Ме кондиционирале луѓе кои ми рекле да верувам во тоа што јас сакам и осеќам?
Или ти ме кондиционираш(читај вршиш пропаганда) овде, да верувам дека постои еден избор, една вистина?
еее пријателе мој.... тоа е тоа.. мајка природа.. и никој не може против неа.
се работи за чувства, чувства.. извор на чувства кои ми влеваат огромна самодоверба дека сум го сторил вистинскиот потег, и сум ја пронашол мојата вистина. Нит сум читал од книга, нит сум гледал пропагандни загадувачи, нит сум бил условен од некој, нити сум кркал класичен брејнвашт. ЈАС СУМ ОДБРАЛ да верувам во тоа што сакам јас да верувам. сум се базирал на моите чувства, сум верувал во самиот себе, во мојот разум, свест и сетилата за прием на информации. Тоа не се добива, ТОА СЕ РАЃА во човекот.
И пред да помислиш да ми речиш дека ѓаволот е во мене, помисли дека тоа бил мој избор. Ако тоа била моја одлука, тогаш пак тоа е мојата вистина. Природна вистина! Не поезија и проза пријателе....
Биди ми поздравен, и пред да ми реплицираш помисли 3 пати дека користиш начин на комуникација која ултиматно во финишот ќе побара да се отворат картите, односно фактите кои светот ги поседува. Не илузии, факти! И пак ќе бидам скептичен и реален, викам факти, а не совршени вистини. Фактите се временски, но тој што ги поседува - го има последниот збор. За жал светов така функционира, а бидејќи не сме на Марс, ќе мора да се соочиш со тоа. Сакал или несакал, јас не се замарам.
.
Еве, додека ти се сомневаш дека има Една Единствена, Универзална (Се’опфатна) и
Совршена Вистина, Која е
Милоста БОЖЈА чиста, јас ти верувам дека си ја нашол твојата (субјективна) вистина и се радувам за тебе.
Но, за да ја најдеш, да ја осознаеш, да се роди во тебе, ... ти си требал да бидеш, да постоиш, да те има, да имаш мама, тато, млеко, вода, леб, ум, очи, уши, ... сонце, перцепција!
Така?
Размисли сега малку: Дали ти си тој кој што си го создал сонцето, главата, умот, разумот, срцето ... каде што можела во тебе да се роди твојата вистина, или пак можеби сето тоа - примерно - е незаслужен дар на
Небесниот ОТЕЦ и Цар?
Слободно послужисе со твојот ум и вистина и размисли, а јас (како по обичај) за од очи и од душмани, ќе ти дадам еден (или два) стих(а) за медитација, па ти сакаш прифатиги во благодарност, сакаш како и досега.
Поздрав и се’ најдобро
Што имаш, што не си добил? А штом си добил, зошто се фалиш, како да не си добил?
(1 Коринт. 4:7)
п.с. Што се работи за човековата (“слободна“) волја која што се’уште е слепа за
Совршената Вистина, еве еден збор од шопенхауер и едно видео на ајнштајн, снимено во неговиот мајчин јазик.
Човекот може да избере што сака,
но неможе да избере што ќе сака!
.
Од каде знаеш дека јас живеам во илузија? Ти се потпираш на верба не јас
И каква врска има тоа со прашањето кое ти го поставив?
.
Еден човек кој што изјавува дека
Творецот (
Отецот)
Небесен го создал и злото, и уште вели дека тој самиот (човекот) нема грев, таквиот човек засигурно живее во илузија, без да е свестен за тоа.
Пред да комуницираме понатаму, би било љубезно да се десилузионираме, како би можеле да се концентрираме на суштественото, па после и на споредното
(се мисли на твоето прашање).
Еве - пошто не веруваш на
БОГА - ќе ти го дарам малиот ајнштајн, во разговор со неговиот професор по физика, во надежд да ги надминеме бар елементарните илузии.
Поздрав
.