Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Затоа што тие луѓе не стискаат лајк само на оние што имат исто убедување како нив, туку објективно стискаат лајк на тоа што им се допаѓа.
Јас кога сум дебатирал со муслиманите, атеистите и православни членови ми кликале лајк.
Кога сум дебатирал со атеисти, муслимани и православни ми кликале лајк.
Кога сум дебатирал со православни, муслимани и атеисти ми кликале лајк.
А и јас на сите овие им ставам лајк кога ќе пишат нешто добро, аргументирано, издржано. Имало случаеви кога сум стиснал лајк и без да се согласувам целосно со кажаното, но сепак пишаното држело вода, било пишано културно, почитувачки, толерантно итн.

Од друга страна пак 99% од лајковите што ти и MIKI1 ги имате се од вас самите, еден на друг си ставате лајк (или некој трет православен ви става лајк), си се тапшате по рамо дека сте у право. Епа другите не прават така. Ете затоа забележуваш мои лајкови кај атеистите и нивни лајкови кај мене. Кога нешто е добро напишано, добро кажано, заслужува и лајк и аплауз. Ете тоа се нарекува „подавање рака на неистомисленикот“. Помина времето на инквизицијата кога се што беше различно од „својата банда“ беше спалувано на клада.

Зошто би им се допаднала твојата содржина на Атеисти кој целосно го одбиваат словото кој некој дури и саботираат и се исмејуваат бараат рески во него.
Размисли дали темнината и светлината имаат нешто заедничко, и ти од кај си:sneaky:

Vasko.G Израел,Грција,Русија како и цел балкан се ПРАВОСЛАВИЕ.
Низ времето се менувало само името и границите а црквата била една.
 
4. Пред земјотресот и во турско немало тука храмови на МПЦ, од проста причина што МПЦ тогаш не постоела. Тоа што постоело се храмови на ПОА (православна охридска архиепископија), грчки храмови, бугарски храмови и најпосле српски храмови. Зошто на пример тие храмови да не припаднат на ПОА (православна охридска архиепископија) со која раководи неговото блаженство архиепископот охридски и митрополит скопски господин господин Јован Вранишковски?
Зошто таа црква е незаконска во нашата држава и е српско кукавичко јајце за разнебидување на МПЦ која е официјана наследничка на Охриската Архиепископија.
a eve kako se bara mesto na nov manastir ili crkva.[/quote]

Само едно не ми е јасно во твојот напис,ако може да се формираат различни протестантски цркви во Македонија,разни школи на исламот во Македонија,кој и го дал правото на МПЦ да воспоставува монопол врз православието во Македонија.Зар МПЦ се поистоветува со државата и народот Македонски,па зар не сваќаш дека Македонец не е само и православен,дека Македонец може да биде и Муслиман,и Будист истотака и Атеист.Еве јас ако сакам да бидам припадник на Руската православна црква или Бугарската,тоа не значи дека јас ќе го изгубам правото на национално самоопределување како Македонец,тие две работи не одат заедно.
 
Зошто би им се допаднала твојата содржина на Атеисти кој целосно го одбиваат словото кој некој дури и саботираат и се исмејуваат бараат рески во него.
Размисли дали темнината и светлината имаат нешто заедничко, и ти од кај си:sneaky:

.

МНогу голема грешка си пријателе.

Никој не го исмејува словото, туку луѓето, кои својот живот го темелат врз база на толкување од страна на разноразни светии, кои на хартија претставуваат некакви си самопрогласени авторитети за тие толкувања, а реално немаат никакви човечки вредности за многу помали работи од таа, за која се произнесуваат.
 
Зошто таа црква е незаконска во нашата држава и е српско кукавичко јајце за разнебидување на МПЦ која е официјана наследничка на Охриската Архиепископија.
a eve kako se bara mesto na nov manastir ili crkva.

Само едно не ми е јасно во твојот напис,ако може да се формираат различни протестантски цркви во Македонија,разни школи на исламот во Македонија,кој и го дал правото на МПЦ да воспоставува монопол врз православието во Македонија.Зар МПЦ се поистоветува со државата и народот Македонски,па зар не сваќаш дека Македонец не е само и православен,дека Македонец може да биде и Муслиман,и Будист истотака и Атеист.Еве јас ако сакам да бидам припадник на Руската православна црква или Бугарската,тоа не значи дека јас ќе го изгубам правото на национално самоопределување како Македонец,тие две работи не одат заедно.[/quote]
Точно но оваа црква не е законски регистрирана како црква.
 
