Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
тоа ми беше муабетот ... овие теми не се релевантен извор за бројот на незадоволни ... ако се пребројат членовите со негативни коментари наспроти бројот на гости, тој број ќе биде минимален ... а и се пишува и за најмала неправилност (што секако треба да се отстрани, ама никаде не е идеално), а не гледам тема за пофалби на Охрид па да споредиме ... секаде каде што сум бил имало случка на незадоволство од нешто ... еве кажете место за одмор каде било све идеално и никој не ве зафркнал за нешто, не сте платиле поскапо за нешто, не сте добиле тоа што сте платиле итн. јас мислам дека нема такво место ...
Ако овие теми не се релевантен извор на број на незадоволни, да ги собереме овдешните+оние на електронските медиуми што коментираат. Од другата страна ќе ги ставиме позитивните коментари на неохриѓани. Може ли тоа да биде добра слика?

Бидејќи единствени што го бранат Охрид крваво на сите страни се самите Охриѓани. Ако бараме параметар за задоволство од туризам тогаш Охриѓани ќе бидат исклучени. Резултатите би биле поразителни.

Едно е нешто да ти смета, никаде не е идеално, но друго е да имаш генерално лошо искуство со туризам во Охрид. На сите да им сметаат истите ствари во Охрид, можно ли е некој да не се замисли дека има проблем? Нереално високи цени на смештај и услуга, негостопримливост, такси сообраќај и лошо уредени плажи. Оној дел на патишта и поврзаност не сте вие криви туку овие ќутуци кои ги гласаме.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
Бидејќи единствени што го бранат Охрид крваво на сите страни се самите Охриѓани.
а кој ќе те брани ако не самиот себе ... треба некој од Берово да ги брани? ... тоа ако си поминал убаво, не му е приоритет да го брани Охриѓанецот ... а зошто Охриѓани се бранат? ... зашто неправедно се генерализираат, се ставаат сите во ист кош, а не се сите такви ... дека ако еден човек нешто така прави тогаш се прави слика дека сите и секаде во Охрид е така ... е не е така ... на крај на краевите таков народ сме, во својата средина не се гледаат проблемите, ама во Охрид се бара идеалност ... во Скопје се е идеално и нема случки како во Охрид (со таксисти, со сместување пр. студенти, со покраднување на сметка, со скапотија во хотели и кафе барови итн.), тоа го има само во Охрид, нели ... во сите други градови се е идеално, само Охриѓани не чинат( и покрај тоа што има огромен број на лица од другите градови што идат во Охрид на работа во лето да ја искористат гужвата во кафе барови, како таксисти, келнери и придонесуваат за стварање на слика за Охриѓани иако не се Охриѓани) ...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
а зошто Охриѓани се бранат? ... зашто неправедно се генерализираат, се ставаат сите во ист кош, а не се сите такви ... дека ако еден човек нешто така прави тогаш се прави слика дека сите и секаде во Охрид е така ... е не е така ... на крај на краевите таков народ сме, во својата средина не се гледаат проблемите, ама во Охрид се бара идеалност ... во Скопје се е идеално и нема случки како во Охрид (со таксисти, со сместување пр. студенти, со покраднување на сметка, со скапотија во хотели и кафе барови итн.), тоа го има само во Охрид, нели ... во сите други градови се е идеално, само Охриѓани не чинат( и покрај тоа што има огромен број на лица од другите градови што идат во Охрид на работа во лето да ја искористат гужвата во кафе барови, како таксисти, келнери и придонесуваат за стварање на слика за Охриѓани иако не се Охриѓани) ...
На крајот на краиштата тоа е ваш личен проблем :) Вие меѓусебе треба да се разберете „лошите“ да ги превоспитате, гостопримството да го подигнете, цените да ги договорите, таксистите да ги фатите за уши итн. Никој не бара идеално, бара вредно за парите кои ги дава.

И ти не успеа да си покажеш со прст кон себе, па го сврти кон Скопјани. Тешко дека ќе се смени нешто додека имате ваков менталитет. Многу тешко.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
На крајот на краиштата тоа е ваш личен проблем :) Вие меѓусебе треба да се разберете „лошите“ да ги превоспитате, гостопримството да го подигнете, цените да ги договорите, таксистите да ги фатите за уши итн. Никој не бара идеално, бара вредно за парите кои ги дава.

И ти не успеа да си покажеш со прст кон себе, па го сврти кон Скопјани. Тешко дека ќе се смени нешто додека имате ваков менталитет. Многу тешко.
како што реков претходно, мене никој лично не ми се пожалил (човек кој ми дошол на гости, роднина, пријател, познаник) за да знам кого да превоспитувам, ако некако можам да превоспитам некого како мало дете и да се превоспитаме како нација (освен примерот со таксистот, ама било Охриѓанец со Охриѓанец и сами се превоспитале) ...
како да покажам со прст кон мене кога не сум таков каков што ме пратставувате дека сум, а и јас не работам со туристи нит имам профит од туристичката сезона ...
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
како што реков претходно, мене никој лично не ми се пожалил (човек кој ми дошол на гости, роднина, пријател, познаник) за да знам кого да превоспитувам, ако некако можам да превоспитам некого како мало дете и да се превоспитаме како нација (освен примерот со таксистот, ама било Охриѓанец со Охриѓанец и сами се превоспитале) ...
како да покажам со прст кон мене кога не сум таков каков што ме пратставувате дека сум, а и јас не работам со туристи нит имам профит од туристичката сезона ...
Знаеш што е најинтересно? Самите Охриѓани меѓу себе кога разговараат знаат дека се лоши домаќини, се кудат, си кажуваат што не чини, се до оној момент додека во муабет не улета некој што не е од Охрид е тогаш настанува покољ баш со овие муабети кој ги направи ти досега. А јасно ми е дека знаете дека нешто треба да се менува, али на критика од страна земате штит и влагате во борба :)

Тоа е веќе Македонскиот менталитет кој сите го поседуваме. Моето можам да го кудам само јас. Ако некој друг се обиде да критикува го бранам до последно. Се разбира овде не влегува владата која не ја бранам под нити еден основ макар и светов се распаднал.

Само проблемот е што Охрид и Скопје сите го чувствуваме како свој град.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
Добро е, дојдовме до заклучок дека имате проблем за кој знаете, али да не го коментираме :D
така е, дојдовме до заклучок дека имаме (и ти и јас) проблем, али само мојот да го коментираме :D
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
така е, дојдовме до заклучок дека имаме (и ти и јас) проблем, али само мојот да го коментираме :D
Ги коментираме и нашите иди во подфорум градови ќе видиш.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ги коментираме и нашите иди во подфорум градови ќе видиш.
само што ние не ги дочекуваме на нож тие што даваат критики.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.476
Поени од реакции
24.223
така е, дојдовме до заклучок дека имаме (и ти и јас) проблем, али само мојот да го коментираме :D
Кога темата ке биди Битола, Велес или Скопје ги губи туристите од кои преживува тогаш ке збораме за нашите проблеми како туристички места.
Ете слободно отвори тема со наслов Битола ги губи туристите од кои преживува и слободно критикувај како лежалките ни се скапи, Драгор не е доволно длабок и нема песочни плажи, кафето и другите пијачки ни се изгор, домаќините ебиветер, цените за сместување прескапи, во базенот водата не е доволно солена, планината нема доволно дрвја итн.
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.296
Поени од реакции
567
слободно критикувај како ... Драгор не е доволно длабок и нема песочни плажи, ... во базенот водата не е доволно солена, планината нема доволно дрвја итн.
токму така:)
--- надополнето: 5 август 2013 во 12:07 ---
Ги коментираме и нашите иди во подфорум градови ќе видиш.
во тој подфорум има и за Охрид и таму се коментира, а ова е башка :свиркам:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
токму така:)
--- надополнето: 5 август 2013 во 12:07 ---

во тој подфорум има и за Охрид и таму се коментира, а ова е башка :свиркам:
Ам немаме сите енѕеро, само Охрид има затоа е почестен со повеќе теми :)
 

Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
156
Поени од реакции
83
Значи бев во Охрид, почнувајќи од четврток до сабота, а беше планирано до понеделник. "Апартманот" како ти шо го велат, беше КАТАСТРОФА!! Си носевме за јадење бидејки се планираше таму да се готви, ама не испадна така заради што таму немаше буквално НИШТО за готвење(ни тенџерче, ни тавче...) само едно решо и едно мал мијалник кој шо беше поставен на шкафчина кои во секој момент можеа да паднат! Па така планот со готвењето отпадна и моравме да јадеме по ресторани, и испадна дупло поскапо... Од купатилото доаѓаше вода(по туњирање) во собата и се пливаше и ни беше страв да го пуштиме решото да не не ОТЕПА СТРУЈА!! Барем топла вода имаше во секое време... Потоа светилката прегоре, па се беше темница... Од околните ресторани доаѓаа секакви миризби, значи во "апартманот" ТАТНЕШЕ! Погрдо не си имам поминато, Охрид е направен за никаде... Не планирам повеќе да одам по "апартмани"!! Охриѓани не се луѓе за туризам!
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491

Оди на туризам со план самиот да си готви, извини ти не си турист. Турист оди некаде да се одмори, а не да ги носи домашните навики насекаде.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom