- Член од
- 25 септември 2011
- Мислења
- 6.448
- Поени од реакции
- 18.283
Последниве години никнаа неколку паркови во Скопје,некои поголеми,некои помали.Два во Аеродром,сега нов во Ѓорче,уште еден мислам во Карпош беше..Чудна работа,за такви убави работи се премолчува на форумов,никој не ги спомнува,а кога ќе се исечат 5 дрва се диза прашина од Скопје па се до Куманово.Таков народ сме,само лошите работи ги памтиме.
Паркот во Ѓорче е единствената сенка во цела општина. Ама затоа по главната улица во Ѓорче е Сахара. Помини на потегот во Центар од Олимписки базен - Веро па се до МАНУ. И кажи ми дека не треба дрворед и сенка.
Убаво е што се прават нови паркови во било кој дел од државава. Ама сечење на парк во густо населено место, освен тоа и парк посветен на жртвите од земјотресот е тапа одлука. Таа нова зграда на СРД можеа да ја сместат на било кое место во Скопје. (штом можеше една битна институција како ПИОМ да заврши поред кеј на Вардар надвор од централно подрачје) ем ќе го решеа проблемот со киријата ем немаше да навлечат толку негодување.