Зошто таа црква е незаконска во нашата држава и е српско кукавичко јајце за разнебидување на МПЦ која е официјана наследничка на Охриската Архиепископија.

Како мислиш незаконска? Дали го познаваш законот за регистрирање верски заедници? Дали знаеш дека во секуларна и демократска земја секој може да си регистрира верска заедница со приложување начела на верување и потписи на група луѓе? Дали знаеш дека во регистарот на верски заедници има околу 25 верски заедници и сите тие пред законот се еднакви и рамноправни како и МПЦ? (зборувам само за пред законот, а не за ова злосторство што власта го врши прекршувајќи го законот) Дали знаеш дека околу 16 од овие верски заедници се регистрирани како цркви без никаков проблем? Баш ме интересира зошто баш ПОА сметаш дека е незаконска? Кој закон го прекршува?
Дали знаеш дека дури и членовите на Харе Кришна (Ваишнавска верска заедница “Искон”) се легално регистрирани пред законот.

Од каде МПЦ официјална наследничка на ОА, кога МПЦ настана по пат на раскол од СПЦ, со прекршување на црковните канони и самопрогласување на автокефалност? Што мислиш зошто МПЦ не е признаена од цел православен свет? Не си се запрашал некогаш?

a eve kako se bara mesto na nov manastir ili crkva.

Утепав 9 минути да го изгледам видеото и не видов ништо освен поп како мафта со кандило и пее на снег. Ај малку подобјасни како се бара манастир те молам. Ако е за вака и ја можам да се качам на планина да мафатам со кандило и да речам „еве овде ми кажа Бог дека имало манастир и сега ќе си го изградам и ај чао пријатно“
 
Точно но оваа црква не е законски регистрирана како црква.

Ајде на оваа тема ќе зборуваме кога ќе имаш дупло години од сега,кога ќе размислуваш непристрасно,а не само папагалски ќе повторуваш мислења на пастирот.И од каде би го познавал законот за верски заедници,сигурно баба ти дома не ти раскажувала за него.
 
Само едно не ми е јасно во твојот напис,ако може да се формираат различни протестантски цркви во Македонија,разни школи нанаслед исламот во Македонија,кој и го дал правото на МПЦ да воспоставува монопол врз православието во Македонија.Зар МПЦ се поистоветува со државата и народот Македонски,па зар не сваќаш дека Македонец не е само и православен,дека Македонец може да биде и Муслиман,и Будист истотака и Атеист.Еве јас ако сакам да бидам припадник на Руската православна црква или Бугарската,тоа не значи дека јас ќе го изгубам правото на национално самоопределување како Македонец,тие две работи не одат заедно.

Многу добра обзервација. Интересно е што во САД без никаков проблем на МПЦ и е дозволено да си регистрира црква и тоа баш со такво име: Македонска православна црква. Во Австралија исто така си постои Македонска православна црква. Во развиените земји го немаат тој синдром на верски монопол и не се плашат од ткн „конкуренција“ т.е. да има повеќе православни цркви, повеќе протестантски цркви, повеќе исламски здруженија итн.

Али затоа кај нас МПЦ (која тесно шурува со власта) се плаши да не и се загрози бизнисот, па затоа не дозволува регистрација на други православни цркви и сака да има монопол и покрај тоа што и самата МПЦ не е канонска црква, настаната е со раскол, непризнаена од цел православен свет и самопрогласена како „наследничка на Охридска Архиепископија“.
 
Како мислиш незаконска? Дали го познаваш законот за регистрирање верски заедници? Дали знаеш дека во секуларна и демократска земја секој може да си регистрира верска заедница со приложување начела на верување и потписи на група луѓе? Дали знаеш дека во регистарот на верски заедници има околу 25 верски заедници и сите тие пред законот се еднакви и рамноправни како и МПЦ? (зборувам само за пред законот, а не за ова злосторство што власта го врши прекршувајќи го законот) Дали знаеш дека околу 16 од овие верски заедници се регистрирани како цркви без никаков проблем? Баш ме интересира зошто баш ПОА сметаш дека е незаконска? Кој закон го прекршува?
Дали знаеш дека дури и членовите на Харе Кришна (Ваишнавска верска заедница “Искон”) се легално регистрирани пред законот.

