Вини Да Пу
тазе
- Член од
- 2 август 2012
- Мислења
- 79
- Поени од реакции
- 12
Форумџии ве молам ако некој досега се нашол во слична ситуација (да има потреба од ортопедско помагало или инвалидско количка конкретно) да ми напише каква е постапката, од матични се до идење кај специјалисти. Колку време се чека, колку мислења треба да се добијат (знам оти треба да се добие мислење од повеќе специјалисти) и од кои итн. Дали може да се дојде до овие помагала или за нас обичните луѓе ова е равно на фантазија? Пред неколку години по медиуми се појави афера дека тие од Фондот претерале со давање на овие помагала, дека постојат неправилности и дека се штанцаат уверенија за болни. Ако не може да се дојде до помагало на товар на фондот тогаш колку чинат количките. Ако сте запознаени.
Благодарам.
Благодарам.