leandra
Модератор
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.641
- Поени од реакции
- 38.562
Ако овие теми не се релевантен извор на број на незадоволни, да ги собереме овдешните+оние на електронските медиуми што коментираат. Од другата страна ќе ги ставиме позитивните коментари на неохриѓани. Може ли тоа да биде добра слика?тоа ми беше муабетот ... овие теми не се релевантен извор за бројот на незадоволни ... ако се пребројат членовите со негативни коментари наспроти бројот на гости, тој број ќе биде минимален ... а и се пишува и за најмала неправилност (што секако треба да се отстрани, ама никаде не е идеално), а не гледам тема за пофалби на Охрид па да споредиме ... секаде каде што сум бил имало случка на незадоволство од нешто ... еве кажете место за одмор каде било све идеално и никој не ве зафркнал за нешто, не сте платиле поскапо за нешто, не сте добиле тоа што сте платиле итн. јас мислам дека нема такво место ...
Бидејќи единствени што го бранат Охрид крваво на сите страни се самите Охриѓани. Ако бараме параметар за задоволство од туризам тогаш Охриѓани ќе бидат исклучени. Резултатите би биле поразителни.
Едно е нешто да ти смета, никаде не е идеално, но друго е да имаш генерално лошо искуство со туризам во Охрид. На сите да им сметаат истите ствари во Охрид, можно ли е некој да не се замисли дека има проблем? Нереално високи цени на смештај и услуга, негостопримливост, такси сообраќај и лошо уредени плажи. Оној дел на патишта и поврзаност не сте вие криви туку овие ќутуци кои ги гласаме.