На интернет најдов неколку рецепти за домашно направени бисквити за кучиња кои што се прават многу лесно, брзо и со само неколку состојки. Ги испробав и сите кучиња што ги пробаа ги сакаат. Па еве ги рецептите:
Бисквити со беби каша
1 шоља брашно
1 шоља овесни снегулки
1 тегличка бебешка храна (овошна или со месо и зеленчук)
Сето ова е се замесува да се добие убаво, цврсто тесто, се расукува и со модла се вадат бисквити. Се пече на хартија за печење околу 20 минути.
Бисквити со путер од кикирики
2 шољи интегрално брашно
1 1/2 лажичка прашак за пециво
3 лажици путер од кикирики
1 шоља топла вода
Путерот од кикирики убаво да се измеша во топлата вода, да стане како каша. Потоа се меша со брашното и пецивото, се меси тесто, се развлекува, се вадат форми и се печат додека да заруменат.
Сладолед за кучиња
Ова е супер е летните горештини
4 шољи јогурт
3 помеки банани
3 лажици путер од кикирики
Сето ова убаво се пасира и се става да се замрзне. Јас го ставив во садови за коцки мраз и после му вадев по 3-4 коцки за едно јадење.
Инаку последниов пат сама си направив путер од кикирики, така доаѓа дупло поефтино. Од пазар купив несолени кикирики за колачи и ги сомлев во блендер додека не се направи путер и готово.