Од каде МПЦ официјална наследничка на ОА, кога МПЦ настана по пат на раскол од СПЦ, со прекршување на црковните канони и самопрогласување на автокефалност? Што мислиш зошто МПЦ не е признаена од цел православен свет? Не си се запрашал некогаш?

Утепав 9 минути да го изгледам видеото и не видов ништо освен поп како мафта со кандило и пее на снег. Ај малку подобјасни како се бара манастир те молам. Ако е за вака и ја можам да се качам на планина да мафатам со кандило и да речам „еве овде ми кажа Бог дека имало манастир и сега ќе си го изградам и ај чао пријатно“
Е сега вака СПЦ не постоела пред 1219 кога Растко Неманиќ ја формирал Печката патријаршија.Додека законите со кои и се дава на СПЦ право на македонската територија се донесени со формирањето на кралството СХС и со наметнатото влегувањето на Македонија во кралството .
Инаку за да се направи манастир се става кандилото на едно место потоа се читаа неколку молитви за слава на Бог и со молба својатасила да ја покаже така што ќе го запали кандилото и ќе му одриди на народот место на кое ќе му принесуваат молитви.
 
А пред таа година која постоела МПЦ ли,индиректно влегуваш во контрадикција,па сегде биле патријаршии.
--- надополнето: 12 август 2013 во 22:20 ---
Многу добра обзервација. Интересно е што во САД без никаков проблем на МПЦ и е дозволено да си регистрира црква и тоа баш со такво име: Македонска православна црква. Во Австралија исто така си постои Македонска православна црква. Во развиените земји го немаат тој синдром на верски монопол и не се плашат од ткн „конкуренција“ т.е. да има повеќе православни цркви, повеќе протестантски цркви, повеќе исламски здруженија итн.

Али затоа кај нас МПЦ (која тесно шурува со власта) се плаши да не и се загрози бизнисот, па затоа не дозволува регистрација на други православни цркви и сака да има монопол и покрај тоа што и самата МПЦ не е канонска црква, настаната е со раскол, непризнаена од цел православен свет и самопрогласена како „наследничка на Охридска Архиепископија“.

Јас додуша се изненадив кога во Софија видов дека постои Руска црква,Ерменска православна црква.Со самото нивно постоење ни најмалку не е загрозена Бугарската православна црква,бидејќи го имаат своето право на самоопределување за свои сопствени храмови како малцинства во таа држава.А додека овде во Македонија и Србите,и Власите и Црногорците се принудени да бидат дел од јадрото на МПЦ,без свои богослужби на сопствениот мајчин јазик
 
А пред таа година која постоела МПЦ ли,индиректно влегуваш во контрадикција,па сегде биле патријаршии.
Точно биле патријаршии само не го искористив тој збор во моето моето мислење,СПЦ,МПЦ,БПЦ сеимиња ставенинекаде периодот по Втората светска војна и само како територијален предзнак за црквата.
 
Е сега вака СПЦ не постоела пред 1219 кога Растко Неманиќ ја формирал Печката патријаршија.Додека законите со кои и се дава на СПЦ право на македонската територија се донесени со формирањето на кралството СХС и со наметнатото влегувањето на Македонија во кралството .

Е ако де, значи СПЦ е 2013-1219 = 794 години стара црква, за разлика од МПЦ која е 2013-1959=54 години стара непризнаена и неканонска црква.
А доказ дека МПЦ ја признава СПЦ како матична црква (црква од која неканонски произлегла) е чинот што кога се формираше МПЦ, групата македонци (што посакаа да бидат свештеници) побараа од СПЦ да им ракоположи свештеници за да можат да си направат црква. И СПЦ им го дозволи тоа, им даде автономија, но не им даде автокефалност (самоуправување). И тука новонастанатата МПЦ изврши бунтовнички т.е. расколнички чин и си самопрогласи автокефалност и чао пријатно ние си имаме црква ју хуууу ајде луѓе фаќајте се на работа, правете свеќи кандила крстови икони свети води и да го дереме народот суеверен :)

Инаку за да се направи манастир се става кандилото на едно место потоа се читаа неколку молитви за слава на Бог и со молба својатасила да ја покаже така што ќе го запали кандилото и ќе му одриди на народот место на кое ќе му принесуваат молитви.

Јас не видов да се самозапали кандилото, но, нејсе, дали би ми дозволил да направам takov трик кај тебе дома и ако се самозапали кандилото, да ми дозволиш во твојата куќа/стан да си изградам манастир. Бива? :)
 
Е ако де, значи СПЦ е 2013-1219 = 794 години стара црква, за разлика од МПЦ која е 2013-1959=54 години стара непризнаена и неканонска црква.
:)
А забораваш дека христијанството најпрво во европа дошло во Македонија и дека Охриската Архиепископија е најстара црква во регионов и пошироко.
 
МНогу голема грешка си пријателе.

Никој не го исмејува словото, туку луѓето, кои својот живот го темелат врз база на толкување од страна на разноразни светии, кои на хартија претставуваат некакви си самопрогласени авторитети за тие толкувања, а реално немаат никакви човечки вредности за многу помали работи од таа, за која се произнесуваат.

Сега се прашувам дали тие истите си поигруваат со нас верниците или пак писмото за да тепаат време.
Зошто некој кој не верува во Бог паршува и се водат деноноќни дебати помеѓу верниците и атеистите за да поверуваат?,цело време бараат раски и контардиции за да добијат одговор кој го посакуваат за несовршенсто.тогаш како ќе го наречеш тоа што цело време писмото е штитено од верниците?
--- надополнето: 12 август 2013 во 22:39 ---
Е ако де, значи СПЦ е 2013-1219 = 794 години стара црква, за разлика од МПЦ која е 2013-1959=54 години стара непризнаена и неканонска црква.
А доказ дека МПЦ ја признава СПЦ како матична црква (црква од која неканонски произлегла) е чинот што кога се формираше МПЦ, групата македонци (што посакаа да бидат свештеници) побараа од СПЦ да им ракоположи свештеници за да можат да си направат црква. И СПЦ им го дозволи тоа, им даде автономија, но не им даде автокефалност (самоуправување). И тука новонастанатата МПЦ изврши бунтовнички т.е. расколнички чин и си самопрогласи автокефалност и чао пријатно ние си имаме црква ју хуууу ајде луѓе фаќајте се на работа, правете свеќи кандила крстови икони свети води и да го дереме народот суеверен :)
Јас не видов да се самозапали кандилото, но, нејсе, дали би ми дозволил да направам takov трик кај тебе дома и ако се самозапали кандилото, да ми дозволиш во твојата куќа/стан да си изградам манастир. Бива? :)

Мене ќе да ми личи на осветување на локацијата.
 
Сега се прашувам дали тие истите си поигруваат со нас верниците или пак писмото за да тепаат време.
Зошто некој кој не верува во Бог паршува и се водат деноноќни дебати помеѓу верниците и атеистите за да поверуваат?,цело време бараат раски и контардиции за да добијат одговор кој го посакуваат за несовршенсто.тогаш како ќе го наречеш тоа што цело време писмото е штитено од верниците?
Добро покрај толку јасен пост што ти пиша Donald Sikert тебе уште не ти е јасно? Не се ни против бог ниту против словото туку против вакви како тебе кој се служат со нечесни и лоши подметнувања. Прво си грешен според истото писмо кое ѓомити го почитуваш. Можеш ли тие демоните и ѓаволите и казните да си зачуваш за тебе? Сакаш да си веруваш верувај, но почитувај ги оние кои се од различна “банда“ од тебе. Е се дотогаш додека не почнеш да го правиш тоа атеистите ќе бидат тука и ќе ви укажуваат на грешките.
 
А забораваш дека христијанството најпрво во европа дошло во Македонија и дека Охриската Архиепископија е најстара црква во регионов и пошироко.

И шо има тоа врска со новонастанатата расколничка и непризнаена МПЦ? Зошто храмовите на древната Охридската Архиепископија да не и припаднат на Православна Охридска Архиепископија?

А што е со паганските храмови што си постоеле пред христијанството да дојде на овие простори? Зошто да не се обноват храмовите на Перун на пример? Или храмовите на големата мајка? Не сум истражувал, али веројатно и Александар Македонски градел некакви храмови посветени на Сонцето или слично.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom