Луѓе, годинава е поинаку, бидејќи годинава и министерот ни е поинаков.
Затоа и нема списоци, затоа и порано е се. Затоа и сместувањево ќе биде само едно прашање ја мачи оваа нација, каде ќе се седи оваа година.
Нема рима, ама битна е дружбата.
Документите се носат порано бидејќи оваа година нема да има преелиминарни. Ќе има директно конечни. Затоа и директно ќе не изнеабеат сите, да ми простите на францускиов, оти резултати ќе има дури на 29ти. И ако не те примат, крсти се каде ќе седиш. Септември веќе ќе биде почнат, а ти уште место за седење немаш.
Затоа не викајте дека ви е за џабе патот, или ќе ве примат или не, ама без тоа, да ги однесеш документите, не бива.