Студентски домови

  • Креатор на темата Креатор на темата *OSS*
  • Време на започнување Време на започнување
Треба да се вади семејно-материјално? Оти го немат спомнато во потребни документи..
 
martinam напиша:
Треба да се вади семејно-материјално? Оти го немат спомнато во потребни документи..

Сигурно треба? Мислам дека ако требаше ќе наведеа, како што имаат наведено се друго..
--- надополнето: 9 август 2013 во 12:02 ---
А кога треба да извадат прелиминарни?

За прелиминарни ништо немаат пишано, претпоставувам дека годинава ќе идат директно на конечни.
 
А кога треба да извадат прелиминарни?

Ја како што разбрав нема прелиминарни годинава. Сите што аплицирале доставуваат документи од 12ти до 20ти.
Сигурно треба? Мислам дека ако требаше ќе наведеа, како што имаат наведено се друго..​
Не го наведуваат во конкурсите, ама сепак го бараат како потврда за остварени приходи од други активности.
 
А тековна година на студирање е таа што сум ја завршила во јуни или таа што ќе ја запишам во септември?
 
Се јавив у МОН и ми рекоа да одиме по конкурсот, да ги однесеме само тие документи шо пишува..
Лани знае ли некој како беше?
 
Се јавив у МОН и ми рекоа да одиме по конкурсот, да ги однесеме само тие документи шо пишува..
Лани знае ли некој како беше?

Лани не носеа документи сите што аплицирале туку само оние што ги имаше на прелиминарна. Ако си аплицирал/а за некој од домовите во Скопје, документите ги доставуваш во Кузман, ти даваат потврда дека документите се примени и толку е целата процедура. Ја лани за неполни 5 минути завршив работа.

Инаку...
При доставувањето на документацијата, секој кандидат треба да достави молба во два примерока, каде ќе се евидентираат сите доставени документи од страна на надлежните служби.
За каква молба станува збор? Како онаа за стипендии кога се аплицира, кај што штиклираат дали се поднесени сите потребни документи?
 
Лани не носеа документи сите што аплицирале туку само оние што ги имаше на прелиминарна. Ако си аплицирал/а за некој од домовите во Скопје, документите ги доставуваш во Кузман, ти даваат потврда дека документите се примени и толку е целата процедура. Ја лани за неполни 5 минути завршив работа.

Извини, не ми беше добро формулирано прашањето.
Мислев на уверенијата за остварени приходи кои ги нема во списокот на потребни документи.
Се јавив во МОН и ми рекоа ако ги нема на список не треба да се однесат.
Сепак и самите не беше информирани што има а што нема, претпоставувам они нема ни да ги гледаат документите, туку луѓето во домовите, па сакав да прашам дали некој шо не носел вакви уверенија лани имал проблеми и слично.
 
Ја носев и лани и преклани и ми ги зедоа заедно со другите документи. Да не биле потребни веројатно ќе ми ги врателе. А и сите што ги знам ги доставуваат и нив заедно со другите документи. Така да, најдобро извади си ги, да не биде после трчање у последен момент ако отидеш без нив и те вратат.

Ако сакаш да добиеш сигурна информација, обрати се на spukm.mk@gmail.com. Верувам дека они се покомпетентни да ти одговорат на прашањето. Од МОН само гледаат што побргу да те откачат.
 
Која е таа молба, каде се евидентираат документите?? Оваа под бр.1 што ја има во потребни документи делот, или друга?
 
Шосе однесува до електронската пријава, имам 1 прашање,
* Студент кој е дете на невработени родители
ако само едниот родител е невработен, да ставам да или не ?
 
Стварно, кажете за тоа со молбата, а ме интересира и дали вадите уверение за положени испити од факултетот или само тој листот што е прикачен во документите го потполнувате?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom