Nymphadora
Емоцинално незрело џубре
- Член од
- 2 февруари 2009
- Мислења
- 986
- Поени од реакции
- 1.672
И сега демек нема да ги јадиме горенаведените производи? Нема еден единствен човек да го направи тоа! И досега конзумиравме, барем повеќето од нас, еден куп веќе познати штетни работи така да не се плашиме ни од мутации, пермутации..
Мислиш дека нема човек кој не ги јаде оние работи погоре?
Ај запрашај се уште еднаш...
Има многу луѓе кои се придржуваат кон здрава исхрана...
Јас лично отфрлив 90% од производите што се горе наведени, од секојдневната исхрана... па еве гледам.. не умрев ни за кока кола, ни за сникерс..
Се е до мозокот... ако мислиш дека е невозможно да се живее без овие работи и дека подобро е и твоите неродени деца да ги казнуваш, со тоа што ќе јадеш храна која е причинител за 90% од болестите... тогаш среќно..
Ако можеле нашиве дедовци и баби да живеат без таа гмо.. ја не знам зошто ние не би можеле да се храниме здраво.
На крај краева.. има многу наши домашни блага, сокови и ред други работи кои се далеку поздрави и повкусни од она ѓубрено на монсанто..
--- надополнето: 8 август 2013 во 16:38 ---
Јас колку што можев да видам тука нема ниту еден домашен производ.
Пораката овде е јасна:
![]()
Сигурен си дека ние немаме таква храна?
А што е ова?
http://www.geotermika.mk/_proizvodi/semenski_hibridi.html
А ова?
http://www.centerforfoodsafety.org/ge-map/#
Значи кај нас има многу ГМО производи... само што не сме свесни... затоа што немаме закон со кој прозводителите се обврзуваат да стават налепници дека тој производ содржи ГМО... што значи, никој не може да знае колку навистина имаме такви производи...
А доволно е да ги видиш пазарине и да сватиш колку многу земјоделци се одлучиле за производство на зеленчук и овошје од такви семиња.
Само што истите тие земјоделци после неколку години, кога земјата ќе им биде неплодна и кога нема да можат крај со крај да сврзат, ќе се жалат пред државата... иако свесно сами си го нанеле тоа зло.
Не велам дека државата не е криваа.. али народот е неписмен и не ги сваќа последиците... не сваќа дека на тој начин се уништуваат и нашите семиња.
Мора преку медиумите да се влијае... али кога имаш медиуми кои се контролирани од самата власт.. тогаш наместо народот да се едуцира... он уште толку затупавува..
--- надополнето: 8 август 2013 во 16:48 ---
Еден мал извадок..
На пример, Смит го наведува случајот со италијанската научна студија, каде се користени испитни стаорци (за жал, уште еднаш повредени се правата на животните, со што 8-КА не се согласува), кои биле хранети со ГМО пченка. Кај стаорците се развиле различни видови на имунолошки пореметувања, кои се манифестирале со различни форми на симптоми, односно болести, како што се:
- Ревматоиден артритис;
- воспалителна болест на цревата, Кронова болест;
- остеопороза;
- артериосклероза;
- различни видови на карциноми;
- алергии.
Во своите анализи, Џефри Смит наведува неколку сериозни здравствени пореметувања, поврзани со консумирање на ГМО храна. Меѓу нив се:
стаорците кои биле хранети со ГМО храна, покажале петпати поголема стапка на смртност, мала родилна тежина, и неспособност за репродукција.
Мажјаците стаорци покажале значителен степен на оштетување на спермата.
Кај ембрионите се најдени сериозни пореметувања на ДНК.
Неколку фармери од Америка се пожалиле на стерилитети и неможност за размножување кај свињите и кравите кои биле хранети со ГМО сточна храна.
Истражувачите во Индија репортирале за проблем со инфертилитет, абортуси, предвремени раѓања и други сериозни здравствени пореметувања, вклучително и смрт кај биволите кои биле хранети со ГМО храна.
Чудно... али тоа се вклопува со останатите докази, дека се настојува да се намали популацијата на светско ниво...а подобар начин за контролирање нема...
Се знае дека храната е најбитна.. храната и водата се најбитни за опстанок...