Ова е само уште еден пример за тоа што им следува на лекарите и на пациентите во држава со социјализирана медицина. Државни болници, државни клиники, државни поликлиники, државни амбуланти, само 1 (ЕДЕН) факултет за медицина, а и тој државен, ова е резултатот.
Да, приватно е поскапо, но и поквалитетно, а откако ќе се плати еднаш приватно здравствено осигурување, во нормална држава понатамошните премии би требало да бидат прифатливи за секојдневниот смртник.
Но ова важи за нормалните држави, а Македонија, земјата на чудата, не спаѓа меѓу нормалните држави, а случајот со оваа 34 годишна лекарка Ана Крстевска, е само уште еден пример за тоа.
Друг пример е мојот лекар, кој за да не го откријам индиректно, ќе спомнам дека потекнува од арапска држава, односно од блискиот исток, а има браќа низ Европа кои исто така се занимаваат со барани професии, има своја приватна општа ординација, но се мисли каде да се сели, дали во Словенија или во Дубаи.
Словенија е држава членка на НАТО и на ЕУ, му нудат 1.000 евра или 2.000 евра плата, не помнам точно, но човекот е образован, се разбира од повеќе јазици, вклучувајќи го и неговиот мајчин јазик - арапскиот, поради што повеќе го привлекува Дубаи, каде што му нудат 3.000 евра плата, а бидејќи е муслиман, нема да има никакви проблеми во тоа општествено уредување, а сите знаеме каков емират е Дубаи.
Од друга страна, ако остане во Македонија, го чекаат уште поголеми давачки и уште поголем рекет од страна на државата. Му бараат 1.000 евра за да посетува курс за користење на некој уред кој се користи при преглед во општа ординација, а за кој веќе има сертификат бидејќи го посетувал тој курс и го положил додека бил на специјализација во Државна Болница. Но државата не ја интересира неговата одамна завршена специјализација, бара од човекот повторно да го плати курсот, повторно да го следи истиот тој курс, и повторно да полага за повторно да го извади истиот сертификат што му бил издаден кога го положил курсот додека бил на специјализација во Државна Болница. Тоа е исто како државата да бара повторно да полагате за истата категорија на возачка дозвола за која одамна сте положиле.
Американците допрва ќе откријат што е тоа социјализирана медицина, озлогласениот закон за задолжително здравствено осигурување кој го воведе владата на Барак Хусеин Обама, ќе резултира токму со вакви последици и во САД, не веднаш, но за 10 или 15 години американците ќе ги почувствуваат последиците од ваквиот идиотизам.
А зошто обрнувате внимание на ваквите лаги ?
Не гледате дека лекарите од приватното здравство се враќаат во јавното здравство ?
Претпоставувам дека ова нема никаква поврзаност со вработувања по партиска и/или по етничка линија и дека нема никаква поврзаност со фактот дека државата враќаше лекари од пензија за да пополни празни места во болниците, клиниките, поликлиниките и амбулантите.
И се разбира, ова нема никаква поврзаност со фактот дека имаме министер за здравство кој отворено и јавно признава дека не е лекар по професија, туку е менаџер, кој очигледно ја усовршува менаџерската тактика на изненадувачки инспекции до нови нивоа и инсистира да вработува луѓе со висок коефициент на интелигенција.
http://www.sitel.com.mk/mk/45-lekari-se-vratija-vo-javno-zdravstvo-startuvaat-na-1-avgust-0
45 лекари се вратија во јавно здравство, стартуваат на 1 август