Македонците и зошто Македонците да немаат никакво право. Грците сакаат
да ја присвојат Македонија".

ЗАБРАНЕТ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Фотева објаснува дека за време на генералот Венизелос, подоцна и на Метаксас, им бил забранет македонскиот јазик и сите топоними биле преименувани на грчки јазик. Грците, и тогаш и денес, ја застапуваат тезата дека во Грција треба да има еден народ, еден јазик.
"А на албанскиот фронт ги собраа сите за да се борат да ја ослободат Грција. Денес во сите држави постојат многу јазици, а грчката држава не признава човекови права. Во Грција има многу историчари кои ја пишуваат вистината за Граѓанската војна, но не се прифатени од грчката Влада. Грците сакаат и името да ни го земат. Ние во Македонија ги штитиме гробовите на
6941EDD7D7C776448301784A1987C4D3.jpg
француските, на германските, на бугарските војници од сите војни. А Грците не сакаат ниту да слушнат за македонски борци, камоли да ги штитат нивните гробови", посочува Фотева.
Карактеристично е тоа што додека траеше посетата на Гробницата, постојано беше присутна и грчката полиција. Проструи информација дека таа е тука за да ги штити македонските гости во случај да дојде до судир меѓу националистите и комунистите. Веројатно тоа беше меч со две острици.
"Го знаев тоа и затоа реков: Знаеме дека тука има уште сили како Караџаферис, предводник на националистите, кому му помина времето".
Евдокија Фотева-Вера е родена во село ДДмбени, Костурско, во семејство со револуционерна традиција. Учесник е во Антифашистичката и Граѓанската војна во Грција. Во тоа време зазема значајни раководни места, НОФ, АФЖ, итн. По поразот на ДАГ во 1949 година, заедно со неколку врвни македонски раководители е "обвинета за поразот" и оттогаш почнува нејзината голгота, која завршува во 1956 година, кога всуш -
ност се враќа во Македонија. За нејзините заслуги во Антифашистичката и Граѓанската војна е одликувана со многубројни признанија.
 
Марија Ѓеорѓиева - Маца Овчарова
Родена во Велес на 19 март 1922 година.
Активно се вклучува во НОД уште во 1941 година.Во септември 1942 година се придружила на партизанскиот одред на Мокренската планина.Се истакнала како храбар и бестрашен борец,наоѓајќи се секогаш во првите борбени редови.Во борбите со бугарскиот окупатор и контрачетниците кај село Зелениково била ранета. Повлекуваиќи се пред бугарската потера.крајно исцрпена била фатена во почетокот на јануари 1943г.
Полицијата ја однела во село Рлевци,каде била мачена два дена за да открие каде се наоѓаат другите партизани.Бесни поради тоа што не можеле ништо да дознаат од неа,бугарската полиција ја фрлиле Мава Овчарова во отворен гроб и жива ја закопале.
Тоа се случило на 7 јануари 1943 година.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom