Заборавена Македонија (Егејска, Пиринска Македонија)

  • Креатор на темата Флеш
  • Време на започнување
Ф

Флеш

Гостин
Гледам дека нема ваква тема каде што ќе се збори баш конкретно за овие делови на Македонија .... искрено не ги познавам овие делови на Македонија како изгледаат градовите ,каков менталитет .... сакам да осознаам какви биле луѓето од тие делови .... ме интересираат како изгледаат градовите ,природните делови ме разбирате .... има една прекрасна група на фејсбук ,Егејска Македонија .... навистина одлична група .... убави слики ... но за жал нема многу инфо што како за нив .....но за жал немам забележано за Пиринска Македонија .... како изгледаат тие природни делови,пејсажи,градови од тојдел на Македонија .... Па повелете оваа тема се надевам дека ќе добие популарност и ќе споделувате информации .... :)
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Епа сите малку знаеме друже... И јас имам многу другари што потекнуваат од селата во Егејска Македонија... Место за тоа да се прават документарци ма да и за нашите села треба има многу убавини на ова парче земја што никој не ги знае...

Наместо тоа од 1 сат до 4 сат секоја вечер на канал 5 се мота документарец за ВМРО... Тоа е...(n)
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Секое место има има своја посебна убавина, па така и Пиринска и Егејска Македонија. Штета што овие места нам ни се земени, иначе прекрасни места се, посебно селата од овие краишта. :)
 
Член од
14 март 2013
Мислења
57
Поени од реакции
13
мојто потекло е от Горно Броди(гр. сјар) от една страна и от гр. Кукуш, којто е изгорен до основи, от друга страна. после наште се преселват в пиринска македонија. много от бежанците се преселват в софија (ул. пиротска и кв. Илинден са основно населени от бежанци), пловдивско и дори в несеб'рско (гр.несеб'р, с. равда).
горно броди е наричано малката софија.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не да мрчам ама 90% од Македонците не си ја знаат Македонија(се мисли без Егејска и Пиринска), а камоли нешто повеќе.
Инаку убаво е доколку има некој документарец за овие заборавени делови да се сподели линк на темава.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Член од
14 март 2013
Мислења
57
Поени од реакции
13
Аз с'м от Петрич, живеја на ул. 28 Октомври. на 28 Октомври 1912 Петрич е освободен от турско робство. 101 години от Освобождението на Банско!
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Аз с'м от Петрич, живеја на ул. 28 Октомври. на 28 Октомври 1912 Петрич е освободен от турско робство. 101 години от Освобождението на Банско!
некое фото од Петрич, ама не од интернет - твои фотографии
 
Член од
14 март 2013
Мислења
57
Поени од реакции
13
това е квартал Виздол
това е изглед к'м с. П'рвомај и пл. Огражден посока Р. Македонија
местността Рупита изглед к'м Кожух планина
с. јаково, Огражден планина
гр. Петрич /старија цент'р/ к'штата нај-отпред е била полицејско управление и пожарна
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.192
Македонците во Грција се
пребројани

Според податоците на Канзуров, речиси 30 отсто од жителите на регионот се Македонци, меѓу 600 и 720 илјади, што е од пет до седум отсто од вкупното население во Грција





ЗОШТО ЃОРЃИ КАНЗУРОВ ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ГРЦИЈА

Процентот на етнички Македонци во Егејска Македонија е речиси ист како пред повеќе од 100 години, кога таа територија сѐ уште не била дел од грчката држава, тврди Ѓорѓи Канзуров, активист за човековите права на Македонците во Грција, во својата книга „Достоинствено опстојуваме“. Канзуров, кој истражувал шест години пред да ја напише книгата, од 2006 до 2012 година, го постигнал во Грција тоа што сѐ уште не е постигнато во Македонија - ги пребројал Македонците. Ги посетувал селата, разговарал со жителите, ги прибирал статистичките податоци од пред еден век до денес итн. Сѐ на сѐ, според него, и тогаш и сега речиси 30 отсто од жителите на регионот се Македонци, меѓу 600 и 720 илјади, што е од пет до седум отсто од вкупното население во Грција.



Се смета дека во западниот дел на Егејска Македонија има најмногу Македонци

- Од вкупно 470 населени места во кои живеат Македонци, посетив 220. Ги следев миграциско-статистичките движења, користев разни извори и на крајот составив околу 600-700 табели. Работев за да заработам за патувањата и за истражувањето. За ова прашање сите главно зборуваат за минатото, но јас решив моето внимание да го насочам кон сегашноста, кон денешното жилаво, тешко, но достоинствено опстојување на Македонците - вели Канзуров за својот труд.

Но објавувањето на неговиот труд го чинело повеќе отколку само трошоците за истражување и за печатење. Во средината на септември, кога се обидел повторно да ја премине грчката граница и да го посети своето родно село Сетина во Леринско, рампата се спуштила за него.

- На другите што беа со мене во автомобилот им дозволија да продолжат, но не и на мене. Ми рекоа дека сум бил на листата како закана за грчката безбедност. Беа љубезни кога ми го соопштија тоа. Ни јас не се противев. Знаев дека не е до нив, тие само ги извршуваат своите задачи. Ги поздравив со зборовите: „Да ви е жива вашата демократија“ - се присетува Канзуров.

ИЗДРЖАЛЕ МНОГУ ИСЕЛУВАЊА И ИСТРЕБУВАЊА

Авторот во еден дел дава историски пресек, со податоци од почетокот на 20 век, податоци за миграциските движења од Балканските војни, за доброволната размена на население меѓу Бугарија и Грција и меѓу Турција и Грција и други. Според овие податоци, во 1900 година Егејска Македонија имала 1.163.477 жители, од кои 326 илјади Македонци-христијани и 41 илјада Македонци-муслимани. Како една третина од населението, тие биле најмногубројни, пред Грците, кои биле 20 отсто. Најмногу ги имало во Воденско, Костурско, Леринско, Валовишко, Ениџевардарско, Кукушко, а помалку во Солунско и во други региони.



Во Леринско сè уште се говори македонскиот јазик

Потоа се споменуваат податоците од Карнегиевата меѓународна анкетна комисија од 1913 година, по Балканските војни. Пишува дека околу 30 илјади Македонци се иселиле за време на тие војни и уште толку додека траела Првата светска војна, но, како што заклучува авторот, и натаму останале меѓу 270 и 300 илјади. Над 86 илјади се иселиле од 1913 до 1928 година, а околу 10 илјади биле убиени. Пред грчко-италијанската војна, се наведува во книгата, во 1940 година бројот на Македонци се движел меѓу 300 и 320 илјади, па ако меѓу 1941 и 1949 година тој се намалил за 55.000, околу 275 илјади останале, односно околу 16 отсто.

Со своите анализи авторот утврдил дека во 1913 година во Егејска Македонија имало 315.789 етнички Македонци, а во 2011 година меѓу 600.644 и 727.912. Тоа е меѓу пет и седум отсто од вкупниот број население во Грција. Македонците ги идентификувал преку говорот и фолклорот, и тоа песните, ората, формата и имињата на ората, инструментите, како и по поетското и прозното творештво.

ПОДАТОЦИ ЗА СЕКОЕ СЕЛО

Канзуров на овој начин дошол до заклучок дека во 2012 година во Егејска Македонија има три области, десет окрузи, 39 општини и 470 населени места, во кои живеат Македонци и го говорат македонскиот јазик. За нив вели дека ја негуваат својата култура во семејствата или во месните културни друштва. Има, како што вели, и грцизирани етнички Македонци што живеат во градските центри и во населените места каде што грчките доселеници биле мнозинство. Повозрасната генерација, додава, го знае и го употребува македонскиот јазик, а помладата, под 25 години, го препознава, но помалку го употребува.
Анализите на податоците покажале дека во 2001 година Егејска Македонија има 2.424.765 жители, од кои од 19,04 до 24,09 отсто се со македонски етнички идентитет, односно од 460.642 до 582.912. Во 2011 година имало 2.393.450 жители, од кои од 20,9 до 27,2 отсто со етнички македонски идентитет, односно од 454.562 до 570.091. На таа бројка тој ги додава неевидентираните грцизирани етнички Македонци, околу 140-145 илјади, и добива од 600 до 727 илјади, односно од 25 до 30 отсто. Најмногу во западниот дел, до 30 отсто, во централниот до 25 отсто, а во источниот до 11 отсто.

И не застанува тука. Во книгата може да се најдат податоци што авторот ги собрал за сите населени места со Македонци, со опис каде се наоѓаат, што им се случувало низ историјата во последниве стотина години и друго. Забележани се и со македонското и со грчкото име. На пример, за Попово или Мирјофтион, се вели дека е на околу четири километри источно од Дојранско Езеро и дека пред Балканските војни имало 360 Македонци и 40 Турци, но дека и во 2001, од 794 жители, околу 70 отсто се со македонски идентитет. Потоа, Балџа или Мелисохорион е опишано како село на 18 километри северно од Солун, во кое пред Балканските војни живееле 1.700 Македонци, но тие се погрчени и се чувствуваат како Грци. Таму се населиле само 10 доселенички семејства. За ова место авторот вели дека сите жители се етнички Македонци, но патријаршисти и со грчка национална свест. Понатаму, Бања или Лутрохорион е во воденско-пазарското поле и има 483 жители, од кои, според Канзуров, 170 се Македонци. Сите податоци се распоредени според регионот, општината и населеното место.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111014108461&id=9&setIzdanie=23318
 
Ф

Флеш

Гостин
Според Димитрис Јоану,вториот најважен лидер на Македонците од Егејска Македонија после Павле Филипов(Васкопулос),бројката е проценета на околку 3 00 етнички чисти села само во Егејскиот дел на Македонија. Ако сметаме едно село во Егејска е 1000 жители по едно село,доаѓаме од бројка од
300 илјади етнички Македонци скоцентритани само во Егејска,но тие села не се едноставни и зафрлени како во Македонија,туку тие се доста развиени со патови и инфраструктура . Се смета дека оваа бројка може да биде поголема за +100 илјади поради миграција и движење во другите делови на Грција . Да го најдам видеото од излагањето на Јоану и Чепреганов на дебатата на Штипскиот универзитет Гоце Делчев и ќе прикачам на темава .


 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.524
Поени од реакции
34.673
823001-MKD.MK.jpg

„ На границата меѓу Чешка и Полска, во барокниот замок Линхартови и градот Крнов е поставена изложба од Георги Дуртаноски која вклучува уметничка инсталација на отворено со 20.000 црвени стапалки кои ги симболизираат крвавите стапалки на децата прогонети од своите домови во Егејска Македонија со испишано име и презиме на секое протерано дете заедно со името на неговото родно место со македонски топоним.“


ристо лукија изложба.JPG


ташкент василка.jpg
 
Последно уредено:

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.861
Поени од реакции
7.242

Za poveke videa imate na kanalot od pangaurot vo Vevi egejska Makedonija poleka no sigirno se osloboduvaat Makedoncite na egejot steta so mnogu gi asimiliraa posle Voden edino ovie tuka do Lerin uste se drzat se nadevam deka sega za Kolede ke ima pak sobir na nasite vo ovaj kraj
 

Kajgana Shop

На врв Bottom