Дали сте завидливи?

S

StereoLove

Гостин
На никого не завидувам зошто никој не е нешто повеке од мене.Доколку успее во некоја работа,нормално ке му посакам срека за понатаму и ке бидам срекна.
За жал има многу завидливи луге,тоа е:toe:Мислат дека со тѕоа ке добијат нешто ама џабе.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Сакам да верувам дека не сум завидлив. Но, имало моменти кога сум бил непријатно изненаден од сопствените реакции, кои за среќа не се бројни. Значи се вбројувам во групата на помалку завидливите или не толку завидливите. Мислам дека не постои некој кој никогаш никому не завидел за нешто.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
5
Се трудам што поретко да имам чуство на завист.Моментите кога сум завидлив е тогаш кога ќе видам дека некој успеал незаслужено.Истотака,сум завидлив и на оние кои не се поставиле добро спрема мене,т.е кога ќе се наполнам со гнев кон нив..:)
 

Кент

Професионалец
Член од
16 февруари 2010
Мислења
255
Поени од реакции
15
Завист? Непозната именка за мене. Иако сум бил опкружен од луѓе кои ми завидувале па дури се обидувале и да ме поткопаат или имитираат. Тажно е кога ќе видиш такви lowlife личности.

За среќа во моментов не сум опкружен од такви... Или така мислам:wink:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
:pos:видете му фаца на крај- пред заплачување е :pos:

 
Член од
2 јуни 2013
Мислења
83
Поени од реакции
42
Ima luge koi me imitiraat ama na nikoj ne zaviduvam ili nekoj ke reci "jas sum selena" tolku mi e glupe abe coek ti si ti takov si se rodil nemozis da bides kako nekoj drug :)
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.743
Поени од реакции
4.506
Тоа е онаа од тие теми каде сите сме светци, безгрешни и не, ние никогаш не го правиме тоа. А сепак надвор во реалноста се соочуваме со милион такви луѓе. Кој апсурд. Само најдобрите се собрани на кајгана.

Да не се лажеме, во одредени ситуации сите сме се фатиле како нѝ е криво што некој постигнал повеќе од нас, а свесни сме дека имаме поголеми квалитети од него. Дури и кога неправдата е таа што нè тера да завидуваме, сепак сме завидливи. Сите.
Мислам дека си ја промашила поентата на темава.Вистина е дека сите сме завидливи кој помалку кој повеќе, но барем според мене мислам дека целта на оној кој ја отворил темата беше дали сме премногу завидливи така што таа завидливост би била штетна за нас и оние кои ни се блиски.

Он топик:
За мене можам да кажам дека сум завидлив инстинктивно т.е во дел од секундата и после тоа или сум среќен што некој успеал или едноставно не ми е гајле и заборавам.


Do not overrate what you have received, nor envy others. He who envies others does not obtain peace of mind.
П.С Завидливоста е како отров те јаде одвнатре, а немаш ама баш никаква корист од неа.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Мислам дека си ја промашила поентата на темава.Вистина е дека сите сме завидливи кој помалку кој повеќе, но барем според мене мислам дека целта на оној кој ја отворил темата беше дали сме премногу завидливи така што таа завидливост би била штетна за нас и оние кои ни се блиски.
Прашањето во воведниот пост е следново:

Сте се осетиле дека сте му завиделе на некој во некоја ситуација,за попосле да се усрамите од вашата реакција?
Со ова се поставува прашањето дали некогаш сте завидувале, а потоа сте се засрамиле од тоа, што всушност подразбира каење заради таквото чувство. А потенцијал за да го почувствуваме имаме сите и сме го почувствувале сите. Разликата е дали ќе остане само на чувство (по кое следува каење и самопрекор во стилот: зошто ми се случува ова?) или зависта ќе покрене постапки против личноста на која ѝ завидуваме. Ама не се разви толкава дискусија на темава.

Патем, доволно долго сум на форум за да ми се случи промашување на тема. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom