Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Стварно, кажете за тоа со молбата, а ме интересира и дали вадите уверение за положени испити од факултетот или само тој листот што е прикачен во документите го потполнувате?

Само листот го потполнуваш, ама треба да ти го потпишат на факултет.
 
Стварно кажете кај тековна година која година треба да напишеме, јас напишав прва пошо технички уште сум прва, кажете ако не е вака дур не е касно да сменам.
 
Стварно кажете кај тековна година која година треба да напишеме, јас напишав прва пошо технички уште сум прва, кажете ако не е вака дур не е касно да сменам.

Ја пишав годината што сега ќе ја запишам, ама не сум сигурна... ич не ми текнува лани што пишав :/
 
Каква е таа молба што треба да се достави во 2 примерока и што е тоа заверена декларација за прием на плата , од каде треба да се подигне?
 
Каква е таа молба што треба да се достави во 2 примерока и што е тоа заверена декларација за прием на плата , од каде треба да се подигне?

Декларација за прием на плата се однесува само на приватните фирми и се подигнува од таму веројатно.
 
Стварно кажете кај тековна година која година треба да напишеме, јас напишав прва пошо технички уште сум прва, кажете ако не е вака дур не е касно да сменам.

пиши втора :D
 
Оваа година ќе бидам бруцош и планирам да одам во студентски дом , ќе сака некој да ми каже што документи ќе ми се потребни за да можам веќе тоа да го спремам ?
 
Зошто не го отвора smestuvanje.mon.gov.mk?
Резултати кога ќе има?
 
А дали треба копиите од свидетелствата и дипломата да се заверат на нотар , прочитав негде на форумот за тоа ?

Нема потреба од заверка на нотар за студентски, но не е лошо да си направиш и заверени копии за да имаш кај тебе пошто оригиналите ти ги задржуваат на факс.
Зошто не го отвора smestuvanje.mon.gov.mk?
Резултати кога ќе има?
Резултати на 29ти.
 
Прелиминарните резултати од конкурсот за студентите од II година и повисоките години ќе бидат објавени на 15.08.2012 година на огласните табли во студентските домови каде конкурирал студентот и на интернет порталот www.smestuvanje.mon.gov.mk/apliciraj.
Ова го сретнав некаде по фејсбукот, како и да е би требало резултати пред 20ти да има , оти до тогаш е рокот за поднесување документи
 
Нема потреба од заверка на нотар за студентски, но не е лошо да си направиш и заверени копии за да имаш кај тебе пошто оригиналите ти ги задржуваат на факс.
Резултати на 29ти.

Глупости. Од кај ќе знам дали сум примен па да носам документи? Ќе се акам јас по жештиниве по стопати.
 
Како да се носат документи кога не знаеме дали сме примени, годинава гледам многу измени има али нема логика да потрошам 1000 ка за пат за носење на документи, да губам дневница од работа, и пари за документи се на се 2000 денари ќе се соберат, а ако не сум примен џабе е сето.
 
Ова го сретнав некаде по фејсбукот, како и да е би требало резултати пред 20ти да има , оти до тогаш е рокот за поднесување документи

Друже не си го ни прочитал тоа што си го цитирал. Види за која година е тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom