- Член од
- 21 јануари 2009
- Мислења
- 8.831
- Поени од реакции
- 8.863
Јас никаде не реков дека Охрид е најдобар за цени ама зошто идете на скапи места зарем во Охрид нема скара на кило нема ли дискаунт маркет шо ве мрзи да си земете сендичи од градот за се има решение вие сте запнале на погрешно место.
И уште нешто гиро е 2,50 евра но сите кога ќе седнат после плажа си јадат порција која е нешто поскапа и оди до 4 евра.
Шо значи во Охрид можеш да поминеш си 500 ден дневно а во Грција не ти бегаат 20 евра дневно нема таму ефтина храна се се плаќа далеку поскапо има чат пат ефтини маркети ама тоа е релативно.
Се разбира ноќниот живот е супер во Охрид баталете туризам тоа нема у Мк.
Јас никаде не видов ниту еден пофален збор само да се верглало за Плажите и нечистотијата која ја прават скопјани. Срамота сме ајде позз!
Љупчо, има решение и од Скопје да напунам гепек и да дојдам, работата не е во тоа. Работата е дека сакате да се споредувате со Грците, а ако ги тргнеме споредбите езеро/море на страна, можете за мал прст да им се фатите за односот продавач-купувач.
Зборуваш како никогаш во животот да не си бил во Грција, и не можеш ни да замислиш каков ноќен живот ми понуди Охрид викендов, абе за глава да се фатиш

Јас на пример кажав пофални зборови, за Св. Наум, и со план сум да се вратам таму.
Можам да кажам пофални зборови за чичкото што не возеше околу Св.Наум, навистина беше убава прошетка, башка и тој беше многу љубезен.
Ама тоа се две места и двајца луѓе, од 30 на кои им бев клиент овие 4 дена.
Епа не може двајца да знаат да работат, а 30 да не знаат, и после се жалите.
Мајка ми и татко ми беа пред 3 недели во Грција, платија апартман - значи - две спални соби, кујна, веце, тераса, паркинг, 24/7 топла вода - 170 евра. Беа тројца, тоа доаѓа околу 6 евра на ден по човек.
Епа да му се невиди, ама 6 евра се 360 денари.