Тато и мама православни, јас атеист

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Шо праи мама и тато православни кога ете детето не е задоено со црковни учења?
.
Колку се мама и тато побожни, толку се побожни и нивните деца.
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:54 ---
П.С. Атеист не го оправдува неверувањето, ами го објаснува кога некој го напне или ако му е волја да се објасни:) не да се оправда!
Лажењето сам себе е почеток на лажењето на другите околу себе...
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:55 ---
Значи тебе ти дојде само тоа...
Од каде бре сега тебе таа „одговорност“ детето да го силуваш да биде православно? Можеби сака да биде како баба и дедо... правац пекол? :)
Се работи за родителска одоворност кон своите деца а не за некакво силување на своите деца.
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:56 ---
Како не може? Може... лагите во семејството лесно исчезнуваат кога ќе излезеш во светот! Немој така :)
Христијаните православци најдобри родители :D
.
Лагите почнуваат кога човекот ќе излезе во Светов, оти Светов има свој газда-тоа е лукавиот, кнезот на темнината.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Колку се мама и тато побожни, толку се побожни и нивните деца.
--- надополнето: 9 август 2013 во 14:54 ---


Лажењето сам себе е почеток на лажењето на другите околу себе...
Неточно! Колку се понапорни и понасилни за ширење на својата религија мама и тато, толку и детето ќе биде како нив (иако поголем притисок дава спротивни резултати).
Точно, лажењето на родителите кон своето дете ќе придонесе детето да ги лаже своите во иднина и тоа нема крај! :)
Се сложувам...
Само не разбирам зошто за родителите кои се православни,детето ако е атеист,тој негов избор ќе го гледаат како забеган?
Зошто да не е забеган изборот на родителите за детето?

Одговорноста на родителот е да му дозволи на детето максимално исполнување на НЕГОВАТА волја! А не нивната и на црквата! Разбра? ќе те пријавам на социјалните служби да ти го земат детето бидејќи ќе го наполниш со инфо кое може да го чини многу!

Многу ти со ѓаолот, се нешто го спомнуваш! Батали ги тие христијански сказни, не се за тука, за муабетот со мене :)
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Детето има двоен проблем: проблем со самото себе, поради неизбежното брлавеење и немањето самоконтрола во својата своеглавост и проблем после смртта, со големата веројатност дека ќе заработи свое место во пеколот.
Брлавеење? Немање самоконтрола?
Не збориме овде за психопатологија....деца се тоа.

Dave,

учењето од Црквата е безвременско, така да тоа (учење) не застарува, туку е свежо и ново за секој поединец кој трага по Бога и кој има желба да го прими тоа учење, независно од тоа дали живее во „назадно„ или во „напредно„ време и општество.
Свежо? Бајковито, описно и лесно за џвакање за лица со послаб интелект или недоразвиен интелект - деца.
Трагично е што црквата ги злоупотребува младите недоразвиени мозоци. Атеисти стануваат оние кои имаат доволно ментална способност да ја испливаат догматската жабокречина, а оние кои ја немале таа среќа да се родат така остануваат да го назадуваат светот и да задојуваат нови генерации несреќни луѓе - религиозни.
Многу е јасно, како со текот на годините човекот осознава за тоа религијата каков збир е од неодговорени, полуодговорени прашања, сомнителна организациона хиерархија и скриени побуди - истата и ја отфрла. Оформени интелектуалци, луѓе со сериозно искуство и запознаеност со природни науки и историја многу тешко, неверојатно е да станат религиозни.

За одговорностите - јас сериозно би се зафатил, вие општествено да одговарате пред мнозинството народ за заплашување со измислици за некаква послесмртна одговорност, затоа што вашава во текот на животот е многу, многу потешка....
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Мала поправка. Еве што напишал човекот што ја отворил темата:



Значи. било кои други религии и комбинации се можни за дискутирање во темава. Потреба нема од негативни поени...отвори го првиот пост и ќе видиш. Убаво пишува.

Човекот што ја отворил темата ако напише дека може да дискутирате за ЕП во кошарка, тоа значи дека е дозволено?
Ова не е предмет на дискусија, држете се до насловот, или отворите нова тема.
ПОСЛЕДНО предупредување.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Човекот што ја отворил темата ако напише дека може да дискутирате за ЕП во кошарка, тоа значи дека е дозволено?
Ова не е предмет на дискусија, држете се до насловот, или отворите нова тема.
ПОСЛЕДНО предупредување.

Ахам...лично сфатено и одма у напад.... Јас мислам дека се си е во склоп на религија подфорум. Кошарка е подфорум спорт. Споредбава не ти држи место. Се дискутира она што тој ја отворил темата прашал - во склоп на подфорумов. А не она како модераторот сфатил.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Брлавеење? Немање самоконтрола?
Не збориме овде за психопатологија....деца се тоа.
.
Доволно е да погледнам на што личат и како се однесуваат децата кои лично ги знам...
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:42 ---
Свежо? Бајковито, описно и лесно за џвакање за лица со послаб интелект или недоразвиен интелект - деца.
Трагично е што црквата ги злоупотребува младите недоразвиени мозоци.
Јаааах, вообичена атеистичкиа предрасуда: ‘воа вернициве се саде глупи луѓе...
Лесно е да се правиш паметен, ако се споредуваш со самиот себе, нели?...:sneaky:
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:44 ---
Оформени интелектуалци, луѓе со сериозно искуство и запознаеност со природни науки и историја многу тешко, неверојатно е да станат религиозни.
.
Кој е Твојот врвен интелектуален домет? Атеизмот?...:pos:

Токму кај интелектуалците можеме да забележиме вера или барем теизам. Лично, знам такви примери овде, во жалосна Македонија.
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:45 ---
За одговорностите - јас сериозно би се зафатил, вие општествено да одговарате пред мнозинството народ за заплашување со измислици за некаква послесмртна одговорност, затоа што вашава во текот на животот е многу, многу потешка....
Се‘ во свое време, само глеј да не Ти биде предоцна...
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:47 ---
Неточно! Колку се понапорни и понасилни за ширење на својата религија мама и тато, толку и детето ќе биде како нив (иако поголем притисок дава спротивни резултати).
Не зборувам за никакво насилие, туку за воспитување. Ако родителите не си ги воспитаат децата, тогаш децата ќе им бидат воспитани или од образовниот систем или од улицата...
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:48 ---
Точно, лажењето на родителите кон своето дете ќе придонесе детето да ги лаже своите во иднина и тоа нема крај! :)
Еве, јас сум убеден дека не си способен да разликуваш лага од вистина: и сега, како Ти, како неспособен, ќе ги воспиташ своите деца?
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:49 ---
Само не разбирам зошто за родителите кои се православни,детето ако е атеист,тој негов избор ќе го гледаат како забеган?
Веќе одговорив: одговорните и побожните родители ќе се потрудат правилно да ги воспитаат своите деца, во духот од родителската вера: јас сум на тоа очевидец.
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:50 ---
Зошто да не е забеган изборот на родителите за детето?
На ниво‘ од шпекулација, се‘ е можно.
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:51 ---
Одговорноста на родителот е да му дозволи на детето максимално исполнување на НЕГОВАТА волја!
Ајде де: значи, детето може да се фикса, да убива, да силува...Така?..:sneaky:
--- надополнето: 9 август 2013 во 15:52 ---
Батали ги тие христијански сказни, не се за тука, за муабетот со мене :)
А бе кој е како Тебе мислим.... И скраја да е од такви...:icon_lol:
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ако таквото дете станало рисјанин, тоа ни случајно не значи дека станало рисјанин автоматски, туку значи дека кај тоа претпоставено дете се јавила потребата од Бог, па тоа дете, почнувајќи да трага по Бога, го нашло вистинскиот Бог, во кој (Бог) детето нашло мир за душата своја...

Тоа трагање и наоѓање не е негов проблем, туку негов успех.
Значи ако детето не осетило потреба од бог ниту го нашло - и е мирен ради тоа - е негов успех
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Значи ако детето не осетило потреба од бог ниту го нашло - и е мирен ради тоа - е негов успех
Не, туку значи дека таквото дете има блокада на умот...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не, туку значи дека таквото дете има блокада на умот...
Не мики, то значи дека сфати оти прикаските за Бог се невистинити и денес единствено му служат на еден дел на луѓе кои од тоа прават бизнис, на стари неуки баби и особи кои се плашат и немаат доверба во сопственото расудување
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Колку се мама и тато побожни, толку се побожни и нивните деца.
Со ова потврдуваш дека побожноста и нивото на побожноста е наметната од родителите и останатите блиски роднини, наместо од потребата за побожност или реализацијата дека има натприродна сила?
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Доволно е да погледнам на што личат и како се однесуваат децата кои лично ги знам...
Колку „племенит“ став имаш, ти „завидувам“, срамота......гревои вака за дечиња што пишуваш, ако испадне дека има Господ има да го јадеш стапот јако.....
Само доказ каква промашена етика ви се проповеда и како ја лапате како гуски просо....

Јаааах, вообичена атеистичкиа предрасуда: ‘воа вернициве се саде глупи луѓе...
Лесно е да се правиш паметен, ако се споредуваш со самиот себе, нели?...:sneaky:

Кој е Твојот врвен интелектуален домет? Атеизмот?...:pos:
Агностик, ама на иста страна со атеистите во поглед на религиозноста. На млади недоразвиени мозоци мислев на дечињата, а вас религиозните би ве нарекол затупени мозоци што не е исто - младите имаат шанса да си го исправат животот ако го исфрлат вашиов „безгрешен“ лајфстајл.
Од една страна може и за оправдување се армиите попчиња што офрекорд мрсат во петок, уживаат во раскош, пари и луксузирање, за разлика од вас задоен покорен плебс кој во име на приказните за мали дечиња живее цел живот во заблуда. Не сте во ист кош, тие веруваат толку колку е доволно вашите мозочиња да не се разработат малку повеќе од доволно. Затоа пак ќе повторам, греота е деца да се злоупотребуваат и непотребно да се задојуваат со баналности што само ќе им го оптоваруваат животот....
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160

Ама јас гледам дека ти сите ги гледаш како неспособни и веднаш следуваат казни од твојот бог, исто како муслиманите што ни велат.
За тебе атеизмот е забеганост... мислам, ти добар си? :)

Треба доволно човек да те влече по темите и да ти ја тргне блокадата како се воздржуваш за да ни кажеш како сме сите ние забегани, зло итн итн и ете „мирна и убава религија“ загинала и ти ќе си кажеш колку православниот родител е закоравен и уништувач на детето.

Ама ти си прв од семејството рисјанин, што знаеш ти? Замисли твоите да го правеле ова ти што збориш. Не ќе беше по твој избор рисјанин нели :)
Денес јас знам православни дечиња од 17 години кои се фиксаат :) Православни се, одат во црква, се молат... ама ете духот не им слетал ко голуб по се изгледа или неспособни се родителите да си ги воспитаат децата и да им укажат што е што!

Ако детето не сака богови, родителите ќе му дозволат да нема богови во неговиот живот! ТОЧКА! Другото е силување на детето, малтретирање! А тоа мислам дека треба да се следи секој православен родител колку го заморува детето со неговите верувања и како му ја пренесува верата!
Штета што демо-рисјани се на власт, додека се тие тука, нема да има подобрување! Детето атеист ќе страда од родителите и ќе им се плаши!

Како мене никој не е... како тебе за жал ги има премногу, што се пак и родители и прават партали од децата со нивните проповеди!

Клекни на колена и моли го богот да нема многу како мене :) Отидовте инаку... дома само атеистчиња ќе чувате :D
P.S. Наметнувањето религија не е воспитување - насилство е ако детето не сака! Или од млади нозе перење ум, после е лесно?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Со ова потврдуваш дека побожноста и нивото на побожноста е наметната од родителите и останатите блиски роднини, наместо од потребата за побожност или реализацијата дека има натприродна сила?
Не лупај на памет: моите родители не се побожни, а никад не ни биле, што значи дека не ме „принудиле„ на никаква вера и верски норми. Сега, што ќе речеш? Ќе измислиш некое инстант оправдување за нечија побожност?
--- надополнето: 9 август 2013 во 21:59 ---
Не мики, то значи дека сфати оти прикаските за Бог се невистинити
Let3,

пред да се родиш, Сонцето изгреваше на исток а заоѓаше на запад.
Не измишљај топла вода у бојлер...
--- надополнето: 9 август 2013 во 22:00 ---
денес единствено му служат на еден дел на луѓе кои од тоа прават бизнис, на стари неуки баби и особи кои се плашат и немаат доверба во сопственото расудување
Ова е типичен протестантски став; по што е се разликуваш од протесантите, кога делите исто мислење?
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Не лупај на памет: моите родители не се побожни, а никад не ни биле, што значи дека не ме „принудиле„ на никаква вера и верски норми. Сега, што ќе речеш? Ќе измислиш некое инстант оправдување за нечија побожност?
Да беа побожни ќе беше нивна религија - под присила и испран ум, така? Но ете ти дозволиле да бираш и сигурно не сметаат дека си забеган и слично - како што ти запна прееска да дефинираш ако некој избере да е атеист!

Според твоите муабети за „должноста“ на родителот и мешањето на црквата православна во создавање и воспитување на млад човек - тоа се добива!
Атеист дете ќе страда од родителите ако се 100% православни.
Ќе мислат дека детето им е забегано, дека ѓаволот е замешан тука... кој знае какви тортури ќе има младиот човек од такви родители!

Ама добро е што се немаат 100% православни мама и тато денес...тоа е добро јас мислам...
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Агностик, ама на иста страна со атеистите во поглед на религиозноста.
Што значи: религиозност еднаква на „“0„, или како што би рекло лицето Б.Ц.: дупло голо.
--- надополнето: 9 август 2013 во 22:04 ---
Атеист дете ќе страда од родителите ако се 100% православни.
Твојот став не значи дека може да прејде во вистина, нели?....
Личните ставови си остануваат лични ставови, кои не мора да одговараат на старноста.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom