Iron Maiden - Zagreb Arena - 31.07.2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Moon Child
  • Време на започнување Време на започнување
се знај со кој песни ќе настапуваат, ми пратија линк ама неможам да го барам сеа.
 
се знај со кој песни ќе настапуваат, ми пратија линк ама неможам да го барам сеа.

Во тек ми е постапката на купување на една од двете карти кои Moon Child ги продава.

Така да, кај и да е утре ќе може да ме додадете на списокот форумџии кои ќе одат на Мејден.

П.С. Уште не сум ја земал картата за превоз (3.800 мкд), па пред да ја купам да си прашам да не имате кајганџии нешто организиран приватен (а поефтин) превоз? :)
 
Епа се гледаме тогаш сите вечер у 21:45 на Дрво Декор. :cool:
 
спремен сум уште малку тргнувам за ск :)
 
Некој Мејден ЦД да не има спремено за у автобус? :D

Бев доле на партерот и беше ужасно тесно на момент неподносливо што допринесе за нервоза во публиката и уништување на атмосферата. Озвучувањето или акустиката а можеби и двете беа прилично лоши. Ова ми беше втор и последен пат да ги слушам Маиден во хала. Дефинитивно Маиден се бенд за на отворено и голема бина. Незнам која им е поентата со вакви настапи но факт е дека целиот концерт беше толку колку да се одработи и на крај капак на се кога Брус го нарече Македонското знаме Јапонско. Се на се исклучително лош концерт за среќа бев со добро друштво.
 
Ајде пишете впечатоци и другите, да знам дали да ми е криво што го пропуштив концертов :(
Ако има некој слики од настанот нека постира, да се долови амбиентот.

Јас на youtube гледав некои снимки од концертот, ама аматерски снимани, така да звукот не идеше до израз, а како што читав на коментарите под видеото претежно се жалат на лошото озвучување. А што е работава со Македонското знаме?
 
ни го помеша најверојатно со јапонското
иначе за озвучувањето беше лошо, а и фактот што бевме во затворена сала придонесе до тоа, некој од трибини се жалеле дека било лошо, јас си бев на ограда одма зад фан питот, иначе за впечатоци само позитивни, освен едно девојче што падна во несвест и скоро clairvoyant ја фатив на крај заради фрката, друго атмосферата топ, бендот најдобар, реперотоарот одличен,ко да гледаш театарска престава, и визуелно и аудио задоволен, и публиката беше ок со исклучок на некој што немаа појма кај се. 18 000 - 20 000 публика по мое, вредеше секој денар до таму, и патот беше интересно доживување :)
--- надополнето: 9 август 2013 во 01:40 ---
Единствен кој што носеше дете :) и се извинувам што не се претставив ;)

колку пари беше трупер пивото ??
 
Ајде пишете впечатоци и другите, да знам дали да ми е криво што го пропуштив концертов :(
Ако има некој слики од настанот нека постира, да се долови амбиентот.

Јас на youtube гледав некои снимки од концертот, ама аматерски снимани, така да звукот не идеше до израз, а како што читав на коментарите под видеото претежно се жалат на лошото озвучување. А што е работава со Македонското знаме?

Да, озвучувањето можеше да биде подобро, некако тешко беше да се издиференцираат инструментите посебно: глас, гитара, бас, тапани. Згора на тоа пеењето од публиката околу нас не помогна во сето тоа...

Но, се на се, топ си поминав(ме), и пат и све вредеше за сите пари. Со Hurin и 4 други дечки од автобус се собравме и го окупиравме првиот ред (на ограда) партер.

Подоле мое лично видео од мобилен што успеав да снимам дел од SSOASS.
Знамето на 1:55 го мавташе колешката до мене... :D и истото тоа знаме Брус не го препозна, т.е. го смеша со империјалистичкото од Јапонија. :unsure:

Иначе второво е видео со топ звук кое го најдов на јутуб:

Слики, утре... ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom