Дали е време за рехабилитација на Вистинскиот Св. Мухамед ?

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Се’ во свое време, а најкасно на судниот ден, на кого ти не му веруваш! :(


Дотогаш живеејси во својата илузија, на која имаш неоспорливо право, но не (според твоја изјава) и грев.

Се сеќаваш? o_O

п.с. Инересно е што абсолутната широка маса (помалку или повеќе) ја употребува истата таа техника на потиснување на гревовите од својата свест (германски Verdrängung).
Од каде знаеш дека јас живеам во илузија? Ти се потпираш на верба не јас ;)
И каква врска има тоа со прашањето кое ти го поставив?
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Ме кондиционирале луѓе кои ми рекле да верувам во тоа што јас сакам и осеќам?
Или ти ме кондиционираш(читај вршиш пропаганда) овде, да верувам дека постои еден избор, една вистина?

еее пријателе мој.... тоа е тоа.. мајка природа.. и никој не може против неа.
се работи за чувства, чувства.. извор на чувства кои ми влеваат огромна самодоверба дека сум го сторил вистинскиот потег, и сум ја пронашол мојата вистина. Нит сум читал од книга, нит сум гледал пропагандни загадувачи, нит сум бил условен од некој, нити сум кркал класичен брејнвашт. ЈАС СУМ ОДБРАЛ да верувам во тоа што сакам јас да верувам. сум се базирал на моите чувства, сум верувал во самиот себе, во мојот разум, свест и сетилата за прием на информации. Тоа не се добива, ТОА СЕ РАЃА во човекот.

И пред да помислиш да ми речиш дека ѓаволот е во мене, помисли дека тоа бил мој избор. Ако тоа била моја одлука, тогаш пак тоа е мојата вистина. Природна вистина! Не поезија и проза пријателе....

Биди ми поздравен, и пред да ми реплицираш помисли 3 пати дека користиш начин на комуникација која ултиматно во финишот ќе побара да се отворат картите, односно фактите кои светот ги поседува. Не илузии, факти! И пак ќе бидам скептичен и реален, викам факти, а не совршени вистини. Фактите се временски, но тој што ги поседува - го има последниот збор. За жал светов така функционира, а бидејќи не сме на Марс, ќе мора да се соочиш со тоа. Сакал или несакал, јас не се замарам.

.
Еве, додека ти се сомневаш дека има Една Единствена, Универзална (Се’опфатна) и Совршена Вистина, Која е Милоста БОЖЈА чиста, јас ти верувам дека си ја нашол твојата (субјективна) вистина и се радувам за тебе.

Но, за да ја најдеш, да ја осознаеш, да се роди во тебе, ... ти си требал да бидеш, да постоиш, да те има, да имаш мама, тато, млеко, вода, леб, ум, очи, уши, ... сонце, перцепција!
Така?

Размисли сега малку: Дали ти си тој кој што си го создал сонцето, главата, умот, разумот, срцето ... каде што можела во тебе да се роди твојата вистина, или пак можеби сето тоа - примерно - е незаслужен дар на Небесниот ОТЕЦ и Цар?

Слободно послужисе со твојот ум и вистина и размисли, а јас (како по обичај) за од очи и од душмани, ќе ти дадам еден (или два) стих(а) за медитација, па ти сакаш прифатиги во благодарност, сакаш како и досега.

Поздрав и се’ најдобро

Што имаш, што не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си добил?

(1 Коринт. 4:7)


п.с. Што се работи за човековата (“слободна“) волја која што се’уште е слепа за Совршената Вистина, еве еден збор од шопенхауер и едно видео на ајнштајн, снимено во неговиот мајчин јазик.

Човекот може да избере што сака,
но неможе да избере што ќе сака! :)


.


Од каде знаеш дека јас живеам во илузија? Ти се потпираш на верба не јас ;)
И каква врска има тоа со прашањето кое ти го поставив?


.
Еден човек кој што изјавува дека Творецот (Отецот) Небесен го создал и злото, и уште вели дека тој самиот (човекот) нема грев, таквиот човек засигурно живее во илузија, без да е свестен за тоа.

Пред да комуницираме понатаму, би било љубезно да се десилузионираме, како би можеле да се концентрираме на суштественото, па после и на споредното (се мисли на твоето прашање).

Еве - пошто не веруваш на БОГА - ќе ти го дарам малиот ајнштајн, во разговор со неговиот професор по физика, во надежд да ги надминеме бар елементарните илузии. :)

Поздрав


.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Еден човек кој што изјавува дека Творецот (Отецот) Небесен го создал и злото, и уште вели дека тој самиот (човекот) нема грев, таквиот човек засигурно живее во илузија, без да е свестен за тоа.
Јас реков дека злото и доброто се човечка перцепција и дека за Бог тие се.....надминати - апсурдно е да бидат третирани како што ги третира едно човечко суштество!
Не ме сваќаш ти мене изгледа. Ако Бог ги дели работите на добри и зли, притоа знаејќи дека се што постои потекнува од него, тогаш самиот индиректно би признал дека создал нешта кои се промашување и зло.

Што значи, не сум јас оној кој тврди дека Бог го создал злото, туку вие! Бидејќи вие се обидувате да го претставите како судија. Оној што е создател на се и што на сета креација и дал смисла и цел, апсурдно е да суди, казнува и наградува. Судењето е акт со кој директно се посочуваат нешта кои се потребни и нешта кои се непотребни. Јас сметам дека за совршен креатор е апсурдно да постојат нешта кои се непотребни, и поради тоа и имав став дека на Божје ниво, злото не постои, бидејќи има своја смисла и цел.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Може ли "случајно" и поинаку да е, од онака како што ти (вие) сфаќаш, гледаш, перцепираш, ... ?

Може ли СОВРШЕНСТВОТО да е повеќе од твојата (вашата) дефиниција, сфаќање и догма за истото?

.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
.

Може ли случајно и поинаку да е, од онака како што ти сфаќаш, гледаш, перцепираш, ... ?

Може ли СОВРШЕНСТВОТО да е повеќе од твојата дефиниција, сфаќање и догма за истото?

.
Секако дека може, затоа јас не верувам, туку барам начини да осознаам.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
180
За овој светител првпат слушам,ама се сомневам дека ова е христијанство со криптомуслиманство или обратно.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
.
Вистинската вера е коренот на вистинското осознавање!

.
Многумина си имаат вера која за нив е вистинсктата, а за останатите лажна, и сите подеднакво се убедени дека токму тие се во право.
Колку повеќе осознаваш, толку помалку нешта гледаш како непотребни, лажни и зли.

.’. Нему, кој живее во Живот, ништо не му е загрижувачко: негово е вечното движење, енергијата, уживањето на никогаш ослабената Промена: неуморен, ти поминуваш од еон во еон, од ѕвезда до ѕвезда, Универзумот е твоето игралиште, а неговата разновидност на игри секогаш стара и секогаш нова. Сите оние идеи кои донесувале тага и страв спознати се во нивната вистина, и така станале семе на уживање: затоа што сигурен си надвор од сите докази дека не можеш да умреш никогаш; дека иако се менуваш, промената е дел од твојата природа: Големиот Непријател станал Голем Сојузник. Liber CL
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
.

Тоа Слово БОЖЈЕ е безкрајно пред и поголемо од книгата (куранот) која е во 6666 стиха од кураишка рака пишана, но Словото БОЖЈЕ е исто така безкрајно повеќе и од секоја друга книга, дури и од Светото Писмо, кое прекрасно сведочи за Него!

Тоа Слово БОЖЈЕ е почеток и крај, тоа Слово БОЖЈЕ е единствениот Пат кои што води во БОГА и во БОЖЈИОТ рај. Тоа Слово БОЖЈЕ е надприродна Мудрост БОЖЈА чиста, Која/Кое што Единствениот Вистински и Совршен БОГ - наместо земја, машко семе или било каква поинаква творба - за спасение на сите кои веруваат со дечјо срце, Го отелотвори во Исуса Христа! (y)


.
Пред Исус и Лего и Логос си беше македонија и то е запишано, 10.000 години е стара Македонската држава, македонските цареви и Македонскиот народ. Исус уше не беше ни роден кога Филип и Александар освојуваа народи и уриваа царства, Ако беше Исус поголем од Александра, шо не напрај и тој едно Македоинско царство обединето со се Егеј, Пирин, Вардар?? оти Исус не може да ги врати тие отцепени делови од македонија, оти не пушти бог неколку ангели со мечој од оган да ги заштити жените и децата во илинденското востание шо турците ги масакрираја, Оти не може Исус да му каже на србите да ни го вратат Прохор Пчински, оти не каже Исус ако веќе се знае, кај се парите од ТАТ, кој беше атентаторот на Глигоров, кој го отепа Рацина, кој е замешан во убиството на Трајковски... Велиш мудар е се знае се може а со прст не мрда да ни помогне во спорот за името и прием во ЕУ и НАТО а ние се скапавме праење цркви манастири, па ој моли се па вапцај јајца за велигден па играј комар за Василица, па неработни денови за нова година..... се по ќеиф му прајме а за возврат - ништо !
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Многумина си имаат вера која за нив е вистинсктата, а за останатите лажна, и сите подеднакво се убедени дека токму тие се во право.
Колку повеќе осознаваш, толку помалку нешта гледаш како непотребни, лажни и зли.

.’. Нему, кој живее во Живот, ништо не му е загрижувачко: негово е вечното движење, енергијата, уживањето на никогаш ослабената Промена: неуморен, ти поминуваш од еон во еон, од ѕвезда до ѕвезда, Универзумот е твоето игралиште, а неговата разновидност на игри секогаш стара и секогаш нова. Сите оние идеи кои донесувале тага и страв спознати се во нивната вистина, и така станале семе на уживање: затоа што сигурен си надвор од сите докази дека не можеш да умреш никогаш; дека иако се менуваш, промената е дел од твојата природа: Големиот Непријател станал Голем Сојузник. Liber CL
.

Само верата која води и се влива во Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - е вистинската!

.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
.

Само верата која води и се влива во Љубовта БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Исуса Христа - е вистинската!

.
Колку што може некој друг да се радува наместо тебе, толку може и да те спасува.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Колку што може некој друг да се радува наместо тебе, толку може и да те спасува.
.
За неверните и бесчуствителните души и "богови" тоа нее можно, но за СОВРШЕНИОТ во Христа, е можно!

.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
.
За неверните и бесчуствителните души и "богови" тоа нее можно, но за СОВРШЕНИОТ во Христа, е можно!

.
Ако СЕ потекнува од СОВРШЕНИОТ, тогаш и промислата за таквите души е од него.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Ако СЕ потекнува од СОВРШЕНИОТ, тогаш и промислата за таквите души е од него.
.
Од Него потекнува се', но злото не!

Лека ноќ на сите и знајте дека Совршениот БОГ е безкрајно повеќе од секој човечки, Ангелски или билокаков поинаков ум!

.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
.
Од Него потекнува се', но злото не!

Лека ноќ на сите и знајте дека Совршениот БОГ е безкрајно повеќе од секој човечки, Ангелски или билокаков поинаков ум!

.
Ако е совршен тогаш е мртов.....не си размислил на оваа тематика?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom