Мал си и не памтиш, тоа го имаше и во 1988 и 1989 и 1990... и сите години. Јас живеев во Охрид од 1988 до 1995 година и работев таму. Живеев во зградите кај Јелак кои беа 95% празни преку годината и секоја година од средина на Јуни до средина на септембар се полнеа со сопствениците на станови, па нивни роднини, па нивни приатели па на изнајмувачи... колите ги гледав долу ко ќе дојдеа и од багажници се вадеа фрижидерчиња со месо, млеко во тетра, гајби со пиперки и домати а имам видено и вреќи со компири. Охрид беше скап 12 месеци во годината, мене лично ми се исплаќаше да купам карта до Битола да одам на пазар и да се вратам и ќе бев во ќар. Кој е виновен? Нема Охрид околу села и места каде успеваат пиперки, домати, карпуси, пепуни, спанаќ, грав, кромид..... Не знаете да направите земјоделие?? мора од струмица да идат? Не можете да направите математика и да заработите од земјоделие а тие од струмица кој праат 600 километри одење и враќање - може ?!?!
Ако не ми пружиш разумни услови за одмор - јас ќе си се снајдам бе, не ми требаат твоите плескавици од 300 денари, ќе си напрам своја од 30 денари, кафе 3 во 1, пиперки ќе си земам 10 кила по 30 денари не по 60, домати исто грав компир, а бе приколката ќе ја товарам со се што ми треба за 10 дена одмор со фамилија ко не знаеш да создадеш атмосфера услови и цена да ми земеш ти парите. Туризам е способност и талент. Охриѓани го немаат ни едното ни другото. Можеш пуфки да му продаваш на други, мене не јас бев таму, јас живеев таму и во сезона и вон сезона, ги знам работите.